Прашање за Христијанството III

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Во православното христијанство, строго е забрането лихварството па дури и легалната лихва. Ако некој даде на заем, не мора да го бара назад вратеното, а уште помалку да бара камата/лихва за позајмицата, а оној кој земал на заем, пожелно е да го врати позајменото, оти не е негово. Невраќањето позајмица е еден вид на елегантно крадење туѓ имот.

Според учењето од Црквата, благословено е само она кое е заработено со личен труд, а не со кратење од туѓиот труд или имот.
Познавам поп во Битола, кој дава пари со камата. Не се зафркавам, и не претерувам. Комшија ми е.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149

Зошто тогаш митрополитите почнаа да стануваат лихвари? И кај нас црковните лица уживаат во најразлични луксузи, додека огромен дел од обичниот народ едвај сврзува крај со крај за основни средства за преживување. Нели е пологично црковните лица да сочувствуваат со сиромашните, така што тие пари што ги трошат за личен луксуз, да ги трошат на тие што немаат пари за леб да јадат? Или побитен им е луксузот?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто тогаш митрополитите почнаа да стануваат лихвари?
Колку митрополити почнале да лихварат? Еден, двајца, многумина, малкумина?...
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 15:51 ---
И кај нас црковните лица уживаат во најразлични луксузи, додека огромен дел од обичниот народ едвај сврзува крај со крај за основни средства за преживување.
И јас секој ден гледам сиромаштија, која ја мрази Грција а која (сиромаштија) ќе го помине летниот одмор на Халкидик.

За која сиромаштија прајме муабет?
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 15:52 ---
Нели е пологично црковните лица да сочувствуваат со сиромашните, така што тие пари што ги трошат за личен луксуз, да ги трошат на тие што немаат пари за леб да јадат?
Да, е‘ пологично, па почни од себе и почни да раздаваш по сиромашните кои ги знаеш лично.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 15:53 ---
Познавам поп во Битола, кој дава пари со камата. Не се зафркавам, и не претерувам. Комшија ми е.
И јас знам еден свештеник, кој јадел ќотек затоа што почнал да се „петља„ со бизнис а не со она за кое е повикан....
 
Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149
Колку митрополити почнале да лихварат? Еден, двајца, многумина, малкумина?...
Јас немам видено поп во Македонија без сопствен скап автомобил, без неколку катна куќа и со помалку од 100 кг. тежина на телото, а од друга страна на тие што им ги собираат и тие малку пари, им се бројат ребрата на телото.

И јас секој ден гледам сиромаштија, која ја мрази Грција а која (сиромаштија) ќе го помине летниот одмор на Халкидик.

За која сиромаштија прајме муабет?
Ти сметаш дека овие луѓе, кои од ден на ден се повеќе ги има по улиците во МК, имаат пари да одделат за одмор во Грција?

а од ден на ден се повеќе тие црковни лица стануваат лихвари, се подновуваат со нови автомобили, куќи, станови.. пијаат луксузни и скапи пијалоци...

И уште тоа го оправдуваш? Некој да има луксузен живот на сметка на сиромашен народ?

Да, е‘ пологично, па почни од себе и почни да раздаваш по сиромашните кои ги знаеш лично.
Јас не сум црковно лице, ниту пак сум религиозен, но барем не им одмагам на тие сиромашни за јас да имам скапи автомобили, куќи, да пијам скапи пијалоци... Дури и им помагам со по некој денар на сиромашните, кога ќе ме замолат на улица.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас немам видено поп во Македонија без сопствен скап автомобил, без неколку катна куќа и со помалку од 100 кг. тежина на телото,
.
Алал да Ти е на вештината во наоѓањето туѓи раски, и алал да Ти е на слепилото, во неможењето (несакањето) да ги видиш своите греди...
И јас знам еден куп попови, но никој од нив нема скап автомобил, туку користен и купен „на старо“ и немаат 100 кила, туку нормална тежиниа.

Твоите попови мора да се некои имагинарни, производ одТвојатаа омраза кон свештенстовото.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:07 ---
Ти сметаш дека овие луѓе, кои од ден на ден се повеќе ги има по улиците во МК, имаат пари да одделат за одмор во Грција?

.
Да ми покажеше и некоја фотка од гладните од Етиопија и Сомалија, ќе беше уште поубедлив.
И дај, жив Ти све, не ми подметнуј реторички прашања...

А ако Ти е толку жал за ликовите од фоткава, оди продај го својот имот и раздели им го, да Те видам....:sneaky:
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:09 ---
а од ден на ден се повеќе тие црковни лица стануваат лихвари, се подновуваат со нови автомобили, куќи, станови.. пијаат луксузни и скапи пијалоци...

И уште тоа го оправдуваш? Некој да има луксузен живот на сметка на сиромашен народ?

.
Ако ги вадиш нешата од контекст, не значи дека си дошол до вистината.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:10 ---
Јас не сум црковно лице, ниту пак сум религиозен, .
Тогаш, седи си мадро и не брмчи наоколу...
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:11 ---
но барем не им одмагам на тие сиромашни .
...што автоматски значи дека не им ни помагаш, ама затоа не ја затињаш устата кога се поповите во прашање.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:12 ---
Дури и им помагам со по некој денар на сиромашните, кога ќе ме замолат на улица.
Алал да Ти е, затоа гледам дека сиромаштијата во Македонија изчезнала...
 
Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149
Да ми покажеше и некоја фотка од гладните од Етиопија и Сомалија, ќе беше уште поубедлив.
И дај, жив Ти све, не ми подметнуј реторички прашања...
Не ти подметнувам реторички прашања, тоа е реалноста, која што ти за жал не сакаш да ја видиш. Ние збориме за Македонија, за македонските попови кои на секој можен начин влечат пари за сопствен луксуз од сиромашното и не толку сиромашното население. Знаеш ли ти колку е иронично коа ги гледаш оние од типот на господин господин стефан и владика петар како се возат во лимузини и џипови, насмеани до гуша, најадени, напиени, па и уше излегуваат јавно да праат некои кампањи за да го прават обичниот народ уште порелигиозен за повеќе и повеќе да остава пари по црквите? А од друга страна плоштадите и контењерите се полни со луѓе кои бараат било какви средства за само да преживеат? И ти тоа го сметаш за човечко однесување?
Па секој нормален човек кој има барем малку човечност во него би посакал да фрли бомба на тие такозвани црковни лица во Македонија. АЛО!
А ако Ти е толку жал за ликовите од фоткава, оди продај го својот имот и раздели им го, да Те видам....:sneaky:
Јас мојот имот и моите финансии не сум ги заработил и не ги заработувам на сметка на таквите ликови. Но, со моите неколку денари кои кога и да излезам, хумано ги давам на тие што ќе ме замолат, сепак повеќе им помагам од господин господин стефан, владика петар и сличните на нив.
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Na poglavarot na mpc mu se obrakaat so titulata "gospodin gospodin"
Dali e napisano vo nekoj pravilnik na mpc na poglavarot da mu se obrakaat so "gospodin gospodin"?
Dali moze i na poglavartei na drugite crkvi a i na ivz da im se obrakaat so "gospodin gospodin" ?
Dali toj poveke vredi od drugite luge pa mu se obrakaat so dvapati gospodin?

Moze li ednostavno da si go vikame "cicko Stefan"?
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 20:20 ---
Na poglavarot na mpc mu se obrakaat so titulata "gospodin gospodin"
Dali e napisano vo nekoj pravilnik na mpc na poglavarot da mu se obrakaat so "gospodin gospodin"?
Dali moze i na poglavartei na drugite crkvi a i na ivz da im se obrakaat so "gospodin gospodin" ?
Dali toj poveke vredi od drugite luge pa mu se obrakaat so dvapati gospodin?

Moze li ednostavno da si go vikame "cicko Stefan"?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Се разбира дека можеш. Но ако си лојален следбеник на верската заедница МПЦ, тогаш таму си постои правилник за тоа како треба да им се обраќаш т.е. како да ги чевствуваш сите титули од хиерархијата во таа организација.
На пример кога се збори за архиепископот Стефан, православните велат „неговото блаженство“, а ако сакаш нему да му се обратиш, велиш: Ваше Блаженство (пошо тој според нив е блажен).
На митрополитот му се обраќаат со „ваше високопреосвештенство“, а на епископот (владиката) со „ваше преосвештенство“.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Но, со моите неколку денари кои кога и да излезам, хумано ги давам на тие што ќе ме замолат, сепак повеќе им помагам од господин господин стефан, владика петар и сличните на нив.
Јас сум трогнат од Твојот хуманизам (и ренесанса) покажани кон просјаците, а посебно сум трогнат од тие неколку денари, со кои напросто ги решаваш сите социјални прашања од уличните питачи...
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 22:59 ---
од сиромашното и не толку сиромашното население.
Ах да, сега покрај целата македонска сиромштија, која тешко се забележува, ја воведуваш и категоријата „...не толку сиромашно население...„. Сигурен сум дека до сабајле, ќе почнеш да ги споменуваш и македонските тајкуни.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 23:01 ---
Знаеш ли ти колку е иронично коа ги гледаш оние од типот на господин господин стефан и владика петар како се возат во лимузини и џипови, насмеани до гуша, најадени, напиени, па и уше излегуваат јавно да праат некои кампањи за да го прават обичниот народ уште порелигиозен за повеќе и повеќе да остава пари по црквите? .
Не, не знам „...колку е тоа иронично...„, затоа што епископот и владиките имаат своја улога во Црквата и меѓу народот.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 23:02 ---
А од друга страна плоштадите и контењерите се полни со луѓе кои бараат било какви средства за само да преживеат? .
Па токму затоа и Ти велам: продај го сиот Твој имот или раздај го на сиромасите. Ќе можеш? :sneaky:
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 23:03 ---
Па секој нормален човек кој има барем малку човечност во него би посакал да фрли бомба на тие такозвани црковни лица во Македонија.
.
За вакви изјави, у покултурни земји се иде на суд и на робија...:icon_lol:
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 23:05 ---
Moze li ednostavno da si go vikame "cicko Stefan"?
Може, како не можело...А Г.Г Стефан му е брат на татко Ти, така?...:unsure:
 
Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149
Се разбира дека можеш. Но ако си лојален следбеник на верската заедница МПЦ, тогаш таму си постои правилник за тоа како треба да им се обраќаш т.е. како да ги чевствуваш сите титули од хиерархијата во таа организација.
На пример кога се збори за архиепископот Стефан, православните велат „неговото блаженство“, а ако сакаш нему да му се обратиш, велиш: Ваше Блаженство (пошо тој според нив е блажен).
На митрополитот му се обраќаат со „ваше високопреосвештенство“, а на епископот (владиката) со „ваше преосвештенство“.
Дали блаженството Стефан, тоа што се вози по луксузни автомобили, има 150 кила (отприлика), пие скапи пијалоци, секогаш е насмеан и задоволен, го прави неверник? Зашто сега многу тажни луѓе висат надвор по контењери, питаат по плоштадите со цел да соберат доволно средства за преживување. Нели христијанството се залага верниците да сочувствуваат и да го делат тоа што го имаат со сиромашните?(бар мене моите така ме учеле) Нели едно црковно лице како блаженството Стефан може од своите 150 кг да одели, и да му даде на некој што има недостаток на тежина? Нели може и он да иде пешки, како што можат и многу други? Или, факт е дека тој е неверник а сепак треба да му оддаваме почит со господин господин или блаженство?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јас немам видено поп во Македонија без сопствен скап автомобил, без неколку катна куќа и со помалку од 100 кг. тежина на телото, а од друга страна на тие што им ги собираат и тие малку пари, им се бројат ребрата на телото.
Епа си работат бе батка 24/7 и си имаат.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149
Епа си работат бе батка 24/7 и си имаат.
Објасни го начинот на работа со кој стигнуваат до толкави финансии? А потоа објасни дали има логика црковни лица, кои го претставуваат христијанството во Македонија, да живеат луксузен живот, додека надвор гледаат како огромен број на луѓе немаат доволно средства ни за преживување? Дали постапуваат според тоа што го налага христијанството?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали блаженството Стефан, тоа што се вози по луксузни автомобили, има 150 кила (отприлика), пие скапи пијалоци, секогаш е насмеан и задоволен, го прави неверник? Зашто сега многу тажни луѓе висат надвор по контењери, питаат по плоштадите со цел да соберат доволно средства за преживување. Нели христијанството се залага верниците да сочувствуваат и да го делат тоа што го имаат со сиромашните?(бар мене моите така ме учеле) Нели едно црковно лице како блаженството Стефан може од своите 150 кг да одели, и да му даде на некој што има недостаток на тежина? Нели може и он да иде пешки, како што можат и многу други? Или, факт е дека тој е неверник а сепак треба да му оддаваме почит со господин господин или блаженство?
Со ваквија прашања, обрати се у „христијанскиот трговски центар„ у Дебар Маало и ќе добиеш исцрпни одгвори, а може ќе добиеш и примерок од Светото Писмо, бесплатно, секако, у духот од христијанството, а може и ќе Те поканат на тест на Твојата емотивна интелигенција, од кој (тест) ќе заклучат дека со Тебе нешто не е у реду и дека под хитно треба да бидеш саниран...
 
O

Orion.

Гостин
Вршат ли православните попови егзорцизам? Како се постапува во православието во скучај на демонска опседнатост?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom