Во април месец купив од Play Store една аликација за блутут префрлање на звук, 1.20 евра, преку кредитна каричка. Случајно денес влегов на мојата банкарска сметка и гледам во понеделникот 2 долари повлечени од страна на Google.com со Description: GOOGLE.COM/CH GOOGLE *ParkingGames. Видов дека имам инсталирано Truck Parking 3D и дека во описот му стои in-app purchases, ама ниту ја имам играно играта, ниту пак сум внесувал кредитна каричка. Дали е можно google да го памти бројот на картичката од кога плаќав прв пат во април и сега на некој начин автоматски да си повлекува средства?!?