Прашања и одговори

Член од
7 август 2015
Мислења
5
Поени од реакции
2
Ми треба помош околу бирање на факултет. Мислам долго време што да запишам но пак сум во дилема меѓу неколку факултети. Размислувам помеѓу ФИНКИ, ПМФ или медицина. Можда контрадикторно факултетиве делуваат - од една страна технологија и компјутери од друга природни науки ама тоа е.
За тежина на факултетот не ми е проблем. Проблемот е во тоа што сакам да учам нешто што ќе биде интересно и тешко во исто време и знаењето да можам да го искористам за некоја добра работа. Еве посебно за факултетите што си размислував:
  • ПМФ - да идам биологија или физика бидејќи ме интересираат науки. Работа после тешко (така ми викаат) освен ако не магистрирам во странство или да бидам професор тука (што не сакам).

  • медицина - би одел општ доктор иако сеуште не знам што би специјализирал. Ми се допаѓа овој факс бидејќи доктори имаат сигурна работа но сепак можат да работат на истражувања што би правел со ПМФ. Единствен проблем е што (според пријатели) да одиш во странство со овој факултет е тешко освен ако не учиш дополнителни години па после да те примат.

  • ФИНКИ - добар сум со копјутери и со овој факултет одма ќе најдам работа само никогаш не сум се заинтересирал што точно можам да работам освен програмирање. Разгледував детално смерови и сл. и кога видов дека во сите смерови има програмирање се решив да научам дома да видам како е. Испадна дека програмирање воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да го работам тоа. За други професии не сум истражил многу и не сум упатен. Овој факултет ми е прв избор само зошто за другите факултети сите ми зборат дека тешко ќе најдам работа тука па и во странство.

Би сакал ваше мислење за тоа што да запишам. Ако можете да ми објасните што би можел да работам со ФИНКИ што не е досадно и пасивно или пак да ме предомислите за ПМФ или медицина би ви бил благодарен :)
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

Не иди на ФИНКИ штом не ти се допаѓа и не би сакал да го работиш тоа. Многу е едноставно. Замисли се како откако ќе дипломираш, до пензија работиш работа која те уништува и не можеш да ја поднесеш. Ќе ти го сјебе животот таквото секојдневие. Што ако си нашол работа, кога не си среќен, што живот е тоа? Такада стварите кои не те интересираат шкртни ги од одма, немој да се запишуваш на нешто што не го сакаш.

Другите два факултети не ги знам баш, но очигледно е дека тебе те интересираат. Па сега зависи што те интересира повеќе. Викаш со доктор имаш сигурна работа, а воедно и ти се допаѓа факултетот, како и работата која ја нуди. Сега тоа дали ќе завршиш во странство или не, никој не може да го знае, без разлика на кој факултет ќе се запишеш. Сепак професијата сама по себе си е високо-платена, а чим те исполнува јас би ти рекол ова да го избереш.

Бидејќи гледам какви науки те интересираат, јас на листава би ти додал и Фармацевство на Фармацевстки факултет. Ѕирни, разгледај го, може и тоа да ти се допадне :)
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.302
Поени од реакции
4.556
  • ПМФ - да идам биологија или физика бидејќи ме интересираат науки. Работа после тешко (така ми викаат) освен ако не магистрирам во странство или да бидам професор тука (што не сакам).
  • Биологија ни под разно не би ти препорачал. Ја завршив таму и не сакаш да знаеш со какви искомплексирани професори си имав работа. Кога дојде да се жалам од еден професор кај одговорните, од нив добив одговор епа сеа колега ќе видите какви всушност биле професорите и дали ви мислеле добро. :eek:
  • И прво што ме прашаа во деканат е кој ми бил татко, пошо замисли да бев дете на некој пратеник дали ќе се подјебаваа со мене како што тоа го направија. И кога му реков па ме оштети овој професоров, ми вика не е моја работа тоа????????????? Па чија работа е? Моите фрлија 10 000 евра за смештај и факс у 5 години и не била твоја работа????????? Разбра дека татко ми не е пратеник?
  • И сум бил добар дечко ќе забораев. :D
  • Ќе ти опишам се на приватна порака.
Од ПМФ би ти препорачал институт за хемија, посебно аналитичка хемија, пошо имам цимери двајца се вработија во странска фирма, за едниот сум 100% убеден дека е без врски, солидна почетна плата и како што добиваат искуство нормално и платата им се зголемува. Е сеа некогаш се погодува и сабота да работат трета смена, али дневницата е супер. Тогаш недела и понеделник и им се слободни.
Имав цимери и од институт за физика, едниот работи медицински физичар мислам у државна, неам некои други информации, не им ги сфаќав шегите шо ги кажуваа пошо сум дрво за физика.

Најважно од се, професорите на институт за хемија се професори и луѓе пред се за разлика од овие што ги напоменав и сум немал ама баш никакви проблеми со нив.
Наставата е многу поквалитетна и професорите немаат време да пуштаат Шекспир пораки на предавања, кои се со една цел, да ги импресионираат студентите и да чекаат у ред за да земат дипломска кај нив. Исто така, не сум чул да се оговараат меѓусебно цитирам ,,таа сите сплетки на институтот ги праи'' , ,,оваа другава е најголема комуњарка''.

Демонстраторите ти се прича за себе, лани завршил некој и сеа на мене да се учи и да ми покажува на вежби??????? Има квалитетни асистенти, а и професори, али се бројат на една рака.

Колешка ми зборуваше за 2 професорки кои седеле во библиотека и ги глеале индексите на студентите и коментирале овој од Виница шо бара тука, онаа од Струга провинцијалка, па и оној деканот кај го нашле од кукумјавчани или од кај и да беше.
Туку се распишав, за наставата и за она што ме снајде мене зашо не ќутев ... ко прав лав македонски ......................ко демонстратор, како што реков приватна порака.

Плус хемичар е на листата на барани професии во Шведска, Данска, Норвешка, Австралија, Нов Зеланд 100%, а верувам и во Америка, Канада и Германија.
Но, секогаш можеш да ги наредиш сите 10ки на биологија и неосетно да станеш демонстратор т.н професионален слуга, па и женска студетка да си фатиш како што напраи музата за сите мои коментари против ценетиот институт за биологија. :rolleyes:
Да не постоеше ќе требаше да го измислат.

Али настрана од голготата што ја преживеав на овој институт, се останато цвета на институтов. :D
Како што ми рече една од професорките што сме ние криви затоа што ти се случувало со професоров. Ако не сте криви ќе ја поправевте работата, а не его да си јачате на некој што не може да ви врати.
Ќе ти објаснам се на приватна порака, да не ја должиме темава.

Ќе добиеш документи како тоа стручњаците од инстутот изведуваат дипломски работи, сам ќе процениш колку тоа стручњаци со трудови објавени во списанија со импакт фактор, се замараат со студенти.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2015
Мислења
5
Поени од реакции
2
Не иди на ФИНКИ штом не ти се допаѓа и не би сакал да го работиш тоа. Многу е едноставно. Замисли се како откако ќе дипломираш, до пензија работиш работа која те уништува и не можеш да ја поднесеш. Ќе ти го сјебе животот таквото секојдневие. Што ако си нашол работа, кога не си среќен, што живот е тоа? Такада стварите кои не те интересираат шкртни ги од одма, немој да се запишуваш на нешто што не го сакаш.

Другите два факултети не ги знам баш, но очигледно е дека тебе те интересираат. Па сега зависи што те интересира повеќе. Викаш со доктор имаш сигурна работа, а воедно и ти се допаѓа факултетот, како и работата која ја нуди. Сега тоа дали ќе завршиш во странство или не, никој не може да го знае, без разлика на кој факултет ќе се запишеш. Сепак професијата сама по себе си е високо-платена, а чим те исполнува јас би ти рекол ова да го избереш.

Бидејќи гледам какви науки те интересираат, јас на листава би ти додал и Фармацевство на Фармацевстки факултет. Ѕирни, разгледај го, може и тоа да ти се допадне :)
Па не е баш дека не сакам ништо од ФИНКИ туку воопшто не сум информиран за можните гранки и професии. Програмирањето беше доста застапено како предмет па решив да го истражам и не ми се допадна.За неколку дена ќе зборам со професор од ФИНКИ за да ми разјасни повеќе ама искуства од прва рака се добредојдени :)

А фала и за предлогот, ќе разгледам за фармација ми спомнале и порано само сум заборавил да истражам.
 
Член од
8 август 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Me interesira dali so 6000-7000 denari se pominuva vo skopje mesecno ?
(studentski dom)
 
Член од
19 мај 2009
Мислења
17
Поени од реакции
20
Па не е баш дека не сакам ништо од ФИНКИ туку воопшто не сум информиран за можните гранки и професии. Програмирањето беше доста застапено како предмет па решив да го истражам и не ми се допадна.За неколку дена ќе зборам со професор од ФИНКИ за да ми разјасни повеќе ама искуства од прва рака се добредојдени :)

А фала и за предлогот, ќе разгледам за фармација ми спомнале и порано само сум заборавил да истражам.
Според ова што го имаше пишано и во претходниот пост, можеби ќе ти е интересно на ТМФ. Ѕирни им го сајтот. Јас сум втора година таму и доста ми беше интересно. Anyways, ако имаш прашања слободно пиши.

Sent from my ME173X using Tapatalk
 
Член од
7 август 2015
Мислења
5
Поени од реакции
2
Според ова што го имаше пишано и во претходниот пост, можеби ќе ти е интересно на ТМФ. Ѕирни им го сајтот. Јас сум втора година таму и доста ми беше интересно. Anyways, ако имаш прашања слободно пиши.

Sent from my ME173X using Tapatalk
Кој смер си на ТМФ? Мислев едно време да одам на биотехнологија ама голем акцент се дава на прехрамбена индустрија, а мене ме интересираат повеќе медицински/еколошки апликации. Сум бил на два натпревари на технолошки, тоа за наноматеријали и сум го разгледал факултетот.
 
Член од
19 мај 2009
Мислења
17
Поени од реакции
20
Кој смер си на ТМФ? Мислев едно време да одам на биотехнологија ама голем акцент се дава на прехрамбена индустрија, а мене ме интересираат повеќе медицински/еколошки апликации. Сум бил на два натпревари на технолошки, тоа за наноматеријали и сум го разгледал факултетот.
Јас сум втора година на инженерство на материјали и нанотехнологии. Инаку прехрамбена технологија и биотехнологија се два модули на иста насока и колку знам биотехнологија повеќе се фокусира на фармацевтски производи.

Инаку од секоја насока понатаму можеш да работиш на развој на медицински/еколошки апликации, единствено зависи од тоа што те интересира. Мојата насока фактички работи со сите други и имам предмети од сите насоки, така што можам да ти одговорам на прашањата и за другите насоки. Да не правам долг пост, само сакам да ти кажам дека прва година беше доста тешка и интересна, посебно ако си заинтересиран/а за тоа што го студираш. Ако имаш уште прашања слободно прашај
 
Па за смерови и предмети немора да те прашувам дека сум разгледал детално и сум бил во сите лаборатории на факултетот и ми делува многу интересно (лабораторијата за графен беше интересна и добро опремена, другите не баш). Единствено што ме интересира е за во иднина кои ми се опциите, познаваш ли некои кои завршиле и што работат сега? Доста луѓе што сум прашувал ми викаат дека ни во странство нема работа со биологија, а за тука да не збориме :icon_mrgr:
 
Со самото тоа што кога ќе дипломираш си инженер, има доста работа, дури и тука. Лично знам луѓе на кои им фалат квалитетни технолози. За странство претпоставувам дека е дури и подобро, како што слушав од колеги. Јас лично сакам да продолжам на магистерски по материјали и затоа немам детални информации околу тоа колку работа има во странство, но во секој случај знам дека за иднина не е проблем (освен ПТБ, сите други насоки сме по 15 души во генерација максимум и веројатно нѐ бараат затоа што сме дефицитарни )

Sent from my ME173X using Tapatalk
 
Член од
21 јули 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво. Сакам да прашам дали одземаат бодови за намалено (добро) поведение кога се запишуваш на факс. Доколку одземаат, колку?
Само една година имам намалено поведение.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.497
Поени од реакции
8.153
Дали мора нов извод, државјанство такви ствари? Или може со стар да се поднесат документи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom