- Член од
- 5 август 2015
- Мислења
- 7
- Поени од реакции
- 1
На 13ти и 14ти август се првите уписи.Лелелее абе знае ли некој кога почнуваат тие уписи, на која дата ???
На 13ти и 14ти август се првите уписи.Лелелее абе знае ли некој кога почнуваат тие уписи, на која дата ???
Не иди на ФИНКИ штом не ти се допаѓа и не би сакал да го работиш тоа. Многу е едноставно. Замисли се како откако ќе дипломираш, до пензија работиш работа која те уништува и не можеш да ја поднесеш. Ќе ти го сјебе животот таквото секојдневие. Што ако си нашол работа, кога не си среќен, што живот е тоа? Такада стварите кои не те интересираат шкртни ги од одма, немој да се запишуваш на нешто што не го сакаш.Ми треба помош околу бирање на факултет. Мислам долго време што да запишам но пак сум во дилема меѓу неколку факултети. Размислувам помеѓу ФИНКИ, ПМФ или медицина. Можда контрадикторно факултетиве делуваат - од една страна технологија и компјутери од друга природни науки ама тоа е.
За тежина на факултетот не ми е проблем. Проблемот е во тоа што сакам да учам нешто што ќе биде интересно и тешко во исто време и знаењето да можам да го искористам за некоја добра работа. Еве посебно за факултетите што си размислував:
- ПМФ - да идам биологија или физика бидејќи ме интересираат науки. Работа после тешко (така ми викаат) освен ако не магистрирам во странство или да бидам професор тука (што не сакам).
- медицина - би одел општ доктор иако сеуште не знам што би специјализирал. Ми се допаѓа овој факс бидејќи доктори имаат сигурна работа но сепак можат да работат на истражувања што би правел со ПМФ. Единствен проблем е што (според пријатели) да одиш во странство со овој факултет е тешко освен ако не учиш дополнителни години па после да те примат.
- ФИНКИ - добар сум со копјутери и со овој факултет одма ќе најдам работа само никогаш не сум се заинтересирал што точно можам да работам освен програмирање. Разгледував детално смерови и сл. и кога видов дека во сите смерови има програмирање се решив да научам дома да видам како е. Испадна дека програмирање воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да го работам тоа. За други професии не сум истражил многу и не сум упатен. Овој факултет ми е прв избор само зошто за другите факултети сите ми зборат дека тешко ќе најдам работа тука па и во странство.
Би сакал ваше мислење за тоа што да запишам. Ако можете да ми објасните што би можел да работам со ФИНКИ што не е досадно и пасивно или пак да ме предомислите за ПМФ или медицина би ви бил благодарен
- ПМФ - да идам биологија или физика бидејќи ме интересираат науки. Работа после тешко (така ми викаат) освен ако не магистрирам во странство или да бидам професор тука (што не сакам).
Па не е баш дека не сакам ништо од ФИНКИ туку воопшто не сум информиран за можните гранки и професии. Програмирањето беше доста застапено како предмет па решив да го истражам и не ми се допадна.За неколку дена ќе зборам со професор од ФИНКИ за да ми разјасни повеќе ама искуства од прва рака се добредојдениНе иди на ФИНКИ штом не ти се допаѓа и не би сакал да го работиш тоа. Многу е едноставно. Замисли се како откако ќе дипломираш, до пензија работиш работа која те уништува и не можеш да ја поднесеш. Ќе ти го сјебе животот таквото секојдневие. Што ако си нашол работа, кога не си среќен, што живот е тоа? Такада стварите кои не те интересираат шкртни ги од одма, немој да се запишуваш на нешто што не го сакаш.
Другите два факултети не ги знам баш, но очигледно е дека тебе те интересираат. Па сега зависи што те интересира повеќе. Викаш со доктор имаш сигурна работа, а воедно и ти се допаѓа факултетот, како и работата која ја нуди. Сега тоа дали ќе завршиш во странство или не, никој не може да го знае, без разлика на кој факултет ќе се запишеш. Сепак професијата сама по себе си е високо-платена, а чим те исполнува јас би ти рекол ова да го избереш.
Бидејќи гледам какви науки те интересираат, јас на листава би ти додал и Фармацевство на Фармацевстки факултет. Ѕирни, разгледај го, може и тоа да ти се допадне
Според ова што го имаше пишано и во претходниот пост, можеби ќе ти е интересно на ТМФ. Ѕирни им го сајтот. Јас сум втора година таму и доста ми беше интересно. Anyways, ако имаш прашања слободно пиши.Па не е баш дека не сакам ништо од ФИНКИ туку воопшто не сум информиран за можните гранки и професии. Програмирањето беше доста застапено како предмет па решив да го истражам и не ми се допадна.За неколку дена ќе зборам со професор од ФИНКИ за да ми разјасни повеќе ама искуства од прва рака се добредојдени
А фала и за предлогот, ќе разгледам за фармација ми спомнале и порано само сум заборавил да истражам.
Кој смер си на ТМФ? Мислев едно време да одам на биотехнологија ама голем акцент се дава на прехрамбена индустрија, а мене ме интересираат повеќе медицински/еколошки апликации. Сум бил на два натпревари на технолошки, тоа за наноматеријали и сум го разгледал факултетот.Според ова што го имаше пишано и во претходниот пост, можеби ќе ти е интересно на ТМФ. Ѕирни им го сајтот. Јас сум втора година таму и доста ми беше интересно. Anyways, ако имаш прашања слободно пиши.
Sent from my ME173X using Tapatalk
Јас сум втора година на инженерство на материјали и нанотехнологии. Инаку прехрамбена технологија и биотехнологија се два модули на иста насока и колку знам биотехнологија повеќе се фокусира на фармацевтски производи.Кој смер си на ТМФ? Мислев едно време да одам на биотехнологија ама голем акцент се дава на прехрамбена индустрија, а мене ме интересираат повеќе медицински/еколошки апликации. Сум бил на два натпревари на технолошки, тоа за наноматеријали и сум го разгледал факултетот.
Па за смерови и предмети немора да те прашувам дека сум разгледал детално и сум бил во сите лаборатории на факултетот и ми делува многу интересно (лабораторијата за графен беше интересна и добро опремена, другите не баш). Единствено што ме интересира е за во иднина кои ми се опциите, познаваш ли некои кои завршиле и што работат сега? Доста луѓе што сум прашувал ми викаат дека ни во странство нема работа со биологија, а за тука да не зборимеЈас сум втора година на инженерство на материјали и нанотехнологии. Инаку прехрамбена технологија и биотехнологија се два модули на иста насока и колку знам биотехнологија повеќе се фокусира на фармацевтски производи.
Инаку од секоја насока понатаму можеш да работиш на развој на медицински/еколошки апликации, единствено зависи од тоа што те интересира. Мојата насока фактички работи со сите други и имам предмети од сите насоки, така што можам да ти одговорам на прашањата и за другите насоки. Да не правам долг пост, само сакам да ти кажам дека прва година беше доста тешка и интересна, посебно ако си заинтересиран/а за тоа што го студираш. Ако имаш уште прашања слободно прашај
Со самото тоа што кога ќе дипломираш си инженер, има доста работа, дури и тука. Лично знам луѓе на кои им фалат квалитетни технолози. За странство претпоставувам дека е дури и подобро, како што слушав од колеги. Јас лично сакам да продолжам на магистерски по материјали и затоа немам детални информации околу тоа колку работа има во странство, но во секој случај знам дека за иднина не е проблем (освен ПТБ, сите други насоки сме по 15 души во генерација максимум и веројатно нѐ бараат затоа што сме дефицитарни )Па за смерови и предмети немора да те прашувам дека сум разгледал детално и сум бил во сите лаборатории на факултетот и ми делува многу интересно (лабораторијата за графен беше интересна и добро опремена, другите не баш). Единствено што ме интересира е за во иднина кои ми се опциите, познаваш ли некои кои завршиле и што работат сега? Доста луѓе што сум прашувал ми викаат дека ни во странство нема работа со биологија, а за тука да не збориме
Со стариот извод може, и со старо државјанство ако веќе си имаш извадно.Дали мора нов извод, државјанство такви ствари? Или може со стар да се поднесат документи?
100% ли е сигурно ова ? Денес гледам сите вадат нови изводи и сите велат дека треба новСо стариот извод може, и со старо државјанство ако веќе си имаш извадно.