Прашања и одговори

Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Ќе полагам Биологија и Хемија.Ќе имам ли потоа проблеми доколку сакам да аплицирам на ФЕИТ, ФИНКИ ,Градежен ?
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Да прашам нешто во врска со полагање во средно школо.
Ме оставија Математика и Хемија на полагање па ако може некој со вакво искуство да ми објасни како оди процесот на ваквите работи.
Дали е тешко, како треба и што треба.
Кога се започнува и слично. Немам никакви информации утре ќе треба да си проверам во школото.

Која година си и кога полагаш??

Ајде пиши ПП колку можам ќе ти помогнам, инаку немам искуство со оставање ама ајде нека те биде;)
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
228
Поени од реакции
150
Барам некој од Велес што спрема Сметководство и Анализа на Ризик. Ако некој познава некој седно нека ме исконтактира преку пп.
 
Член од
12 април 2013
Мислења
8
Поени од реакции
0
Ќе полагам Биологија и Хемија.Ќе имам ли потоа проблеми доколку сакам да аплицирам на ФЕИТ, ФИНКИ ,Градежен ?
На Феит и Финки можеш да аплицираш ,со тоа што кандидатите што имаат полагано неесоодветни предмети им се прессметуваат поените на посебен начин ,како и да е можеш да аплицираш само што на Финки ваквите како нас (и ја сум ист случај како тебе ) немаат мн шанси бидејќи таму има голема конкуренција а на Феит се запишуваат мн малце студенти и може да влезе лесно.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Какви се процедурите за нова диплома од средно да ти дадат ако ти е изгубена? Дали се плаќа нешто, треба ли да се објави во весник дека е изгубена?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.979
Поени од реакции
2.926
Сакам да се запишам на факултет за безбедност во идризово оној што е, па да прашам дали си просек од околу 3,60 имам шанси некако да влезам државна квота или малку потешко? И дали воопшто ќе бидам примен?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.958
Бидејќи е наменето за средношколци и студенти, ќе прашам овде : Бил ли е некој од вас на овој Speak out камп во Охрид ?

http://www.speakout.mk/
 
Член од
7 август 2009
Мислења
115
Поени од реакции
16
Планирам да се запишам фармација факултет, долго мислев и премислував и дојдов до заклучок дека е измеѓу факултет. Пошто не се осекам доволно спремна за нешто како архитектура, медицина, информатика итн. А па не сакам само онака да завршам факултет и да си седам дома како што е случај со правен, економски, психологија итн.
Сакам реална слика дали сум во заблуда оти само тоа ми се врти во глава последно време или факултетот сварно вреди?
И секако отворена сум на сугестии за други факултети.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756

Јас не сум на фармација ама имам неколку другари таму и кажуваат дека стварно било тешко. Рачунај по цел ден се на предавања и вежби, камо време за одмор и учење? Од овие што ги наброја јас дефинитивно не би се запишал на фармација и медицина. Информатика зависи што смер ке земеш, имаш и полесни имаш и потешки, али јас “утре“ кога би се запишувал на факултет дефинитивно градежен би избрал.
 
Член од
7 август 2009
Мислења
115
Поени од реакции
16
али јас “утре“ кога би се запишувал на факултет дефинитивно градежен би избрал.
Мислам дека има многу математика во градежен, а јас не сум по математиката.
За фармација сите викаат така :unsure: и многу ми е страв од тоа да се запишам и да запнам да не ме бива, ама сварно не сакам бла бла факултет како психологија (иако ми се свиѓа како струка), или правен или економски
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Мислам дека има многу математика во градежен, а јас не сум по математиката.
За фармација сите викаат така :unsure: и многу ми е страв од тоа да се запишам и да запнам да не ме бива, ама сварно не сакам бла бла факултет како психологија (иако ми се свиѓа како струка), или правен или економски
Aко не ти иде математика батали. Барај нешто со бубање. Правен и економски и јас не би се запишал.
Види има две варијанти за фармација-ако ти иде хемија супер можеш да се запишеш, ама ако не иде ни таа а ни математика тогаш заеби и фармација. Зошто не информатика на пмф? Пошто го спомни погоре. Јес да имаш и таму математика ама штом не сакаш од општествените...
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Планирам да се запишам фармација факултет, долго мислев и премислував и дојдов до заклучок дека е измеѓу факултет. Пошто не се осекам доволно спремна за нешто како архитектура, медицина, информатика итн. А па не сакам само онака да завршам факултет и да си седам дома како што е случај со правен, економски, психологија итн.
Сакам реална слика дали сум во заблуда оти само тоа ми се врти во глава последно време или факултетот сварно вреди?
И секако отворена сум на сугестии за други факултети.

Студирам на фармација.
Тешко е, материјалот е многу обемен, границата за положување е ужасна од 71 поен почнува 6. Ако не ти оди премногу математика можиш да имаш проблеми има предмети матеметика, статистика, на вежби има многу задачи, за тие што се например од средно фармација им е потешко со задачите. Мој совет доколку не си многу сигурен во одлуката односно доколку не ја сакаш фармацијата не си ни запишувај со Скопје.Од година ќе е уште потешко ќе има и усно оценување и колоквиумска недела, исто така секој предмет влечи по еден или два предмети од нареден семестар и доколку го немаш положено предметов немаш право да го полагаш другиот предмет се` додека не го положиш првиот. Не знам што друго да ти кажам твој избор си е, доколку те интересира уште нешто слободно прашај.
Иначе уште кај нас трае сесијата, до 15 јули е ама ова е ради турнусната настава вгодина поразлично ќе е.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.371
Поени од реакции
4.903
Дечки од која дата започнува аплицирањето за во студентските домови? Кој им е веб сајтот?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.402
Поени од реакции
58.643
Сакам да се запишам на факултет за безбедност во идризово оној што е, па да прашам дали си просек од околу 3,60 имам шанси некако да влезам државна квота или малку потешко? И дали воопшто ќе бидам примен?
Прашање е и во приватна квота дали ќе успееш да влезеш.
http://www.fakulteti.mk/Files/fakultet-za-bezbednost-konecni.pdf
Еве ја листата на примени студенти од минатата година. Последниот примен во државна квота е со 80.497, а во приватна 75.736 (редовни студенти)

Со просек 3.60, не верувам дека ќе имаш толку поени (освен ако на матурата ако не си извадил одлични оцени).

Но тоа е за минатта година. Оваа можеби ќе биде помала конкуренцијата па и со 60тина поени ќе бидат примени (а можеби и ќе се зголеми границата), но тоа никој неможе да знае уште сега. :)
 
Член од
7 август 2009
Мислења
115
Поени од реакции
16
Студирам на фармација.
Тешко е, материјалот е многу обемен, границата за положување е ужасна од 71 поен почнува 6. Ако не ти оди премногу математика можиш да имаш проблеми има предмети матеметика, статистика, на вежби има многу задачи, за тие што се например од средно фармација им е потешко со задачите. Мој совет доколку не си многу сигурен во одлуката односно доколку не ја сакаш фармацијата не си ни запишувај со Скопје.Од година ќе е уште потешко ќе има и усно оценување и колоквиумска недела, исто така секој предмет влечи по еден или два предмети од нареден семестар и доколку го немаш положено предметов немаш право да го полагаш другиот предмет се` додека не го положиш првиот. Не знам што друго да ти кажам твој избор си е, доколку те интересира уште нешто слободно прашај.
Иначе уште кај нас трае сесијата, до 15 јули е ама ова е ради турнусната настава вгодина поразлично ќе е.

Уствари тоа што мораш да влечеш некој предмет додека не го положиш ти иде нешто како условен или?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom