Sakam da prasham dali za upis na vtora godina na Pmf treba da se ima dovolen broj na krediti osvoeno, ili da se polozhat izborniot i uste nekoj predmeti ?
Види тоа скоро никој не го гледа, по закон треба да освоиш минимум 21 кредит за да продолжиш понатаму, али не бери гајле, тоа правило на ПМФ не важи. Ако немаш положено некој предмет, а поминале 3 сесии, само презапиши го и крај. Изборните предмети не се условувачки.
Дали има некој на применета хемија(аналитичко структурна) бидејки сакам на овој смер да се запишам па да објасни како е многу тешко многу лесно
Јас сум на применета хемија, од 2009 применета хемија, т.е. сите насоки кои се на институт за хемија се со нови програми. Така да применета хемија веќе не се дели на аналитичко структурна и препаративна, туку едноставно е само применета хемија, некои предмети наместо како 2 предмети се слушаат како 1, на пример наместо Индустриска 1 и Индустриска 2, сега е само Индустриска хемија. Според новата програма опфатени се предметите од двете поднасоки(и од препаративна и од аналитичко-структурна).
Лесно не е во секој случај, неделен фонд на часови и вежби е 30, имаш 2 физики, 2 математики, 7-8 физички хемии, експериментална органска, неорганска, аналитичка, инструментална, органска, хемија на комплекси, хемија на животна средина, хемија на природни производи, математички методи во хемија, кристалохемија, радиохемија, структура на атоми и молекули, електрохемија и корозија, геохемија и минералогија, индустриска, теоретска органска хемија, биохемија...
Годишно се помалку и помалку студенти се запишуваат, па читај меѓу редови колку е „лесно“.