Devina,
жит Ти све, а чии грешки имаш откриено?: Кои са тија „...наши...„ грешки: мои, твои, туѓи, нечии, сечии?....Ај троа подетаљно, разбираш...[/quote]
Зборувам за грешки, кои ги правиме ние Христијаните, од никого неспречени, туку напротив,- охрабрени од страна на нашите пастори..
Мислам на следново:
1) Обичај да се крштеваат деца (бебиња), а во Библијата читаме дека се крштеваат луѓе, кои се оформени личности, (младинци, возрасни, стари) и кои свесно, информирано и со желба прифаќаат да ја почитуваат христијанската религија.. Што знае едно бебе за Исус и за големината на Чинот на Божествената Љубов, искажана преку преземањето на гревовите на целиот свет од страна на Исус, умирањето на крстот наместо нас, Исусовото воскреснување, како претходница на воскресението на сите оние кои умреле, а претходно верувале во Него. Симболиката на потопувањето во вода, при крштевањето, кое означува: а) легнување, со целосно потопување во вода = умирање (водата е симболиката на умирањето, „воден“ гроб), б) станувањето од водата = воскреснување, и тоа не само со значење на воскреснување од умрените, туку и воскреснување во нова личност, уште за време на нашите животи (како чисти и побожни Христијани), в) облекувањето на бели кошули = бела облека која ќе ја добиеме од Исус, кога ќе се соочиме со Него (Крвта на Јагнето не „обелува“ од нашите со грев извалкани алишта)
Римјаните: 6:4 И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот.
2) Идолопоклонство – Правиме, се клањаме и бацуваме икони, а Јахве во јасно ни кажал дека тоа му е одвратно и дека за тоа – КАЗНУВА!
ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 20
1 Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови:
2 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.
3 Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.
4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.
5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение,
3) Слави – Некаде во Христијанскиот свет не се славата слави, туку само кај нас - Православните Христијани, а Господ вели
Римјаните: 1:23 и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи.
4) Непоучување на Христијаните за нужноста за почитување на заповедта за почитување на Седмиот ден – Саботата
иако Исус ја потврдил ВЕЧНАТА важност на Заповедите
Матеј 5: 17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
19 И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно;
Откровение: 12:17 И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.
14:12 Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.
(Како може сите останати Заповеди да важат, а да не важи Четвртата Заповед)?!