Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Токму ваквото во многу свои елементи вистинито објаснување за тоа какви се боговите низ историјата во суштина ја подгрева несуштинската разлика помеѓу атеизмот и теизмот.

Цело време предмет на дискусија стануваат Богови (и нивната улога во одреден период од човековата историја) кои никој не ги видел како изгледаат, нема пишан документ дека постоеле надвор од фикцијата на луѓето.

Од друга страна го имаме Исус како човек кој чекорел на Земјава пред 2 000 години има сведоштва, има и сведоштва за неговото учење (кое е блиско до утопистичкиот комунизам).

Доколку дискусијата меѓу верниците и оние кои го негираат постоењето на Бог (а со самото тоа и фактот дека Исус е Божји син) се сведе на тоа дали, како и колку е корисно и се спроведува Христовото учење, тогаш ќе се надминат многу беспредметни и дијаметрално спротивни мислења.

Секој верник живее и се стреми да го следи Христовото учење втемелено на 10 те божји заповеди и љубовта како најсилна позната позитивна енергија. Доколку покаже дека повеќе го практикува сето тоа од атеистот ја завршил работата.

И Атеистот живее по истите принципи и се стреми да го следи Христовото учење.

Разликата е во тоа што Верникот смета дека придобивките ќе следат после божјата казна наречена смрт, а атеистите сметаат дека придобивките од таквиот начин на живот се во рамкте на смртниот век на секоја единка.
Ќе ги опфатам болдираните делови :).

Како неутрален посматрач на дискусијава затоа што сум помеѓу двата „огна“ на монотеизмот и атеизмот ќе кажам дека за мене нема разлика помеѓу Боговите и Исус, и во двата случаја имаме верба на оние кои тврдат дека за нив тие постојат и се реалност или дека постоеле ама денес од дистанца на 2000 години никој не може да провери што и како се случило и кои работи се фикција а кои вистина.

За мене аргументацијата на едните и на другите (старите Богови и Исус) за нечие постоење и докази за истото се практично со иста важност со напомена дека за Исус освен во Библијата и нема некој друг пишан текст каде би се потврдило неговото постоење или непостоење. Верникот ќе ти каже дека го чувствува во себе, неверникот дека се тоа глупости но и двајцата можат да имаат совршено убав и исполнет со љубов живот :).

Освен тоа не постојат само верниците и атеистите туку и сите други кои сме некаде измеѓу со забелешка дека Муслиманите го прифаќаат Бог од Стариот Завет но не и Исус како негов син, значи работите не се толку едноставни за да ги прекинат недоразбирањата туку лежат во човечкиот карактер и желбата за наметнување на сопственото мислење и доминација врз другите, физичка како и психичка.

Колку е корисно Христовото учење треба секој сам да си одлучи но во свет на предатори како нашиот за мене не важи, посебно една од критичните постулати, љуби го непријателот свој и сврти му го другиот образ. Јас сум за старото, око за око, заб за заб но прифаќам дека има личности и психи на кои христијанството им е прекрасен систем на дејство и верување и е во ред се додека не пробаат на било кој начин тоа да ми го наметнат и мене (истото го мислам и за било која друга религија или верување).

Би напомнал дека Христовото учење и 10-те заповеди се парадокс затоа што 10-те заповеди потекнуваат од битие кое не се воздржува од геноцид, инцест, масакр, детеубиство и човечки жртви и кое е бескрајно осветољубиво и суетно додека наводниот негов син кој е истовремено и самото битие зборува за љубов кон сите вклучувајќи ги и непријателите. За останатите недоречености и подредената улога на жената веќе сме дискутирале.

Таква метаморфоза е невозможна и нереална и на многу ќе им биде и несфатлива и неприфатлива.

Кој и покрај сѐ може да разбере и да најде смисол во сето тоа прекрасно за него/неа, јас не можам и никогаш нема да можам е не ни сакам, спротивно е на моите сфаќања за животот и битисувањето па да речеме и на моите инстинкти :).

Атеистот секако не го интересира Христовото учење и си има негови норми на дејство, за кои смета дека нему му се најисправни.

Тука сепак би напомнал дека нема едно исправно религиско верување за секого затоа што човечките психи и карактери се различни па на едните ќе им одговра едно а на другите друго и најголемиот проблем според мене не се догмите и верувањата дали некој постоел и дали некој треба да се следи или не, туку нетолерантноста и исклучивоста дека само еден сисем е вистинит а сите други се лажни што совршено ја отсликува човечката желба за доминација, како и неговата бескрајна суета и ограниченост.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ќе ги опфатам болдираните делови :).

Како неутрален посматрач на дискусијава затоа што сум помеѓу двата „огна“ на монотеизмот и атеизмот ќе кажам дека за мене нема разлика помеѓу Боговите и Исус, и во двата случаја имаме верба на оние кои тврдат дека за нив тие постојат и се реалност или дека постоеле ама денес од дистанца на 2000 години никој не може да провери што и како се случило и кои работи се фикција а кои вистина.

За мене аргументацијата на едните и на другите (старите Богови и Исус) за нечие постоење и докази за истото се практично со иста важност со напомена дека за Исус освен во Библијата и нема некој друг пишан текст каде би се потврдило неговото постоење или непостоење. Верникот ќе ти каже дека го чувствува во себе, неверникот дека се тоа глупости но и двајцата можат да имаат совршено убав и исполнет со љубов живот :).

Освен тоа не постојат само верниците и атеистите туку и сите други кои сме некаде измеѓу со забелешка дека Муслиманите го прифаќаат Бог од Стариот Завет но не и Исус како негов син, значи работите не се толку едноставни за да ги прекинат недоразбирањата туку лежат во човечкиот карактер и желбата за наметнување на сопственото мислење и доминација врз другите, физичка како и психичка.

Колку е корисно Христовото учење треба секој сам да си одлучи но во свет на предатори како нашиот за мене не важи, посебно една од критичните постулати, љуби го непријателот свој и сврти му го другиот образ. Јас сум за старото, око за око, заб за заб но прифаќам дека има личности и психи на кои христијанството им е прекрасен систем на дејство и верување и е во ред се додека не пробаат на било кој начин тоа да ми го наметнат и мене (истото го мислам и за било која друга религија или верување).

Би напомнал дека Христовото учење и 10-те заповеди се парадокс затоа што 10-те заповеди потекнуваат од битие кое не се воздржува од геноцид, инцест, масакр, детеубиство и човечки жртви и кое е бескрајно осветољубиво и суетно додека наводниот негов син кој е истовремено и самото битие зборува за љубов кон сите вклучувајќи ги и непријателите. За останатите недоречености и подредената улога на жената веќе сме дискутирале.

Таква метаморфоза е невозможна и нереална и на многу ќе им биде и несфатлива и неприфатлива.

Кој и покрај сѐ може да разбере и да најде смисол во сето тоа прекрасно за него/неа, јас не можам и никогаш нема да можам е не ни сакам, спротивно е на моите сфаќања за животот и битисувањето па да речеме и на моите инстинкти :).

Атеистот секако не го интересира Христовото учење и си има негови норми на дејство, за кои смета дека нему му се најисправни.

Тука сепак би напомнал дека нема едно исправно религиско верување за секого затоа што човечките психи и карактери се различни па на едните ќе им одговра едно а на другите друго и најголемиот проблем според мене не се догмите и верувањата дали некој постоел и дали некој треба да се следи или не туку нетолерантноста и исклучивоста дека само еден сисем е вистинит а сите други се лажни што совршено ја отсликува човечката желба за доминација, како и неговата бескрајна суета и ограниченост.
Отрпилика тоа е тоа:) Се слагам речиси со се.

Не ни мислев дека Атеистот го интересира Христовото учење протолкувано како стил на живот, туку сите негови норми на дејство за кои смета дека му се најисправни се приближно еднави со оние на верникот.:)

Нема разлика што е крадење, лажење, убивање, прељуба итн.

Едноставно непотребна е поделбата на верници и неверници според мене:)

Секој нека си го тера животот со своите убедувања и верувања:)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Едноставно непотребна е поделбата на верници и неверници според мене:)

Секој нека си го тера животот со своите убедувања и верувања:)
...Освен ако не се заебе да пише нешто на под-форумов ;)

Tогаш одма ги вадиме јатаганите :)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
...Освен ако не се заебе да пише нешто на под-форумов ;)

Tогаш одма ги вадиме јатаганите :)
:) Ja se nadevam deka kje moze i so drugata strana da se prodiskutira okolu ulogata na Crkvata pred se i nejzinoto vlijanie vrz celokupniot zivot . Bidejki sepak smetam osnovnite bibliski nacela se obiduvame da gi zapazime site, koj pomalku koj poveke. A toa neli ednite go vikaat zapoved drugite moral.:)

Jas licno smetam deka Crkvata, i napomenav mnogu pati do sega, ima inhibitorna uloga vo razvojot na covekot, i e sprotivstavena duri i so celta sto sakal da ja postigne Isus - bezgrizen svet vo koj site kje bodat ramnopravni pred sebe i pred boga.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

Ова не била целта на Исус -- никаде во Св. Писмо нема да најдеш таков текст каде Исус говори за безгрижност и рамноправност пред себе и Бога.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Не постои Христово учење, туку постои пример кој го "дал" Исус.
Никој со сила никого не треба да тера да прави било што, што не е
негова "изворна карактеристика".
Многу луѓе мислат дека е до постапките(моралот, десетте заповеди).
Има милион светци кои ги "почитувале" овие морални закони.
Има милион други кои можеби гледајки дека немало никакво фајде од тоа
тргнале по обратната насока.
Како може да се стремиш да бидеш нешто и од тоа фајде да се има.
И кој e апсурдот со сила да се правиш тоа што веќе си.
Like the empty sky it has no boundaries,
Yet it is right in this place, ever profound and clear.
When you seek to know it, you cannot see it.
You cannot take hold of it,
But you cannot lose it.
In not being able to get it, you get it.
When you are silent, it speaks;
When you speak, it is silent.
The great gate is wide open to bestow alms,

And no crowd is blocking the way.
tumblr_li50l6JfKR1qdoln8o1_500.jpg
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ова не била целта на Исус -- никаде во Св. Писмо нема да најдеш таков текст каде Исус говори за безгрижност и рамноправност пред себе и Бога.
A koj rece deka treba da se bara konkreten citat vo SVetoto pismo?:) Eve sto e celta na Hristovoto ucenje, togas? Sto spored tebe e glavnata cel na negovite propovedi? Znaeme sto sakal da kaze Lenin, sto sakal da kaze MArks, sto sakal da stori Hitler itn...? Sto sakal da postigne Isus nakratko kazano?
--- надополнето: Jul 7, 2011 4:38 PM ---
Не постои Христово учење, туку постои пример кој го "дал" Исус.
Kakov primer dal Isus?
Ne mora da go vikame ucenje, neka bide primer, sto sakal da kaze Isus so toj primer?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Kakov primer dal Isus?
Ne mora da go vikame ucenje, neka bide primer, sto sakal da kaze Isus so toj primer?
Дека вистината е во нас.
Сигурно ќе прашаш која е таа вистина, ама никој нема да може да ти даде одговор.
Mногу пробале ама не успеале, затоа што:
The Tao that can be spoken is not the eternal Tao The name that can be named is not the eternal name.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
A koj rece deka treba da se bara konkreten citat vo SVetoto pismo?:) Eve sto e celta na Hristovoto ucenje, togas? Sto spored tebe e glavnata cel na negovite propovedi? Znaeme sto sakal da kaze Lenin, sto sakal da kaze MArks, sto sakal da stori Hitler itn...? Sto sakal da postigne Isus nakratko kazano?
А-ха, те разбирам...Па, еве мој скромен одговор: Сакал да го спаси човечкиот род преку саможртвувањето на крстот. Накратко. А за ова кратко кажување има конкретни референци и цитати.

Коментирав од гледна точка на она што е запишано. Не ми се праеше муабет за целта на христијанството, што сакал да каже Исус, Ное, овој, оној...Св. Писмо бара сериозни теолошки дебати и бара компетентни толкувања. Форумов не ми веќава такво нешто, а јас не сум теолог. Затоа се повлекувам од дебатава за толкување и за што би било, како би било. Поздрав,
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Никогаш не го разбрав концептот за грешноста на човекот. Може некој да го појасни? Јас лично не се чуствувам грешен, ниту другите ги доживувам како грешни. Плус, концептот на наследен грев ми е малку варварски.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Чисто онака, трололо...

E ова ме трогна. На што да се заблагодари детето. Исус за него не постои. За него постои само 1 нешто...глад! :/
Инаку ај и јас едно прашање да не е оф топик. Кога и кој ја пишувал библијата?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Една од најголемите, ако не и најголема, меѓународна организација која се грижи за гладните деца во Африка и другите загрозени делови од светот е Compassion International (атеис.. пардон, христијанска организација)
Еве ви линк од нивната официјална веб страна: http://www.compassion.com/

Доколку навистина ви стало до гладните деца во Африка, повелете направете акаунт на овој сајт, изберете едно од гладните деца и подржувајте го со извесна сума на пари. Со тие пари детето редовно ќе се храни, лекува, школува. Согласно стандардот во Африка, за само 20-25 долари (околу 1000 денари) детето ќе може да се издржува цел месец. Ќе ви биде дозволена и дирекна комуникација со детето и неговите родители (доколку ги има), ќе можете да го следите неговиот психофизички развој, едукација и сл.
Ако има заинтересирани, за повеќе информации контактирајте ме по лична порака. Иако сметам дека на веб страната се е убаво објаснето.

Кога и кој ја пишувал библијата?
Околу 40 од Боговдахновени писатели, во периодот од 15 век пред наша ера до 1век наша ера - значи вкупно 16 векови.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А-ха, те разбирам...Па, еве мој скромен одговор: Сакал да го спаси човечкиот род преку саможртвувањето на крстот. Накратко. А за ова кратко кажување има конкретни референци и цитати.

Коментирав од гледна точка на она што е запишано. Не ми се праеше муабет за целта на христијанството, што сакал да каже Исус, Ное, овој, оној...Св. Писмо бара сериозни теолошки дебати и бара компетентни толкувања. Форумов не ми веќава такво нешто, а јас не сум теолог. Затоа се повлекувам од дебатава за толкување и за што би било, како би било. Поздрав,
И јас се чувствувам и размислувам слично, како во болдот:) Затоа тука наведуваме единствено свои размислувања за конкретните работи.

Ете, твојот скромен одговор ќе го кажат и многумина други, а кога ќе следи прашањето од што сакал да го спаси или од кого човечкиот род, тогаш доаѓаме у недоумица. Дали токму саможртвата била вистинскиот начин за спас?
--- надополнето: Jul 8, 2011 6:13 AM ---
E ова ме трогна. На што да се заблагодари детето. Исус за него не постои. За него постои само 1 нешто...глад! :/
Инаку ај и јас едно прашање да не е оф топик. Кога и кој ја пишувал библијата?
Ех, детето ќе ја почувствува милоста божја во оној другиот свет, по се изгледа(за жал тоа ќе биде утехата). Далеку е овој свет од идеалите на Исус:)

А на болдот не верувам дека ќе добиеш(ме) соодветен и пред се точен и аргументиран одговор. Уствари, би требало прашањето да се дополни со уште еден момент, кој ја напишал и дали се она што е напишано од тој некој или некои е непроменето до ден денешен?
--- надополнето: Jul 8, 2011 6:19 AM ---
Доколку навистина ви стало до гладните деца во Африка, повелете направете акаунт на овој сајт, изберете едно од гладните деца и подржувајте го со извесна сума на пари. Со тие пари детето редовно ќе се храни, лекува, школува. Согласно стандардот во Африка, за само 20-25 долари (околу 1000 денари) детето ќе може да се издржува цел месец. Ќе ви биде дозволена и дирекна комуникација со детето и неговите родители (доколку ги има), ќе можете да го следите неговиот психофизички развој, едукација и сл.
Ако има заинтересирани, за повеќе информации контактирајте ме по лична порака. Иако сметам дека на веб страната се е убаво објаснето.
Тешко пријателе дека некој вистински се грижи за гладните во Африка. Ако сакале да нема гладни ќе немало. Има премногу статистики колку пари се трошат на војни, оружје и слични идиотски работи во споредба со медицинските истражувања и сиромаштијата во светот.
На светот и човештвото му треба некоја нова инјекција, некоја нова позитивна енергија која би го оттргнала од летаргичноста и трката за профит, и би вратила некои други вредности на прво место. Живееме во еден вид матрица чии координати се единствено парите и моќта. Излезеш ли од таа матрица веројатно следува неминовна "природна селекција" која нема да оди во корист на излезената единка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom