Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
Каде во Стариот Завет се споменува Исус?

91 Царот Навуходоносор кога чу дека тие пеат, се возбуди, стана брзо и им рече на големците свои: "Нели трите души врзани ги фрливме во огнот?" Тие му одговорија на царот: "Навистина така беше, царе!"
92 На тоа тој рече: "Еве јас гледам четири души, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и подобието на четвртиот е слично на синот Божји."
93 Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: "Седрахе, Мисахе и Авденаго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете." Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот,
94 и штом се собраат сатрапите, намесниците, воените началници и советниците цареви, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им се беа измениле, па дури и мирис на изгорено немаше на нив.
(книга на пророкот ДАНАИЛ 3:91-94)

Во цитираните стихови е опишан настанот кога царот Навуходоносор ги фрла во вжарена печка трите Еврејски момчиња кои што одбиваат да се поклонат на кипот од царот.
Но додека огнот од вжарената печка е за седум пати појак, него ли обично кога печката се загрева, царот во печката кој што фрли три момчиња, во случајот гледа четири момчиња. За едниот вели дека :„ ... и подобието на четвртиот е слично на синот Божји."
Моето прашање до тебе (бидејќи гледам дека доста се „колчо-перчиш“ со твоето „кобајаги“ Библиско познавање) е следното: која е оваа личност која што ја нарекуваат „ ...СЛИЧЕН НА СИНОТ БОЖЈИ“ ?????
Нели беа тројца фрлени во вжарената печка?? Од каде сега четворица, па дури четвртиот сличен на СИНОТ БОЖЈИ????

Верувам дека убаво ќе распалиш и ќе дадеш вистински Библиски одговор.


Однапред БЛАГОДАРАМ.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Битие, 18-та глава, каде патријархот Авраам се стртена со тројцата патници-ангели, изобразенија на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Псалм 109.1. „...Му рече Господ на мојот Господ...„

--- надополнето ---

Ме интересира твое мислење. Што мислиш, КОЈА БЕШЕ ОВАА ЛИЧНОСТ???... која што се нарекуваше „ ВОДАЧОТ НА ВОЈСКАТА ГОСПОДОВА“.
Ето, и мене живо ме интересира, кој бил тој водач?

--- надополнето ---

- "Собуј ги обувките од нозете свои, бидејќи местото, на кое стоиш, е свето."
Каде на друго место во Библијата се запишани овие зборови: "Собуј ги обувките од нозете свои, бидејќи местото, на кое стоиш, е свето." ????????
Ѕирни во Исход, 3.5, и таму ќе ја најдеш истата реченица...

--- надополнето ---

[
И кој ги изговара овие зборови???????
Е кој е де?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
91 Царот Навуходоносор кога чу дека тие пеат, се возбуди, стана брзо и им рече на големците свои: "Нели трите души врзани ги фрливме во огнот?" Тие му одговорија на царот: "Навистина така беше, царе!"
92 На тоа тој рече: "Еве јас гледам четири души, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и подобието на четвртиот е слично на синот Божји."
93 Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: "Седрахе, Мисахе и Авденаго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете." Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот,
94 и штом се собраат сатрапите, намесниците, воените началници и советниците цареви, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им се беа измениле, па дури и мирис на изгорено немаше на нив.
(книга на пророкот ДАНАИЛ 3:91-94)

Во цитираните стихови е опишан настанот кога царот Навуходоносор ги фрла во вжарена печка трите Еврејски момчиња кои што одбиваат да се поклонат на кипот од царот.
Но додека огнот од вжарената печка е за седум пати појак, него ли обично кога печката се загрева, царот во печката кој што фрли три момчиња, во случајот гледа четири момчиња. За едниот вели дека :„ ... и подобието на четвртиот е слично на синот Божји."
Моето прашање до тебе (бидејќи гледам дека доста се „колчо-перчиш“ со твоето „кобајаги“ Библиско познавање) е следното: која е оваа личност која што ја нарекуваат „ ...СЛИЧЕН НА СИНОТ БОЖЈИ“ ?????
Нели беа тројца фрлени во вжарената печка?? Од каде сега четворица, па дури четвртиот сличен на СИНОТ БОЖЈИ????

Верувам дека убаво ќе распалиш и ќе дадеш вистински Библиски одговор.


Однапред БЛАГОДАРАМ.
Исус никаде не се нарекува себе си Син Божји. Од каде ти основа да тврдиш дека споменатата халуцинација во печката е токму Исус?!?

Ако ги останатите преводи на Библијата ќе можеш да ги забележиш следниве разлики на твојот омилен дел:

"He answered and said, Lo, I see four men loose, walking in the midst of the fire, and they have no hurt; and the aspect of the fourth is like a son of the gods." (Daniel 3:25, ASV; 1901 American Standard Version)
Кои се овие БОГОВИ?!?

"He answered and said, Behold! I see four men loose, walking in the middle of the fire, and there is no harm among them. And the form of the fourth is like a son of the gods." (Daniel 3:25, MKJV; 1993 Modern King James Version)
Повторно: БОГОВИ!

"He answered and said, 'Look! I see four men loosed and walking about in the midst of the fire without harm, and the appearance of the fourth is like a son of the gods!'" (Daniel 3:25, NASB; 1988 New American Standard Bible)
And again!

- "He said, 'Look! I see four men walking around in the fire, unbound and unharmed, and the fourth looks like a son of the gods.'" (Daniel 3:25, NIV; 1984 New International Version)
...and again!

Но, пази го ова:

- "He replied, 'But I see four men unbound, walking in the middle of the fire, and they are not hurt; and the fourth has the appearance of a god.'" (Daniel 3:25, NRSV; 1989 New Revised Standard Version)
Со појава коко на Бог!


"He made answer and said, Look! I see four men loose, walking in the middle of the fire, and they are not damaged; and the form of the fourth is like a son of the gods." (Daniel 3:25, BBE; 1964 Bible in Basic English)

"He answered, 'But I see four men loose, walking in the midst of the fire, and they are not hurt; and the appearance of the fourth is like a son of the gods.'" (Daniel 3:25, RSV; 1973 Revised Standard Version)
- "He was answering and saying: 'Look! I am beholding four able-bodied men walking about free in the midst of the fire, and there is no hurt to them, and the appearance of the fourth one is resembling a son of the gods.'" (Daniel 3:25, NWT; 1984 New World Translation)
Како што можеш да забележиш, нешто не е во ред со твоето омилено место во оваа книга.

Жал ми е што комуникацијата сомене ја започна презриво. Штета што ќе мора така да продолжиме:

Желбата е голема кај верникот да ги види работите кои не постојат онаму каде нив ги нема! Затоа тој/таа ќе ги прекрши сите правила и ќе ги прелаже сите сетила - само да си ја потврди заблудата!

ВО СТАРИОТ ЗАВЕТ НЕ ПОСТОИ ИСУС! - ниту по име - ниту по опис!

ИСУС Е ИЗМИСЛЕН МНОГУ ПОДОЦНА!!!

Светиот дух, па, да не збориме.

...а ти можеш да си веруваш што сакаш, ама кога ќе го пишеш тоа тука, па уште со таков тон, има да биде ставено на темелно чешлање и одговрено со иста мера и аршин.
 
Член од
4 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
DBack,

Како прво ... ти не прочешла ништо за да ми одговориш, а камо ли твојот пост да го наречеш „ темено чешлање“.

Јас ти поставив неколку прашања, на кои за жал не добив никаков Библиски одговор, а те замолив за твое мислење и за добар и издржан Библиски одговор.

Ако овие твои „ проѕирни“ одговори ги нарекуваш „ТЕМЕЛНО ЧЕШЛАЊЕ“ ....тогаш ме разочара со твоето Библиско познавање (со кое се „ колчопериш“ овдека на форумов), ...па така ...како што самиот велиш: освен одговор со иста мера и аршин, ништо друго и не ти остана!!!

А околу тоа... во што јас ќе верувам....немој за тоа пријателе да се секираш. Јас убаво знам во што и во кого верувам, и кој е Авторитетот за моите верувања. Така да „ мојата вера “ да ја оставиме настрана, но да се задржиме на поставените прашања од моја страна до тебе.....на кои што не добив никаков Библиски одговор....освен одговор со иста мера и аршин (како што самиот се изрази).

Во секој случај, задоволен сум од твоите „ проѕирни“ и не-издржани одговори, и од твоето Библиско не-познавање....тоа и го очекував од тебе.



Позз.

--- надополнето ---

Битие, 18-та глава, каде патријархот Авраам се стртена со тројцата патници-ангели, изобразенија на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Псалм 109.1. „...Му рече Господ на мојот Господ...„

--- надополнето ---



Ето, и мене живо ме интересира, кој бил тој водач?

--- надополнето ---



Ѕирни во Исход, 3.5, и таму ќе ја најдеш истата реченица...

--- надополнето ---



Е кој е де?
Одговориве и прашањава се однесуваат за мене или за некој друг?????

Ако беа адресирани до мене, слободно можам да ти речам дека немало потреба да ми ги одговараш, бидејќи убаво знам каде е се запишано и од кого е се изречено. Но...моите прашања беа упатени до DBack, за самиот да се увери колку е „ големо“ неговото Библиско познавање ( да не речам - непознавање).

Така да ..немало потреба да се трудиш, за да ми одговориш.


Позз.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Како прво ... ти не прочешла ништо за да ми одговориш, а камо ли твојот пост да го наречеш „ темено чешлање“.
Јас ти поставив неколку прашања, на кои за жал не добив никаков Библиски одговор, а те замолив за твое мислење и за добар и издржан Библиски одговор.
Ако овие твои „ проѕирни“ одговори ги нарекуваш „ТЕМЕЛНО ЧЕШЛАЊЕ“ ....тогаш ме разочара со твоето Библиско познавање (со кое се „ колчопериш“ овдека на форумов), ...па така ...како што самиот велиш: освен одговор со иста мера и аршин, ништо друго и не ти остана!!!
Што ти е со постов, другарче?!

Какво темелно чешлање споменуваш? Какви фалби за Библиско познавање?

Ми постави цитат кој јас ти го оспорив со контри од ИСТАТА КНИГА!

Имаш цитат кој тебе ти одговара да го читаш така. Имаш од мене 10-тина исти такви кои јасно покажуваат дека не станува збор за БОЖЈИ СИН, туку за нешто сосем друго - нешто што го отсликува политеистичкиот карактер на Стариот Завет.

Можеш ти да се чаталиш со намерно извитоперени превори кои ќе ти дадат за рпаво да си веруваш во тоа што НЕ ПОСТОИ - Исус во Стариот Завет.

Можеби и мислиш дека знаеш во што веруваш - но реалноста е сосем друга. Ако ти веруваш дека Исус е споменат во Стариот Завет, или имаш синтактички, или историски проблеми. Трето НЕ ПОСТОИ.

Исус ТИ ГО НЕМА во цитатот со кој се чаламиш! Тоа ти го пишува во твојата Книга - не во мојата! Тоа што ти практикуваш селективна перцепција и wishful thinking нема да ја промени реалноста на Стариот Завет во кој нема место за Исус.

Уште помалку за Светиот Дух.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Одговориве и прашањава се однесуваат за мене или за некој друг?????
Највероватно до Тебе, оти твој пост цитирам, не?

--- надополнето ---

Ако беа адресирани до мене,
Да де...

--- надополнето ---

слободно можам да ти речам дека немало потреба да ми ги одговараш, бидејќи убаво знам каде е се запишано и од кого е се изречено.
Види сеа, уопште не сумњам дека може и Библијата да ја знаеш на памет, но покрај еден даден одговор, имав и две прашања до Тебе, не?

Патем кажано, во твојот пост изнесе јака сигурност дека џоа никаде на друго место во Писмото не е наведен стихот со заповед за собување ради газење на свето место, па испадна дека таков стих имало и на друго место во Писмото, не?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
..а ти, Боби, ако нешто не сум во право - можеш да ме исправиш, како секој добар Христијанин. Не само да обвинуваш и кудиш. Тоа ич не ти е христијански, да ти кажам.
Тоа и го направивме. Ама ти како и безброј пати порано ништо не прифаќаш. Како можеш да поставуваш прашања (како ова кому Бог му се обраќал) коага веќе знаеш каков одговор ќе ти дадеме, и кој истиот нема да го прифатиш? Неколкупати ти реков. Ние го разбираме Писмото, и затоа треба да ги прифатиш одговорите Христијански на твоите прашања до Христијаните.
 
Член од
4 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
Патем кажано, во твојот пост изнесе јака сигурност дека џоа никаде на друго место во Писмото не е наведен стихот со заповед за собување ради газење на свето место, па испадна дека таков стих имало и на друго место во Писмото, не?
Не!!!

Не изнесов јака сигурност дека на друго место не се запишани зборовите за собување на обувки кога се работи за свето место!
Напротив!....целта ми беше самиот DBack да ги цитира за да направи споредба помеѓу тој што зборуваше од капината и водачот на војската Господова. Но за жал или не го знае тој настан или не се сети за да ми го цитира.

Инаку на прашањето кој е тој што зборуваше од капината, самиот текст го дава одговорот:


„А кога виде Господ дека тој (Мојсеј) доаѓа да види, извика Господ од капината и рече: "Мојсеј, Мојсеј!" А тој одговори: "Еве ме, Господи!"
И Он рече: "Не приоѓај ваму. *Собуј ги овубките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја."


Кој е тој што може да се нарече Господ, ако не самиот Господ Исус Христос???
Зошто земјата беше света? Затоа што Мојсеј зборуваше со Господ.

Кој беше Водачот на војската Господова, ако не истиот на кого што Мојсеј му рече: "Еве ме, Господи!"
Исус Навин падна ничкум на колена и му се поклони, и се нарече слуга негов.


Ако водачот беше ангел, со самиот чин на поклонение Исус Навин ќе направеше идоло-поклонство. Таков пример наоѓаме на две места во Библијата кога Јован му се поклони на ангелот во Откровението, а еве што ангелот му одговори:


„И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: “Стој, не - јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвотот Исусово е Духот на пророштвото!”
(Откровение 19:10)




„И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.
Но тој ми рече; “Стој немој, оти сум и јас слуга како ти, и браќата твои - пророци и оние, што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони му се на Бога!”
(Откровение 22:8-9)

Значи...ако Исус Навин се поклонеше на ангел, ангелот ќе му одговореше исто како што му одговори на Јован Богослов.
Ако беше човек, исто така ќе беше идоло-поклонство.


Но Водачот на војската Господова беше самиот Господ Исус Христос, затоа и Исус Навин му се поклони како на Господ и Бог.
Водач или предводник на војската секогаш беше царот. А кој е нашиот цар, ако не самиот Господ Исус Христос.

Во двата случаи се работи за самиот Господ Исус Христос, кој што се јавува и во капината и пред портите на градот Јерихон. Но и во вжарената печка на царот Навуходоносор кога царот фрла три момчиња, а гледа четири во огнот.А подобието на четвртиот е слично на Синот Божји.



Исто така Исус и целото Свето Тројство се јавуваат пред Авраам на пат за да го уништат Содом и Гомор, кога Авраам се поклонува пред нив.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
ВО СТАРИОТ ЗАВЕТ НЕ ПОСТОИ ИСУС! - ниту по име - ниту по опис!

ИСУС Е ИЗМИСЛЕН МНОГУ ПОДОЦНА!!!
Стварно? А што разлика ти прави тебе кога ти ни во Новиот ни во Стариот завет не веруваш?

Си ги читал Псалмите? Таму го има.
Си ги читал делата на пророците? Таму го има.
Си го читал Стариот Завет воопшто. На многу места, низ различни книги го има.
Половина книга Исаија зборува за Него.

6 Зашто Младенец ни се роди - Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.
7 Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и прада отсеа па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господа Саваота.

За кого се зборува овде?


Или ај кажи ми дека овде во Исаија 53 не го препознаваш Исус

4 Но Он ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме, дека Он беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога.
5 А Он беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите ради ние се излекувавме.
6 Сите ние бевме заблудени како овци, се отстрани секој од патот свој, - и Господ ги возложи врз Него гревовите на сите нас.
7 Он беше *измачуван, но стадаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како овца Он беше одведен на колење, и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја.
8 Он беше лишен од праведен суд. Но родот Негов Кој ќе го објасни? Зашто беше одземен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт.
9 Му определија гроб со злодејци, но Он беше погребан кај богатиот, зашто не беше направил грев и во устата негова немаше лага.
10 Но на Господа му беше угодно да Го понизи, и Го предаде на мачење; а кога душата Негова Му принесе милоствна жртва, Он ќе види долговечно потомство, и волјата Господова ќе напредува преку Неговата рака.
11 Ќе се зарадува поради трудот на душата Своја ќе види светлина. Праведниот Слуга Мој ќе ги оправда мнозина и гревовите нивни врз Себе ќе ги понесе.
12 Затоа Јас ќе Му дадам големо наследство, со силните плен ќе дели, зашто душата Своја на смрт ја предаде, и меѓу злодејците беше вброен и ги понесе врз Себе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.

А? Што велиш?


Светиот дух, па, да не збориме.
Уште на самиот почеток го има:

Битие 1:1 Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
2 Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.
 
Член од
4 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
Какво темелно чешлање споменуваш?

Зарем овие не се твои зборови:

...а ти можеш да си веруваш што сакаш, ама кога ќе го пишеш тоа тука, па уште со таков тон, има да биде ставено на темелно чешлање и одговрено со иста мера и аршин.

Или во излив на лутина и бес, забораваш што пишуваш???????????
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Уште на самиот почеток го има:

Битие 1:1 Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
2 Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.
Не се глупирај. Јасно е што е Свет Дух. Во Битие вика Spirit of God. Едно е духот на Господ, а СОСЕМ ДРУГО е експлицитно креираниот Свет Дух на христијанската раносредновековна догма.

Со секого ли од вас посебно ќе треба да го дрвиме за модерните преводи кои се таначат онака како што му одговара на конкретната христијанска секта?!? Сите 38000 варијанти ли ќе ги консултираме?!?!

Земи си KJB и цитирај од таму, па да видиме КАДЕ ТОА се споменува HOLY GHOST - НИ-КА-ДЕ!!!

Остај што го нема во Стариот, него го нема ниту во Новиот Завет. Тоа што те лажат попојте е друга работа!

Околу овие набадањата за Исус, ти можеш што сакаш да си проектираш и да шпекулираш и толкуваш што тоа би можело да значи.

Тоа никако нема да го смени ФАКТОТ што во Стариот Завет ИСУС НЕ ПОСТОИ!!!

А како и би постоел, кога во Новиот ЈАСНО ПИШУВА кога е „креиран!!!“

Најди ми едно единствено место во Стариот Завет каде се споменува Исус или Свет Дух.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зарем овие не се твои зборови:

...а ти можеш да си веруваш што сакаш, ама кога ќе го пишеш тоа тука, па уште со таков тон, има да биде ставено на темелно чешлање и одговрено со иста мера и аршин.

Или во излив на лутина и бес, забораваш што пишуваш???????????
Темелно ти беше прочешлан цитатот. И ТЕМЕЛНО ти беше објаснето зошто носиш РОЗЕВИ НАОЧАРИ кога си ја читаш Книгата своја. Наместо да се обидуваш да ги најдеш човечките гнасни цензури, ти се поведуваш по умот на оние кои сакаат да те остават во незнаење и покор.

Цитатот кој си го постирала е МЕНУВАН. Оригиналнот (како што темелно беа прочешлани повеќето достапни верзии) ти кажува дека НЕ СТАНУВА ЗБОР за Син Божји, туку за син на БОГОВИТЕ!!!

Кои богови, бе, друже?!?! Од каде БОГОВИ во монотеистичка религија?

Од каде вакви редактирани преводи? Од што тоа ти го учиш Словото?!?! Од прекрпувани лажни текстови кои се дотерувани за да се скријат вистините во Светото Писмо?!?!

--- надополнето ---

Мислам дека веќе дадов. Не?
What?
Ми пиша цитати кои доколку ги толкуваш во контекст на Новиот Завет можеби би се однесувале на Исус.

Тоа не е никакво споменување. Тоа се вика шпекулирање.

За светиот дух - исто. Де најди го каде е.

Остај глупи финти као:
духот на бог
духот на Исус
духот на силата
духот на водата
дохот на вистината
гулабот
пчелата
мрмотот
диносаурусот и слични глупости

КАДЕ ПИШУВА СВЕТИОТ ДУХ?!?! Каде тоа вика Господ е троедин и се состои од Татко, Син и Свет Дух?

НИ-КА-ДЕ!!!

А после ти прај си бајрам на умот. Нека те лажат при очи!
 
Член од
4 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
DBack,

Јас те замолив за одговор, но не добив никаков одговор од тебе, а тоа што ми цитираше стихови од повеќе англиски преводи, не е никаков доказ за тоа што го зборуваш.

Мојот превод на Библијата вели :

...и подобието на четвртиот е слично на Синот Божји. Кој е синот Божји????? Исус Христос, распнатиот и воскреснатиот, кој постои од век и веков, но ќе постои и за век и веков.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Каде тоа вика Господ е троедин[/B] и се состои од Татко, Син и Свет Дух?

НИ-КА-ДЕ!!!

А после ти прај си бајрам на умот. Нека те лажат при очи!
Мислиш каде воопшто во Библијата, или единствено за Стариот завет ме прашуваш?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom