Каде во Стариот Завет се споменува Исус?
91 Царот Навуходоносор кога чу дека тие пеат, се возбуди, стана брзо и им рече на големците свои: "Нели трите души врзани ги фрливме во огнот?" Тие му одговорија на царот: "Навистина така беше, царе!"
92 На тоа тој рече: "Еве јас гледам четири души, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и подобието на четвртиот е слично на синот Божји."
93 Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: "Седрахе, Мисахе и Авденаго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете." Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот,
94 и штом се собраат сатрапите, намесниците, воените началници и советниците цареви, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им се беа измениле, па дури и мирис на изгорено немаше на нив.
(книга на пророкот ДАНАИЛ 3:91-94)
Во цитираните стихови е опишан настанот кога царот Навуходоносор ги фрла во вжарена печка трите Еврејски момчиња кои што одбиваат да се поклонат на кипот од царот.
Но додека огнот од вжарената печка е за седум пати појак, него ли обично кога печката се загрева, царот во печката кој што фрли три момчиња, во случајот гледа четири момчиња. За едниот вели дека :„ ... и подобието на четвртиот е слично на синот Божји."
Моето прашање до тебе (бидејќи гледам дека доста се „колчо-перчиш“ со твоето „кобајаги“ Библиско познавање) е следното: која е оваа личност која што ја нарекуваат „ ...СЛИЧЕН НА СИНОТ БОЖЈИ“ ?????
Нели беа тројца фрлени во вжарената печка?? Од каде сега четворица, па дури четвртиот сличен на СИНОТ БОЖЈИ????
Верувам дека убаво ќе распалиш и ќе дадеш вистински Библиски одговор.
Однапред БЛАГОДАРАМ.