Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Од каде го знаеш тоа? Можеби твојата „Црква/заедница“ е во криво? Зошто некоја си друга „заедница“ да не е во право? Од каде тој ексклузивитет на баш „твојата“?
Црквата користи знаења кои и‘/ни‘ се од Бога откриени, за разлика од другите религии, кои користат чисто човечки овосветовни мудрости, или во полош случај, користат и демонски лаги, кои толку и траат. Проста споредба, направена меѓу учењето од Црквата и учењето од другите вери, наведува на заклучок дека учењето до Црквата не е просто човечко умување.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:17 ---
Лична волја имаш и ти, не е се’ според неговата волја...да не се лажеме
.

Поседувањето лична слободна волја, значи и можност за вскладување/прилагодување на мојата волја кон Божјата волја...
Надвор од тоа, постои само егоистична волја, која е цел сама за себе.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Веќе напишав: неверните не разликувата духовност од душевност и материјалност. Но добро: еве, јас ќе понесам „калашњиков„ па ќе испробаме дали си способен да избегнеш испален шаржер на растојание од 1 метар! Чисто да видам дали Твојата вера ќе Те спаси...

Ќе можеш?
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:18 ---
Постојат два типа на оружје ладно и огнено. Глупаво е да се споредуваат бидејки енергијата која се ослободува од огненото оружје е стотина пати поголема од онаа од ладното оружје тоа е физика.
Можеше да споредиш да речеме дали би прифатил да ме удриш со безбол палка у стомак или слично.
Која моја вера??
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:21 ---
Јас верувам затоа што вер(б)бата и потребата од неа е природна човекова потреба, а не некаква импресионираност...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:21 ---

А што ако некој нема потреба да верува. И овен тоа цело време се повикувата на чудата кои ги правел Исус значи сте импресионирани од него. Не мислиш дека ова е контрадикторно.
Се надевам дека си свесен што пишуваш. Прво викаш дека вербата во Бог е потреба и со тоа вербата ја сведуваш на како што викаш овосветовна или слично. Претходно кажуваш за чудата кои ги правел Исус и дека сите чуда се од Бог со што ја потенцираш духовноста.
Некако не си определен дали вербата во Бога е лична потреба која нема никаква врска со Бог или апсолутна која нема врска со учењата на верските институции.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Болдот? Не. Не ќе да е така. Не мора да сум Пикасо за да се воодушевувам на неговите дела. Ги измеша работите, за да си го оправдаш личниот избор (за било што, за кое нема упатство од „Црквата“) го припишуваш на дар или желба на бог.
Точно: не мораш да си Пикасо за да го вреднуваш сликарството, но и не мораш/не можеш да го вреднуваш сликарството, ако немаш барем грам осет за естетичност. Како и да е, мораш да тргнеш од она кое го имаш како даденост по раѓање, а не од она кое го немаш...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Нема потреба и не можам се‘ сам да знам, но затоа тука е Црквата, која знае се‘ што е потребно, вклучувајќи ги и азијатските боречки вештини и нивната намена.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:23 ---

Кон болтуваното: тоа уште една вообичаен фраза, зад која не стои никакво логично оправдување, а која служи за оправдаување на постоењето на боречките вештини.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:26 ---
Не се лажи Мики1.
Нели сте ослободени од егото во црквата.
Овие два пасуси се типичен пример за его.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Постојат два типа на оружје ладно и огнено. Глупаво е да се споредуваат бидејки енергијата која се ослободува од огненото оружје е стотина пати поголема од онаа од ладното оружје тоа е физика.
Можеше да споредиш да речеме дали би прифатил да ме удриш со безбол палка у стомак или слично.
Една од врвните способности, кои треба да ја постигнат вежбачите на боречките вештини е и способноста за избегнување куршуми, така? Не знам на која вештина се однесува: карате, кунг-фу или нешто слично...Токму затоа го споменав „калашњиковот„.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:26 ---
Не се лажи Мики1.
.
Тамам работа..
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:28 ---
Нели сте ослободени од егото во црквата.
.
Имаш погрешна претстава за учењето и верните во Црквата: во Црквата, никој не е ослободен од егото, туку работата е во тоа, кој кого го контролира: дали егото ме контролира мене или јас го контролирам егото.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:29 ---
А што ако некој нема потреба да верува..
Вер(б)ата е природна човекова потреба, од која не можат да избегаат ниту неверните.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Можам лично да посведочам дека молитвеното расположение, нема блага врска со „..убавото и позитивното...„, туку со сосема други човекови нешта. Ако сакам да се чувствувам „..убаво и позитивно...„, доволно ќе е добро да се испијанчам или „нафиксам„.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:28 ---
Баш ме интересира какво е молитвеното расположение.
Иначе самиот збор расположение означува некаква емоција.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Која моја вера??
Па самиот го спомена Буда...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:31 ---
И овен тоа цело време се повикувата на чудата кои ги правел Исус значи сте импресионирани од него. Не мислиш дека ова е контрадикторно.
.
Христос правеше чуда ради Неговото човекољубие, а не со намера да импресионира некого.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Источните философии се целосно спротивни на црковното учење. Како веќе реков, не е работата во чувствата, т.е. во човековата емотивност, која е само проста душевност, но не и духовност, туку во нешто сосема друго...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:30 ---
ИЗа болдот. Не само на црковното учење туку на сите монотеистички религии.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Црквата користи знаења кои и‘/ни‘ се од Бога откриени, за разлика од другите религии, кои користат чисто човечки овосветовни мудрости, или во полош случај, користат и демонски лаги, кои толку и траат. Проста споредба, направена меѓу учењето од Црквата и учењето од другите вери, наведува на заклучок дека учењето до Црквата не е просто човечко умување.
И другите учења го велат истото. Дека нивното е од бога дадено, а сите други се демонски лаги. Од тука произлегува дека сите се демонски лаги пошто еднинствена цел на сите е демонската работа, парите, што не е случај кај некои источни учења. Да не беше мотивот лични цели, како богатење и желба за власт, црквите во европа немаше да постојат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Некако не си определен дали вербата во Бога е лична потреба која нема никаква врска со Бог или апсолутна која нема врска со учењата на верските институции.
Вер(б)ата во Бога е лична и природна потреба од секоја човекова единка. Дали единката ќе се приклони кон Бога или кон некој идол, тоа е „ствар„ на личен избор. Дури и ако се работи за лична идолопоклоност, и таа е заснована на личната/природната потреба од верување во „некого„ и во „нешто„, но идолатријата е искривување на она кое навистина ни‘ е потребно.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
И немам потреба да верувам, оти верувам во сосема нешто друго....Што се однесува до егото, како и било која друга човекова огревовеност, тоа се лечат на друг начин, а не со увежбување смртоносни вештини.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:32 ---


Медитација е прост пасивизам, која има своја цел, која е се‘, само не она кое Црквата го учи. Просто кажано, разговараме за сосема различни и „некомпатибилни„ вери.

Зошто не го кажеш твојот начин на сузбивање на егото. Можеби ке изнајдеме трет полесен начин за да го сузбиеме егото :).


Медитацијата е сложен пасивизам.
Не разговараме за различни вери туку за вера и филозофија на живот :D
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И другите учења го велат истото. Дека нивното е од бога дадено, а сите други се демонски лаги. Од тука произлегува дека сите се демонски лаги пошто еднинствена цел на сите е демонската работа, парите, што не е случај кај некои источни учења. Да не беше мотивот лични цели, како богатење и желба за власт, црквите во европа немаше да постојат.
Било кој, може да каже било што...Човекот е битие кое има (раз)ум со кој може да ги распознава и разликува нештата во природата, вклучувајќи ги тука и разно-разните учења.

Лагата и лажењето не му се дадени на човекот, како негови природни атрибути, така да дури и атестите не сакаат да бидат излажани. Дали некое учење е точно, погрешно, вистинито или лажно, расуди самиот, оти Бог и за тоа ни‘ го дарил умот, или, како што би рекол Св.Ап. Павле: испитувајте ги духовите...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:42 ---
Зошто не го кажеш твојот начин на сузбивање на егото. Можеби ке изнајдеме трет полесен начин за да го сузбиеме егото :).


Медитацијата е сложен пасивизам.
Не разговараме за различни вери туку за вера и филозофија на живот :D
Во црковното учење, гревовноста се лечи на, условно кажано, едноставен начин: со пренасочување на гревовното однесување и на личната енергија, кон нешта кои се од Бога и од Црквата одредени.

Просто кажано, да не си ја трошиме енергијата кон своеглави и гревовни дејанија, туку кон чинење добри дела, согласно волјата Божја и потребите од другите луѓе, а најнакрај, и на личните потреби.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Било кој, може да каже било што...Човекот е битие кое има (раз)ум со кој може да ги распознава и разликува нештата во природата, вклучувајќи ги тука и разно-разните учења.
Точно. Секој може да каже се. Мојот разум вели дека сите се лага.
Лагата и лажењето не му се дадени на човекот, како негови природни атрибути, така да дури и атестите не сакаат да бидат излажани. Дали некое учење е точно, погрешно, вистинито или лажно, расуди самиот,
Не му се дадени ама многумина лажат.....за жал, па дури и оние кои ти мислиш дека божја вистина кажуваат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Точно. Секој може да каже се. Мојот разум вели дека сите се лага.
Една од опасните работи во Црквата, се состои од убеденоста во точноста од личните/субјективните ставови, кои во Црквата се нарекуваат „мнение„, у стилот: „...Јас мислам дека...„.

Никој не поверувал во Бога и не станал дел од Црквата, потпирајќи се на своите субјективни вистини, туку на давањето примат на Божјите и на црковните учења.

По Твојата логика, ако сите (учења) се лага, која е вистинита и што е вистинито? Оти во спротивно, ќе испадне дека сме сардисани саде со лага, лага, лага, лага...Лаже Црквата, лаже науката, лаже философијата, лаже уметноста, лаже лукавиот...

Кој стигне-лаже, а од секогаш постоеле луѓе, кои биле или се вистинољубиви. Од кај им е таа потреба?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Човекот е битие кое има (раз)ум со кој може да ги распознава и разликува нештата во природата
Една од опасните работи во Црквата, се состои од убеденоста во точноста од личните/субјективните ставови, кои во Црквата се нарекуваат „мнение„, у стилот: „...Јас мислам дека...„.
НЗС е?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom