Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Muranyi

Гостин
Тие боречки вештини во суштина се базираат на мир,толеранција и разбирање.Нивната главна идеја е одбегнување на оружјето,зашто со него може да се одземе човечки живот.Затоа рацете преставуваат совршена алатка за самоодбрана.Ова сето е во духот на Будизмот,чии свештеници и ги развиле најголем дел од боречките вештини за да ги зачуваат своите манастири од напади.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ги заборави шизиците од Spyro Gyra...
Е да не ми текна во моментот, можда му се омилени на г. г. Стефан па тој ти кажал.
Моите енергии ги знам и ги користам за она за кои се створени.
Така, јас велам дека немам...
Ти можеш да велиш што сакаш, дури не пробаш не знаеш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

А што све требит да сторам за да станам „пуносвесен„ за сите мои енергии? И конечно, зашто тие енергии се скриени а не лесно достапни и познати по/со раѓање?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Тоа е вообичаениот одговор., т.е изговор.
--- надополнето: 8 мај 2012 во 15:25 ---

Болтуваното е школски пример за идолопоклонство.

И кога му се обраќаш на Буда, каков одговор добиваш?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 15:27 ---

И од каде доаѓа таа енергија? Сама од себе, туку-така, или има свој „генератор„?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 15:28 ---

Зависи што очекуваш од мене: да го претворам оловото во злато или нешто слично?...
Зошто изговор не рабирам. Не си тренирал боречка вештина а викаш дека е изговор како да знаеш :confused:.

Ако ја следиш таа логика како се нарекува тогаш поклонувањето на иконите од светците во православието.

Пак не читаш.

Точно сама од себе секој човек ја поседува во одредена количина само преку тренингот учиш како да ја користиш кога ти е потребна. Тоа е онаа енергија која те штити од надворешни влијаниа.
Ке пробам да ти објаснам на друг начин. Кога присуствуваш на молитва се генерира одредена енергија и се чуствуваш после тој чин убаво и позитивно. Е сега дали си се запрашал дали таа енергија потекнува од молитвата, господ или присутните на литургијата.
Истото тоа чуство се постигнува и преку тренингот.
Е сега битната разлика е во тоа што источните филозофии откриле што е мора да биде исполнето за да се постигне тоа чуство.
И нема да веруваш дека се што е потребно за тоа е ослободување од егото.
Тука намерно не ја спомнав медитацијата бидејки таа се практикува за постигнување на повисоки ментални стадиуми кои со преходно наведените начини досега не знам за некој да успеал да ги постигне.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
А што све требит да сторам за да станам „пуносвесен„ за сите мои енергии? И конечно, зашто тие енергии се скриени а не лесно достапни и познати по/со раѓање?
Па никој не се родил учен бе Мики. Секоја способност треба да се развие.
Ти се сомневаш ли во твоето верување? Не си сигурен во тоа во што веруваш? Зошто тогаш априори ги отфрлаш другите учења освен христијанството? Нели секој има право да верува/неверува во што сака? Или мора во Христијанство?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Чекај, полека...

Нели рече дека боречките вештини служат за самоодбрана. Така, јас се‘уште не сум Те нападнал, а Ти веќе сакаш да ме претепаш?...

И конечно, каква е врската меѓу верата во Бога и насилието од азијатските боречки вештини?
Мики1 не превртувај зборови грев е:).
Јас само ти предложив а нели ти си сигурен во твојата верба па ова е наједноставен начин да утврдиме кој има посилна верба.
Или ова значи дека ти веруваш во Бог не затоа што си импресиониран од него туку зошто се плашиш ако е вака пак идеш у пеколот Бог е семокен ти го чита срцето.
--- надополнето: 8 мај 2012 во 16:29 ---
Тие боречки вештини во суштина се базираат на мир,толеранција и разбирање.Нивната главна идеја е одбегнување на оружјето,зашто со него може да се одземе човечки живот.Затоа рацете преставуваат совршена алатка за самоодбрана.Ова сето е во духот на Будизмот,чии свештеници и ги развиле најголем дел од боречките вештини за да ги зачуваат своите манастири од напади.

Баш така ама види во претходните постови што пропагира црквата
 
С

Само Човек

Гостин
Целта не сексот кога нема љубов- калории
Целта на борбата кога нема победник-калории
целта на трчање на водно, истото
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Целта не сексот кога нема љубов- калории
Целта на борбата кога нема победник-калории
целта на трчање на водно, истото
Цел? Хм..... има доста
Целта на религиите кога нема бог- слепа верба
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Целта не сексот кога нема љубов- калории
Целта на борбата кога нема победник-калории
целта на трчање на водно, истото
Здоволство :)
Секоја борба има победник. Целта е да се победиш самиот себе.
Набивање кондиција.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па никој не се родил учен бе Мики. Секоја способност треба да се развие.
Ти се сомневаш ли во твоето верување? Не си сигурен во тоа во што веруваш? Зошто тогаш априори ги отфрлаш другите учења освен христијанството? Нели секој има право да верува/неверува во што сака? Или мора во Христијанство?
Се согласувам дека секоја способност треба да се развие, но ако таа способност ни‘ е дадена потенцијално, со нашето раѓање, и ако таа способност се развива во насока, која има своја смисла и цел! Токму таква е параболата со талантите!

Не се сомневам во моето верување, оти тие сомнежи за мене се само почетничка и одамна надмината работа. Добро сум запознаен со мојата вероисповест, така да немам дилеми околу мојот избор.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:16 ---
Мики1 не превртувај зборови грев е:).
Јас само ти предложив а нели ти си сигурен во твојата верба па ова е наједноставен начин да утврдиме кој има посилна верба.
Веќе напишав: неверните не разликувата духовност од душевност и материјалност. Но добро: еве, јас ќе понесам „калашњиков„ па ќе испробаме дали си способен да избегнеш испален шаржер на растојание од 1 метар! Чисто да видам дали Твојата вера ќе Те спаси...

Ќе можеш?
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:18 ---
Или ова значи дека ти веруваш во Бог не затоа што си импресиониран од него туку зошто се плашиш ако е вака пак идеш у пеколот Бог е семокен ти го чита срцето.
Јас верувам затоа што вер(б)бата и потребата од неа е природна човекова потреба, а не некаква импресионираност...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:21 ---
Зошто изговор не рабирам. Не си тренирал боречка вештина а викаш дека е изговор како да знаеш :confused:.
.
Нема потреба и не можам се‘ сам да знам, но затоа тука е Црквата, која знае се‘ што е потребно, вклучувајќи ги и азијатските боречки вештини и нивната намена.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:23 ---
Точно сама од себе секој човек ја поседува во одредена количина само преку тренингот учиш како да ја користиш кога ти е потребна. Тоа е онаа енергија која те штити од надворешни влијаниа.
.
Кон болтуваното: тоа уште една вообичаен фраза, зад која не стои никакво логично оправдување, а која служи за оправдаување на постоењето на боречките вештини.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:26 ---
Ке пробам да ти објаснам на друг начин. Кога присуствуваш на молитва се генерира одредена енергија и се чуствуваш после тој чин убаво и позитивно. Е сега дали си се запрашал дали таа енергија потекнува од молитвата, господ или присутните на литургијата.
Можам лично да посведочам дека молитвеното расположение, нема блага врска со „..убавото и позитивното...„, туку со сосема други човекови нешта. Ако сакам да се чувствувам „..убаво и позитивно...„, доволно ќе е добро да се испијанчам или „нафиксам„.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:28 ---
Е сега битната разлика е во тоа што источните филозофии откриле што е мора да биде исполнето за да се постигне тоа чуство.
Источните философии се целосно спротивни на црковното учење. Како веќе реков, не е работата во чувствата, т.е. во човековата емотивност, која е само проста душевност, но не и духовност, туку во нешто сосема друго...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:30 ---
И нема да веруваш дека се што е потребно за тоа е ослободување од егото.
И немам потреба да верувам, оти верувам во сосема нешто друго....Што се однесува до егото, како и било која друга човекова огревовеност, тоа се лечат на друг начин, а не со увежбување смртоносни вештини.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:32 ---
Тука намерно не ја спомнав медитацијата бидејки таа се практикува за постигнување на повисоки ментални стадиуми кои со преходно наведените начини досега не знам за некој да успеал да ги постигне.
Медитација е прост пасивизам, која има своја цел, која е се‘, само не она кое Црквата го учи. Просто кажано, разговараме за сосема различни и „некомпатибилни„ вери.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Се согласувам дека секоја способност треба да се развие, но ако таа способност ни‘ е дадена потенцијално, со нашето раѓање, и ако таа способност се развива во насока, која има своја смисла и цел! Токму таква е параболата со талантите!
ОК, значи сите имаме во себе потенцијал. Своја цел има се’, за тебе можеби, небитни работи, за некого битни. Не значи дека твојата „перцепција“ за битното е исправна.
Не се сомневам во моето верување, оти тие сомнежи за мене се само почетничка и одамна надмината работа. Добро сум запознаен со мојата вероисповест, така да немам дилеми околу мојот избор.
Јас верувам затоа што вер(б)бата и потребата од неа е природна човекова потреба, а не некаква импресионираност...
Одлучи се, потреба ли е, избор ли е.....
Ако не се сомневаш во твојот избор, зошто те плашат други туѓи избори? Зошто се што не е твој избор го анатемисуваш и го припишуваш на дело на лукавиот. Треба ли сите да го следат твојот избор?
Нема потреба и не можам се‘ сам да знам, но затоа тука е Црквата, која знае се‘ што е потребно, вклучувајќи ги и азијатските боречки вештини и нивната намена.
Црквата знае се’ што е потребно??? Бог да чува.....Ти се шалиш секако. Веројатно црквата ти даде образование
Кон болтуваното: тоа уште една вообичаен фраза, зад која не стои никакво логично оправдување, а која служи за оправдаување на постоењето на боречките вештини.
Ти зборуваш за логично оправдување? Ај примени го тоа логично оправдување на се што правиш во животот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ОК, значи сите имаме во себе потенцијал. Своја цел има се’, за тебе можеби, небитни работи, за некого битни. Не значи дека твојата „перцепција“ за битното е исправна.
Да, секој од нас, како поединец, има свој дар или дарови, кои треба да ги збогатува и насочува кон целта, одредена од Бога и од Црквата. Надвор од таа цел, постои само некоја своеглава, егоистичка цел, која не е по Божјата, туку по личната волја.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:51 ---
Одлучи се, потреба ли е, избор ли е.....
.
Потреба е‘, а изборот е личен, по слободна волја.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:54 ---
Ако не се сомневаш во твојот избор, зошто те плашат други туѓи избори? Зошто се што не е твој избор го анатемисуваш и го припишуваш на дело на лукавиот. Треба ли сите да го следат твојот избор?

Воопшто не ме плашат туѓи избори, од проста причина: како што изборот е личен, така се лични и последиците од тој избор. Лично, сакам да одговарам само за себе, како што е уредено до Црквата, но не да одговарам и за другите.

Лукавиот има миљон начини на делување, кои се добро познати и лесно препознатливи.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:55 ---
Црквата знае се’ што е потребно??? Бог да чува.....Ти се шалиш секако. Веројатно црквата ти даде образование
Црквата/заедница, знае се‘ што е потребно, во областа од духовноста, за која Црквата е создадена и за која Црквата постои. Ако очекуваш Црквата да се занимава со програмирање, во криво си...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да, секој од нас, како поединец, има свој дар или дарови, кои треба да ги збогатува и насочува кон целта, одредена од Бога и од Црквата. Надвор од таа цел, постои само некоја своеглава, егоистичка цел, која не е по Божјата, туку по личната волја.
Болдот не ти боде очи? Ти се’ правиш само тоа што е одредено од „Бога и од Црквата“? Не би рекол. Ништо не правиш од лично задоволство? Спиро на пр....
Потреба е‘, а изборот е личен, по слободна волја.
Твое лично мислење со кое не мора и нема да се согласам
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти зборуваш за логично оправдување? Ај примени го тоа логично оправдување на се што правиш во животот.
Оправдувањето е типичен начин на живеење од световните луѓе: тие, се‘ што чинат, чинат за да го оправдаат. Во живеењето според Црквата, нема оправдувања, оти сме оправдани преку крсната жртва Христова. Секое оправдување надвор од Христа, е само уште едно повторување на Адамовото оправдување за неговиот грев. Делувањето од верните е засновано на исполнување на волјата Божја, а делувањето од неверните се заснова на исполнување на личната волја, која (им) е цел сама за себе...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:03 ---
Болдот не ти боде очи? Ти се’ правиш само тоа што е одредено од „Бога и од Црквата“? Не би рекол. Ништо не правиш од лично задоволство? Спиро на пр....
Не негирам дека слушам музика и тоа во обилни количини, но и тоа слушање е засновано на дарот Божји, т.е. личната склоност кон музиката, ќе признаеш, нели?....Слушањето музика, и воопшто, музикалноста, е чисто душевна и природна човекова потреба и интерес, но само ако имаш дар (Божји) за такво дејание.

Сигурен сум дека знаеш луѓе кои музиката не ги „занима„, оти не им е ни дадено да ги „занима„, така?...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Црквата/заедница, знае се‘ што е потребно, во областа од духовноста, за која Црквата е создадена и за која Црквата постои. Ако очекуваш Црквата да се занимава со програмирање, во криво си...
Од каде го знаеш тоа? Можеби твојата „Црква/заедница“ е во криво? Зошто некоја си друга „заедница“ да не е во право? Од каде тој ексклузивитет на баш „твојата“?

Оправдувањето е типичен начин на живеење од световните луѓе: тие, се‘ што чинат, чинат за да го оправдаат. Во живеењето според Црквата, нема оправдувања, оти сме оправдани преку крсната жртва Христова. Секое оправдување надвор од Христа, е само уште едно повторување на Адамовото оправдување за неговиот грев. Делувањето од верните е засновано на исполнување на волјата Божја, а делувањето од неверните се заснова на исполнување на личната волја, која (им) е цел сама за себе...
Лична волја имаш и ти, не е се’ според неговата волја...да не се лажеме
Не негирам дека слушам музика и тоа во обилни количини, но и тоа слушање е засновано на дарот Божји, т.е. личната склоност кон музиката, ќе признаеш, нели?....Слушањето музика, и воопшто, музикалноста, е чисто душевна и природна човекова потреба и интерес, но само ако имаш дар (Божји) за такво дејание.

Сигурен сум дека знаеш луѓе кои музиката не ги „занима„, оти не им е ни дадено да ги „занима„, така?...
Болдот? Не. Не ќе да е така. Не мора да сум Пикасо за да се воодушевувам на неговите дела. Ги измеша работите, за да си го оправдаш личниот избор (за било што, за кое нема упатство од „Црквата“) го припишуваш на дар или желба на бог.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom