Па никој не се родил учен бе Мики. Секоја способност треба да се развие.
Ти се сомневаш ли во твоето верување? Не си сигурен во тоа во што веруваш? Зошто тогаш априори ги отфрлаш другите учења освен христијанството? Нели секој има право да верува/неверува во што сака? Или мора во Христијанство?
Се согласувам дека секоја способност треба да се развие, но ако таа способност ни‘ е дадена потенцијално, со нашето раѓање, и ако таа способност се развива во насока, која има своја смисла и цел! Токму таква е параболата со талантите!
Не се сомневам во моето верување, оти тие сомнежи за мене се само почетничка и одамна надмината работа. Добро сум запознаен со мојата вероисповест, така да немам дилеми околу мојот избор.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:16 ---
Мики1 не превртувај зборови грев е
.
Јас само ти предложив а нели ти си сигурен во твојата верба па ова е наједноставен начин да утврдиме кој има посилна верба.
Веќе напишав: неверните не разликувата духовност од душевност и материјалност. Но добро: еве, јас ќе понесам „калашњиков„ па ќе испробаме дали си способен да избегнеш испален шаржер на растојание од 1 метар! Чисто да видам дали Твојата вера ќе Те спаси...
Ќе можеш?
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:18 ---
Или ова значи дека ти веруваш во Бог не затоа што си импресиониран од него туку зошто се плашиш ако е вака пак идеш у пеколот Бог е семокен ти го чита срцето.
Јас верувам затоа што вер(б)бата и потребата од неа е природна човекова потреба, а не некаква импресионираност...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:21 ---
Зошто изговор не рабирам. Не си тренирал боречка вештина а викаш дека е изговор како да знаеш
.
.
Нема потреба и не можам се‘ сам да знам, но затоа тука е Црквата, која знае се‘ што е потребно, вклучувајќи ги и азијатските боречки вештини и нивната намена.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:23 ---
Точно сама од себе секој човек ја поседува во одредена количина само преку тренингот учиш како да ја користиш кога ти е потребна. Тоа е онаа енергија која те штити од надворешни влијаниа.
.
Кон болтуваното: тоа уште една вообичаен фраза, зад која не стои никакво логично оправдување, а која служи за оправдаување на постоењето на боречките вештини.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:26 ---
Ке пробам да ти објаснам на друг начин. Кога присуствуваш на молитва се генерира одредена енергија и се чуствуваш после тој чин убаво и позитивно. Е сега дали си се запрашал дали таа енергија потекнува од молитвата, господ или присутните на литургијата.
Можам лично да посведочам дека молитвеното расположение, нема блага врска со „..убавото и позитивното...„, туку со сосема други човекови нешта. Ако сакам да се чувствувам „..убаво и позитивно...„, доволно ќе е добро да се испијанчам или „нафиксам„.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:28 ---
Е сега битната разлика е во тоа што источните филозофии откриле што е мора да биде исполнето за да се постигне тоа чуство.
Источните философии се целосно спротивни на црковното учење. Како веќе реков, не е работата во чувствата, т.е. во човековата емотивност, која е само проста душевност, но не и духовност, туку во нешто сосема друго...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:30 ---
И нема да веруваш дека се што е потребно за тоа е ослободување од егото.
И немам потреба да верувам, оти верувам во сосема нешто друго....Што се однесува до егото, како и било која друга човекова огревовеност, тоа се лечат на друг начин, а не со увежбување смртоносни вештини.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 09:32 ---
Тука намерно не ја спомнав медитацијата бидејки таа се практикува за постигнување на повисоки ментални стадиуми кои со преходно наведените начини досега не знам за некој да успеал да ги постигне.
Медитација е прост пасивизам, која има своја цел, која е се‘, само не она кое Црквата го учи. Просто кажано, разговараме за сосема различни и „некомпатибилни„ вери.