Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А какво треба да биде чудото? Исполнување нечија желба? Ете, и фарисеите и книжнците од Христа бара да им стори некое чудо, демек, ако Он стори чудо, тие, ѓоамити, веднага ќе Му поверуваат... :confused: (Матеј, 12.38).

Значи, ем поставуваш барање за чинење чудо, ем истовремено се сомневаш дека некој може да стори чуdo.
Mene mi se cini kako legitimno baranje na eden skeptik - pokazi mi za da poveruvam. Neli?

Shto ima nekoj da pokazuva nekomu koj vekje veruva?!?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па токму во тоа и е проблемот: скептикот ќе остане скептик, дури и сам Бог да се појави пред скептикот. Евангелијата се полни со такви случаи.

Така, ако неверникот бара чудо, а притоа самиот не верува во чуда, и во најлош случај, не верува во Бога, од кај ќе расуди неверникот дека стореното чудо ќе биде чудо или некоја измама? И конечно, на верните не им требаат чуда за да веруваат, оти верните веќе веруваат. Поимот „вера„, значи верување на невидено, неслушнато, на недопрено, но воедно, поимот „вера„ значи и имање доверба „на збор„, во оној кој ја задал верата/вероучението.

На форумов,. веќе има доволно неверници, кои не веруваат дури ни во документирани чуда, како на пример, Великденскиот оган во Ерусалим, па таквите „неверни томи„ си наоѓаат свои, чисто рационални толкувања за тој оган, квалификувајќи го огнот „вака„ или „така„.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Па токму во тоа и е проблемот: скептикот ќе остане скептик, дури и сам Бог да се појави пред скептикот. Евангелијата се полни со такви случаи.
Од друга страна верникот верува и дури и да не постои Бог, тој ќе верува
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Можна е и таква вер(б)а: верникот верува, а нема ниту матна претстава во што верува. Лично знам поединици, кои велат: „има нешто„, ама немаат поим што е „тоа.„. Тоа не е нешто необично, оти верата е квалитет/атрибут на човековиот дух и од таа вроденост на вер(б)ата, не можат да избегаат ниту неверниците.

Неверните веруваат дека не постои Бог, а верните веруваат дека постои Бог. Така, и едните и другите-веруваат.

Во Црквата, кога велиме дека веруваме, ние точно наведуваме во „кого„ и во „што„ веруваме. Основите за тоа верување, дадени се во Симболот од верата, а фина елаборација за богот во кој веруваме и за учењето кое го исповедаме, дадена е во учењето до Црквата.

Така, не се работи за некаква „слепа„ вера, како што милуваат да кажат атеистите, туку се работи за точно објаснување во „кого„ и во „што„ веруваме.
 
С

Само Човек

Гостин
Имало еден верник и слепо верувал. Надошло поплава и дошол еден чамец, верникот мене бог ќе ме спаси, втор чамец овој пак исто, само главата му останала и трет чамец доаѓа , овој пак исто. Умира и му вели на бог, абе боже зошо не ме спаси ?Бог одговара три пати ти праќав спас , а ти не го прифати.
Бог делува преку луѓето, праави чуда кога е потребна помош.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644

А ја пак мислев дека понтата на вицот е секогаш сам да ги носиш одлуките а не да чекаш друг да ја донесе одлуката за тебе.

А има и друг. На фудбалски натревар во публика седат поп и рабин. Натпреварот стига до изведување на пенали и еден од играчите тргнува да изведе пенал и се прекрстува. На тоа рабинот го прашува попот што значи тоа. И попот му одговара ништо ако не знае да шутира пенали.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А какво треба да биде чудото? Исполнување нечија желба? Ете, и фарисеите и книжнците од Христа бара да им стори некое чудо, демек, ако Он стори чудо, тие, ѓоамити, веднага ќе Му поверуваат... :confused: (Матеј, 12.38).

Значи, ем поставуваш барање за чинење чудо, ем истовремено се сомневаш дека некој може да стори чудо.

Чуда можат да чинат само поединци, кои се достојни да бидат чудотворци и кои од Бога стекнуваат таков дар.
Епа во цитираниот стих убаво стои дека ако некој верува во Исус, ќе може да ги прави истите чуда како и Исус дури и поголеми.
Јас прашав дали вие кој верувате вои Исус може на дело да докажете дека Исус бил во право.
Можете или не? Едноставно е прашањето.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве, јас не можам, а знам и зашто не можам.

А доколку наидеш на некој достоен, а истовремено е и чудотворец, дали ќе поверуваш дека чудотворецот тоа го чини со Божја сила и конечно, дали ќе поверуваш дека Бог постои?
 
T

Tetro

Гостин
Дали ти можеш да правиш такви чуда, бидејќи веруваш во него?
тука не се мисли за правење чуда, туку за следењето (слугување) кон измислени Божества, за измислување нови приказни, итн.
кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши;
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
тука не се мисли за правење чуда, туку за следењето (слугување) кон измислени Божества, за измислување нови приказни, итн.
Не би рекол, еве на кој цитат се однесуваше прашањето:
„Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец” (Јован 14,12).
Не се споменува никаде за измислени божества.

Исто така во Матеј 10:8 се вели следново:
Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Кој денеска воскреснува мртви?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Па токму во тоа и е проблемот: скептикот ќе остане скептик, дури и сам Бог да се појави пред скептикот. Евангелијата се полни со такви случаи.
Не се согласувам. Еве јас како скептик би верувал и тоа не ми треба да се појави или да изведе некое чудо туку ми е доволно да ја има објаснето комплетната постапка за достигнување на тој степен на ментален и физички развој.
Еве ке наведам и пример со кој мислам дека ке се согласат и скептиците како мене на форумов.
Шаолинската челична кошула која е изведена не само на промоции туку и во строго контролирани услови и која може да постигне секој.
 
В

влијателен

Гостин
Не би рекол, еве на кој цитат се однесуваше прашањето:
„Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец” (Јован 14,12).
Не се споменува никаде за измислени божества.

Исто така во Матеј 10:8 се вели следново:
Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Кој денеска воскреснува мртви?
Најчесто кардиолози, хирурзи и анестезиолози. Очигледно е дека вербата во Него не им е НЗС на сите, па заклучувам дека се од спротивниот табор.
 
T

Tetro

Гостин
Не би рекол, еве на кој цитат се однесуваше прашањето:
„Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец” (Јован 14,12).
Не се споменува никаде за измислени божества.
Само тој цитат колега го имам во предвид моментално. (види цитат)
кој верува во Мене (верува во него), делата кои ги вршам Јас (тоа што јас го правам, слугувам на измислено Божество) и тој ќе ги врши (и тој ќе слугува на измислениот Бог), и поголеми од нив ќе врши (и ќе раскажува и ќе пишува за тоа, како што правиме моментално); затоа Јас си одам кај Својот Отец (јас го отслужив своето, заминувам сега)

Исто така во Матеј 10:8 се вели следново:
Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Кој денеска воскреснува мртви?
ова се носи со дечкото од филмот

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кој денеска воскреснува мртви?
Погоре споменатиот стих, т.е. заповед, која ја одредува Христос, се однесува на Апостолите (Матеј, 10.5), значи, сите наведени моќи, Он им ги дава пред се‘, на Апостолите, така да не е потребно да прашуваш, кој денес воскреснува мртви. Тие кои денес можат да лекуваат и воскреснуваат, тоа го чинат со демонска моќ, а не со силата Божја.

За среќа,во Црквата има поприлично Светии, кои имале и исцелителска моќ. Во манастирот „Св. Троица„ на Метеори, живее старец, кој лекува по молитвите од Мајката Божја и тој старец е редовно растрчан низ цела Грција, оти редовно го бараат.
--- надополнето: 7 мај 2012 во 16:40 ---
Не се согласувам. Еве јас како скептик би верувал и тоа не ми треба да се појави или да изведе некое чудо туку ми е доволно да ја има објаснето комплетната постапка за достигнување на тој степен на ментален и физички развој.
Еве ке наведам и пример со кој мислам дека ке се согласат и скептиците како мене на форумов.
Шаолинската челична кошула која е изведена не само на промоции туку и во строго контролирани услови и која може да постигне секој.
Што е тоа „шаолинска кошула„ и од кај знаеш дека тоа може да го постигне секој?
 
С

Само Човек

Гостин
Денешен Вест страна 17 , чудо . Воскреснување на бебе во Аргентина. Ти благодарам боже
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom