Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Нема друг извор за исус и неговото дело освен новиот завет. Затоа и земаме и го анализираме Новиот завет и укажуваме на сите оние места каде Новиот завет не се совпаѓа со историските факти, или самиот себе си противречиАха...?! Значи сега Библијата не е повеќе фалсификат и згора на тоа е веродостоен извор, па можеш да се повикуваш на неа?!
Нејсе....
И не само тоа, Јосиф од Ариматеја му ја отстапил и својата лична приватна градина за да во неа го распнат Исус и тој лично го ставил во својот гроб, во својата градина.... ова станува сумњиво.... пак Лука вели дека распнувањето народот го следел од “поддалеку“. А Исус “умира“ многу брзо, невобичаено кога се знае дека и по неколку дена распнатите умирале на крст и то во момент кога му принесуваат оцет на сунѓер кој има дејство да го поврати и освести распнатиот!!Зар не е сосема веројатно дека еврејското свештенство и владејачкиот сталеж биле заинтересирани само за своите позиции, и како такви, биле силни сојузници на Рим?!
Оттука, Јосиф од Ариматеја, фарисеј и виден член на Синедрионот, но и таен ученик на Христос, со „врски“ успеал да го добие телото од крстот за да го погребе.
Аууу ова треба да го споредиме
1 - Римјаните осудените ги распнуваа на јавни места, обично долж пат или пред порти на град како пример за другите, Исус го распнале во приватна градина подалеку од очите на јавнноста
2 - Распнатит умирале и по неколку дена, за да им ја забрзат смртта обично им кршеле нозете за да телото не може да се потпира и побрзо се задушувале. Исус умира за сат два без скршени нозе
3 - Телото на распнатиот било оставано на крст додека почне да се распаѓа и тогаш е фрлано во заеднички гробници. Телото на Исус е симнато од крст и дадено на чоек кој не му е ни роднина.
Према горе наведеното може вака да се заклучи, Пилат, потплатен од Јосифа, организира ѓоа распнување (да ги смири еврејските свештеници) на приватен имот, далеку од јавноста, за сат два го спуштаат Исус од крст, Јосиф го зема и крие во гробот во таја иста градина за попосле да го извлече и избега.
Се се вклопува, исто како и описот на Пилат кој ни го дава Флавиј како поткуплив и покварен!!
Савле не бил сведок туку обвинител на Стефана. Од ко го каменуваа, по еврејскиот обичај, алиштата му се положуваат пред нозете на обвинителот - Савле - Павле. Еве сега една многу реална можност за павле. Павле Савле, ја гонел црквата и првите следбеници на Исус. Ги откривал, ги грабал, ги затварал, ги мачел и убивал. Но не можеле така да ги истребат. Првите христијани си беа верни на јудејскиот закон, соработувале со зелоти - борци против рим, и сметале дека Исус беше легитимен цар на Јудеја а не римсиот цар, се воружувале и вршеле напади и на римски гарнизони и на храмот. Рим се плашел од востание и од одзив на евреи не само од јудеја туку и од дијаспората кои би дошле да се борат потикнати од Исус месијата и неговата идеја за слободна јудеја. Затоа Павле се уфрла во нивни редови и тргнува да им ја руши идеологијата, сегде вели дека Исус бил за мир, дека не мислел ни на какви овоземни царства, дека не треба да ги слушаат апостолите од Ерусалем и нивните заповеди, тврди дека само неговото проповедање е точно и вистинто. Мене ми е Павле сумњв од почеток, прво не можеше да објасни како тоа Исус му се обратил нему даваше 3 различни искази за тој најзначаен момент во неговиот живот. Јас пред некоја година имав сообраќајка па уште пред очи ми е цел настан до детал како и таблицата на тој шо ме удри а тој не можеше да се сети на таков настан!!!, после не појде ни да се види со апостолите, учениците и брат му на Исус туку на своја рака одеше и проповедаше, без да се консултира во ерусалем кај апостолите и Јаков дали таков Исус треба да го проповеда, цело време римски војници и службеници го чуваат и помагаат, полн е со пари, сместен на дворец, има слуги... и од кога заврши со задачата и го искриви христијанството, ојде да живее во Рим и таму проповедал. Нек ми објасни некој од каде тој пари за да плаќа 2 години кирија за куќа во рим, пари за облека, огрев, јадење, пиење..... а ништо да не работи?? Имал државвна плата или пензија??Оттука, Савле, ученик на Гамалиил, виден член на јудејското општество, фарисеј, дури и сведок на убиството на свети Стефан, човек со силна ревност, со дозвола на Римјаните ги кодошел, па дури и спроведувал христијаните на суд (но, чиј суд?!). Кога подоцна се покајал, апостолите во Ерусалим го примиле прво со резерва, знајќи дека претходно ги прогонувал, но кога сфатиле дека навистина поверувал и се крстил, сосема го прифатиле...
Зошто потоа Римјаните го оставиле слободен?!
Па едноставно заради тоа што немале валидно обвинение против него, освен клеветите на еврејското свештенство, а згора заради тоа што се повикал на својот римски граѓански статус. Политика... од една страна им одговарало да го подгреваат разединувањето одвнатре на јудејското општество (и не ги интересирале „секташки недоразбирања“), а од друга страна да не го изгубат свештенството како сојузник...
На крај, и самиот Павле бива погубен во Рим... како и илјадници после него!
As simple as that...
И кај е опишано кога и како умрел. Јас имам слушнато дека починал на пат за Шпанија каде намеравал да оди. Од каде сега дека го убиле во Рим кога римјаните го остаиле во куќа да си проповеда слободно. Значи неговата проповед му одговарала на римската политика и власт.