Спрема делата и евангелијата, Павле бил посебно третиран од страна на Римјаните. Пред да се “преобрати“ Павле самиот раскажува како апсеѓе луѓе, ги ивлекуваше од домовите и ги предавше во затвори, ја пустел црквата и до смрт ги гонел учениците. (Дела 8:3, Дела 9:1, Дела 22:4) Значи бил некој вид на полиција и џелат. Јудеја била под римска власт, имало едни затвори - римски, значи Павле бил соработник на римската власт во Јудеја и имал дозвола о римската власт да извршува смртни казни.
И не само тоа, од делата узнаваме дека Павле добил дозвола да оди во Дамаск и ако тамо најди некој безбожник маж или жена, врзани да ги донесе во Ерусалем. Делата велат дека барал дозвола од првосвештеникот! Дамаск е во Сирија. Друга провинција, под управа на друг римски конзул или префект. За да некој евреин од Јудеја, дојде со група свои помагачи и апси, врзува и однесува жители на друга провинција кои таму живеат работат плаќаат даноци.... треба дозвола од римските власти. И тоа салам дозвола.
Од кога Павле се “преобратил“ тој почнал (према дела и посланијата) да ја шири верата во Исус, но бил постојано под закани и напади од страна на евреите. Е сега имаме интересен пресврт. Павле, додека бил правоверен евреин, слободно апсел, затварал и убивал оние кои скршнале од еврејското правоверие. Кога Павле станал “христијанин“ кога тој скршнал од еврејското правоверие, и кога сакале него да го грабнат тепаат и убијат - ете ја римската војска и го спасува Павла!! (Дела 23:10) Не само тоа, римјаните дознаваат дека евреите планираат да го убијат Павла и решаваат да го заштитат по секоја цена. За да го испратат Павле (кој го порповедал Исус) римјаните му даваат заштита од 470 римски војници да го однесат во Цезареја! 200 војници пешадија, 200 војници стрелци и 70 коњаници! (Дела 23:23) и го праќаат Павлета во дворецот на Ирод каде го држеа “лабаво“ и не запираа никого од неговиде кои идеа да го видат или да му “служат“! Исус за своите зборови и дела бил распнат, неговите ученици фаќани, затварани, мачени, убивани... а Павле под заштита на римска војска пратен на дворот на Ирод каде го служеле и поминувал време во разговори со намесникот Феликс! До пред малце, Павле имал благослов од римските власти да оди низ царството и апси затвара и убива секој што го проповеда Исуса, а сега Римјаните се спремни да жртвуваат свои војници да го заштитат Павлета кој го проповеда Исуса и со посебно внимание се грижат за Него!!? Има нешто чудно тука....
На крај, Павле завршува во Рим, си изнајмува куќа, живее таму и СЛОБОДНО проповеда, и му идат и посетители и гости.
Аха...?! Значи сега Библијата не е повеќе фалсификат и згора на тоа е веродостоен извор, па можеш да се повикуваш на неа?!
Нејсе....
Зар не е сосема веројатно дека еврејското свештенство и владејачкиот сталеж биле заинтересирани само за своите позиции, и како такви, биле силни сојузници на Рим?!
Оттука, Јосиф од Ариматеја, фарисеј и виден член на Синедрионот, но и таен ученик на Христос, со „врски“ успеал да го добие телото од крстот за да го погребе.
Оттука, Савле, ученик на Гамалиил, виден член на јудејското општество, фарисеј, дури и сведок на убиството на свети Стефан, човек со силна ревност, со дозвола на Римјаните ги кодошел, па дури и спроведувал христијаните на суд (но, чиј суд?!). Кога подоцна се покајал, апостолите во Ерусалим го примиле прво со резерва, знајќи дека претходно ги прогонувал, но кога сфатиле дека навистина поверувал и се крстил, сосема го прифатиле...
Зошто потоа Римјаните го оставиле слободен?!
Па едноставно заради тоа што немале валидно обвинение против него, освен клеветите на еврејското свештенство, а згора заради тоа што се повикал на својот римски граѓански статус. Политика... од една страна им одговарало да го подгреваат разединувањето одвнатре на јудејското општество (и не ги интересирале „секташки недоразбирања“), а од друга страна да не го изгубат свештенството како сојузник...
На крај, и самиот Павле бива погубен во Рим... како и илјадници после него!
As simple as that...
Исус бил месија, човек роден нормално од жена. Таков Исус знаат црквите кои настанаа надвор од Римска власт. Заради тоа се и осудени од Ватикан, и сите тие книги во тие цркви кои кажуваат за таков Исус се забранети. Таков Исус проповедаа и ебонитите - назарените со векови по Исус и во региони кои биле под Римска власт. А и Исус бил НАЗАРЕН а не од НАЗАРЕТ.
Упорно ја вртиш работата кон монофизитски, монотелитски, монтанистички, хелијастични, несторијански и какви ли не учења/ереси, кои имаат точка на почеток, различна од првиот век. Со што се доведува во прашање твоето тврдење дека во себе го содржат „оригиналното“ учење...