Добро.
Граделе кула и тоа е добро но не ми е јасно зошто бог извршил саботажа на тој проект??
Што ќе било ако кулата била изградена?
Кулата сама по себе не е лоша. Но тие не граделе обична кула. Тие граделе еден вид олтар, споменик за себевеличање, ароганција и бунтовност спрема Бог. Тие граделе градба која меѓу другото со која јасно давале до знаење дека не им треба Бог, дека тие имаат споменик „со врв до небото“, дека тие си се самите себе си бог.
„ Тогаш рекоа: „Ајде, да си изградиме град и кула,
со врв до небото! Да си спечалиме име, за да не се распрснеме по целата земја!”“ (
Битие 11:4, Библијата)
Исто така треба да се земе предвид и Божјото провидение (предзнаење) во однос на намерите што ги имале вавилонците со тој град и таа кула. Бог рекол:
„„Ете, еден народ се, со еден јазик за сите!
Но, ова е само почеток на нивните настојувања. Сега ништо нема да им биде неостварливо, што и да намислат да направат.“ (
Битие 11:6, Библијата)
Што ќе било ако кулата била изградена, можеме само да нагаѓаме. Од оскудните информации запишани во Библијата претпоставувам дека нивната гордост се повеќе ќе растела, ќе доминирале и ќе биле закана за околните народи. Можеби Бог сакал на овој начин да ги заштити околните народи од возгордеаноста и егоцентризмот на вавилонците.
Интересно е што во понатамошната историја, луѓето повторно не се откажале од изградбата на „големиот и моќниот Вавилон“ и во еден период навистина направиле голем и моќен Вавилон, каде меѓу другото имало и големо идолопоклонство и безбожност. Па затоа Бог, преку пророкот Исаија, неколку века пред да се случи, го прорекол ова:
„Вавилон, украсот на царствата, годрост на Халдејците, ќе биде соборен од Бога, како Содом и Гомор, нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род. “ (
Исаија 13:19-20, Библијата) (прочитај го и целото 47 поглавје од Исаија)
Кога Исаија го изрекол ова пророштво, Вавилон бил еден од најголемите и најсилните градови во тоа време, но и со векови пред и по тоа. Вавилон бил најголемиот град од 1770 год пне. до 1670 год. пне. и исто така во периодот од 612 год. пне. до 320 пне. Се претпоставува дека тој бил првиот град кој достигнал популација од над 200.000 жители.
Едноставно не постоела никаква конкyрентна надворешна сила која му се заканувала на овој град. Веројатно многумина му се потсмевале на Исаија заради ова пророштво.
Но иако бил "украсот на царствата" како што вели пророкот, заради големото идолопоклонство, гордоста на вавилонците која се кревала до небото, паганизмот, спиритизмот итн. Вавилон бил темелно соборен од Бог.
Овие боговдахновени зборови на пророкот Исаија почнале да се исполнуваат во 539 год. пне. кога војските на Медијците и Персијците под водство на Кир го освојуваат градот, убивајќи го тогашниот цар Валтазар. Вавилонската светска доминиација е соборена во една ноќ! Со тоа завршуваат вековите на семитската превласт и светот сега паѓа под контрола на аријците. За самиот Вавилон започнува периодот на пад што трае неколку векови.
Во 331 год. пне. Вавилон е освоен од војските на Александар Македонски. По неговата смрт во 323 год. пне. неговото царство е поделено меѓу неговите генерали. Во 275 год. пне. вавилонците масовно се иселуваат во градот Селеуциа. Со ова иселеништво историјата на моќниот Вавилон се приближува до самиот крај.
До четвртиот век н.е. од моќниот Вавилон остануваат само еден "
куп урнатини" од време на време буричкани од археолозите и, се разбира, од оние кои му се воодушевуваат на горенаведеното исполнето пророштво на Исаија.
Доколку сакате да го посетите и да се уверите во неверојатното и дословно исполнување на пророштвото на библискиот пророк Исаија, урнатините на древниот Вавилон се наоѓа во денешен Ирак, во Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат.