Здраво. Би сакал некој од вас да ми ги дообјасни следните стихови од Библијата:
6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,
7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,
8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,
9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.
10 Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.
11 Кога ќе го чуе тоа, целиот Израел ќе се наполни со страв, па веќе не ќе прави такво зло во твојата средина.”
Второзаконие, Петта книга Мошева, Глава 13.
14 Моше се налути на заповедниците на војската, на илјадниците и на стотниците, кои се вратија од воениот поход.
15 Им рече: „Што! Вие ги оставивте живи сите женски!
16 А токму жените, по Валаамовото наговарање, ги заведоа Израелевите синови да истапат против Господа во Фегоровиот случај. Така дојде помор во Господовото општество.
17 Затоа убијте ги сите машки деца! А убијте ја и секоја жена, која запознала маж!
18 А оставете ги живи за себе сите девојки, кои не запознале машко.
Броеви, четврта книга Мошева, Глава 31.
Прашањето ми е: Моше ли им ги откри на луѓето камените плочи дадени од господ, на кои на едно место стоеше... “Не убивај!“?
6 Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.
7 Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.
8 Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!”
9 Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.
10 Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него.