Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
S

Sagan

Гостин
Бог е нашиот создател Кој ја создал вселената и светот и се друго... Вистинскиот Бог Севишен и Сесилен ...срцата им се скаменети и закоравени под дејство на сатаната... Бог е алфа и омега - почеток и крај...
Ако твојот бог е севишен, сесилен, семоќен, кој све создал и све може да уништи, што не ја уништи сатаната, за да не им ги скаменува и закоравува срцата на луѓето, кои нели, он толку многу ги сака?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто? А каде да ги барам?
Барај ги таму, каде „..двајца и тројца се собрани во Негово име...„. т.е. во Црквата Христова.
--- надополнето: Oct 13, 2011 7:17 AM ---
Зошто не и на форумов?
Затоа што форумов личи на „дијалог на глуви„ а не на воспоставена личносна и непосредна релација помеѓу поедицни, кои исповедаат ист Бог и иста вера.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Затоа што форумов личи на „дијалог на глуви„ а не на воспоставена личносна и непосредна релација помеѓу поедицни, кои исповедаат ист Бог и иста вера.
Па нели е тоа нормално? На подфорумов е немогуче да најдеш двајца кои се исповедаат исто. Све се тоа осамени стрелци, секој од нив на единствениот вистински пат.

Диверзитет до јаја.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кога реков „дијалог на глуви„, го мислев и она кое последивателно го напишав: дека дискусиите на форумов се „ќорава работа„ затоа што дискутантите, барем повеќето од нас, не се знаат лично/личносно и не разменуваат ставови „во живо„, туку вака, напишано и пратено преку порталов. Живеењето и во реалноста и во Црквата, бара „нешто друго„, а тоа е контакт „тет а тет„, а не пишување и праќање ставови „од некого„ до „не знам кого„....
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Кога реков „дијалог на глуви„, го мислев и она кое последивателно го напишав: дека дискусиите на форумов се „ќорава работа„ затоа што дискутантите, барем повеќето од нас, не се знаат лично/личносно и не разменуваат ставови „во живо„, туку вака, напишано и пратено преку порталов. Живеењето и во реалноста и во Црквата, бара „нешто друго„, а тоа е контакт „тет а тет„, а не пишување и праќање ставови „од некого„ до „не знам кого„....
Јас апсолутно се сложувам со болдот:)

И би додал, може да се организира средба во живо и размена на мислења;), во придружба на кригла пиво или некој друг пијалок по избор:).

Којзнае, кога човек се наоѓа лице во лице, многу нешта и ставови изгледаат поразлично од туканапишаното.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Јас апсолутно се сложувам со болдот:)

И би додал, може да се организира средба во живо и размена на мислења;), во придружба на кригла пиво или некој друг пијалок по избор:).

Којзнае, кога човек се наоѓа лице во лице, многу нешта и ставови изгледаат поразлично од туканапишаното.
Јас сум за! :vozbud:
Ама сите да се собереме не само истомисленици (како тогаш) Гоооолема журка да биде :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Нема одговор дали Ристе бил охриѓанец...:(

Туку друго нешто не ми дава душевен мир, ме прогонува и мачи...

Левит, Трета книга Мојсеева 19-27
Не стрижете ја косата на вашите глави кружно и не стрижете го крајот на вашите бради.

Дали потстрижувањето “кружно“ (германски шлем фриз!?) и кратењето на брадата се симболи на предавство кон Негиовиот Закон и начин на лукавиот да се вгнезди во богобојазливата душа? Дали Mach-3 и Wilkinson се адски инструменти со кои паднатиот се обидува да не вовлече во грев?
 
S

Sagan

Гостин
Здраво. Би сакал некој од вас да ми ги дообјасни следните стихови од Библијата:

6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,
7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,
8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,
9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.
10 Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.
11 Кога ќе го чуе тоа, целиот Израел ќе се наполни со страв, па веќе не ќе прави такво зло во твојата средина.”
Второзаконие, Петта книга Мошева, Глава 13.

14 Моше се налути на заповедниците на војската, на илјадниците и на стотниците, кои се вратија од воениот поход.
15 Им рече: „Што! Вие ги оставивте живи сите женски!
16 А токму жените, по Валаамовото наговарање, ги заведоа Израелевите синови да истапат против Господа во Фегоровиот случај. Така дојде помор во Господовото општество.
17 Затоа убијте ги сите машки деца! А убијте ја и секоја жена, која запознала маж!
18 А оставете ги живи за себе сите девојки, кои не запознале машко.
Броеви, четврта книга Мошева, Глава 31.

Прашањето ми е: Моше ли им ги откри на луѓето камените плочи дадени од господ, на кои на едно место стоеше... “Не убивај!“?

6 Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.
7 Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.
8 Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!”
9 Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.
10 Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него.
Битие 38
Некој? :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom