Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ако зад текстот со потпис "God" стои господ, тогаш и зад текстот кој си го цитирал стои Сатаната. ;)
Па што на секое спомнување на Бог ти нешто луто, коментираш со сатана ?
--- надополнето: Oct 5, 2011 8:52 PM ---
Боди знам дека сме „другарчиња“, ама пред да почнеш да коментираш на постови, прочитај малце. И не само да читаш обиди се да сфатиш. Не е убаво да си толку ограничен и да мислиш дека се знаеш, па сите тие што пишувале низ годините може *** да јадат :)
Има разни работи кои може да се знаат.
И практично постојат две состојби, сон и јаве.
Сонот и јавето не се поврзани со знаење.
Или си или не си, нема трето.
Така да сите тие што пишувале во сон и за сонот може
да служат како пример, за успаност...ништо друго.
А со другите се разбирам и тоа моментално.
Не постои никаков јаз.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.829
A sto tebe ti alternativa? Pekolot?
Овој пекол, сликата што си ја опнал/а степениците одат нагоре, не надолу..
Почнете за пекол да ставате слики од виљушки... со три запци, за слатко... како трозабец на Посејдон... кој е демон според секташката интерпретација на рисјаните :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
За мене постојат повеќе состојби, не се ограничувам само на две :P
 
T

Tetro

Гостин
Овој пекол, сликата што си ја опнал/а степениците одат нагоре, не надолу..
Почнете за пекол да ставате слики од виљушки... со три запци, за слатко... како трозабец на Посејдон... кој е демон според секташката интерпретација на рисјаните :)
Јас лично се разочарав од одговорите кои ги добив на темава (исто и кај Исламистите), на истото поставено прашање: Како изгледаат рајот и пеколот?

Ниту опис добив, ниту убава слика, ниту видео. Никаков доказ за постоењето на задгробен живот.

Само најдов во неколку книги дека има две порти големи, метални. И пред нив стои еден чичко, како џелат кој им дава насока на верниците, кој рај кој пекол, додека за неверниците нема вакви порти, ние сами знаеме да си направиме порти, па дури многу поразлични од овие.

На сликата погоре, порта нема. Значи, и книгите лажат. :D
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
89
Поени од реакции
25
Еве што најдов во Библијата за рајот и пеколот..

За Рајот:

2 Коринтјани 12:
2 Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае, беше грабнат и издигнат до третото небо.
3 И за таквиот човек знам, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае -
4 дека беше грабнат и издигнат до рајот и дека чул неискажливи зборови, што човекот не смее да ги каже.

Лука: 23:43 А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.”
Откровение: 2:7 Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај!”

Јоил: 2:3 Пред нив огнот изедува, по нив пламенот голта. Земјата е како рајска градина пред него, а по него тажна пустина. Ништо не му бега.

За пеколот:

Матеј: 5:22 А Јас ви велам, дека секој, кој се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот. А кој ќе му рече на брата си „празноглавец”, ќе биде виновен пред синедрионот. А кој ќе го нарече „безумник”, ќе биде виновен за во огнениот пекол.

Пословици: 7:27 Патиштата низ нејзината куќа водат во пеколот, долу во собите на смртта.
9:18 А тој не знае дека мртвите се таму, дека нејзините гости се во длабочините на пеколот.
15:11 И Пеколот и Гибелта стојат пред Господа, а колку повеќе срцата на човечките синови.
15:24 За разумниот човек патот на животот оди нагоре, за да се отстрани од пеколот, што е долу.
23:14 го биеш со прачка, ама му ја избавуваш душата од пеколот.

Осија: 13:14 Јас ќе ги избавам од власта на пеколот, ќе ги спасам од смртта! Смрт, каде е твоето осило? Гробу, каде е твојата победа? За тоа нема да се покајам.
Матеј: 5:29 Ако твоето десно око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто е подобро да ти пропадне еден од членовите, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
5:30 И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот.
10:28 И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.
11:23 И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден.
16:18 И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа.
18:9 И ако те соблазнува твоето око, извади го и фрли го од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку имајќи две очи да бидеш фрлен во пеколот огнен.”
23:15 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ги обиколувате морето и копното, за да придобиете еден прозелит, и кога ќе стане тоа, го правите син на пеколот, двапати полош од себе!”
23:33 Змии, змиски породи! како ќе побегнете од судот на пеколот?

Марко: 9:43 И ако твојата рака те соблазнува, отсечи ја. Подобро е да влезеш без рака во животот, отколку со двете раце да отидеш во пеколот, во неизгорлив оган,
9:45 Ако твојата нога те соблазнува, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот хром, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот,
9:47 И ако и твоето око те соблазнува, извади го! Подобро е за тебе да влезеш во Божјото Царство со едно око, отколку да бидеш со двете очи фрлен во пеколот,

Лука: 10:15 И ти Капернауме, зар ќе се издигнеш до небо? Ќе бидеш разурнат до пеколот!
12:5 Но ќе ве предупредам од кого да се боите: бојте се од Оној, Кој - по убивањето - има власт да фрли во пеколот! Да, ви велам, бојте се од Него!
16:23 умре и богатиот и го погребаа. А во пеколот, во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило,

Јаков: 3:6 И јазикот е оган, свет на неправда; јазикот се наоѓа меѓу нашите членови: го онечистува целото тело и, потпален од пеколот, го запалува текот на нашиот живот.
--- надополнето: Oct 6, 2011 8:24 AM ---
Дали некој од вистинските Христијани на форумов може да се препознае во овој слуга од Библискиот цитат:

Лука 14:
16Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и повика мнозина.
17А кога беше време за вечера, го испрати својот слуга да им рече на повиканите: ‘Дојдете, зашто веќе сè е готово!’
18И сите, како договорени, почнаа да се извинуваат. Првиот рече: ‘Купив нива и треба да отидам да ја видам. Те молам, извини ме!’
19Другиот му рече: ‘Купив пет двојки волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!’
20И третиот рече: ‘Се оженив, затоа не можам да дојдам!’
21И слугата дојде и му го кажа тоа на својот господар. Тогаш домаќинот се разгневи и му рече на својот слуга: ‘Излези бргу на раскрсниците и градските улици и доведи ги ваму бедните, сакатите, слепите и хромите!’
22И слугата му рече: ‘Господаре, направено е како што заповеда, но уште има место.’
23И господарот му рече на слугата: ‘Излези по патиштата и по оградите и натерај ги да дојдат, за да се наполни мојот дом.
24 Зашто ви велам: ниеден од повиканите нема да вкуси од мојата вечера.’”

НЕКА НЕ ВЕ ЗАМОЛКНУВААТ САТАНИСТИТЕ, НИХИЛИСТИТЕ, АТЕИСТИТЕ, МЛАКИТЕ ХРИСТИЈАНИ.. на овој форум!

Матеј: 5:15 ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата.
Лука: 11:33Никој не става запалено светило во сокриено место или под вршник, туку на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат.
2 Петрово: 1:19 И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.

НИЕ КОИ ВИСТИНСКИ ВЕРУВАМЕ ИМАМЕ ЗАДАЧА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ИЗВРШИМЕ!!!
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Еве што најдов во Библијата за рајот и пеколот..

...

Девина јас заклучувам од твојов пост дека повикуваш на "јавен линч" на Сатанистите, нихилистите, атеистите и сите што не се цврсти Христијани:P

Зарем сите набројани се толкави непријатели.
Зарем еден деклариран сатанаист кој не сторил ништо лошо а единствениот грев му е што не го сака Исус е поголемо зло од цврст верник кој ќе убие неколкумина а после ќе се покае?

Зарем Јозеф Фрицл (се надевам знаеш кој е тој) кој е голем верник е помало зло од некој атеист на форумов?

И дај кажи која е таа ваша задача што треба д аја извршите. Ова делува холивудски многу:P
 
Не повикувам јас на никаков линч, - тоа не е работа на Христијаните, туку на Господ!
Задачата на верниците е да опоменат!

Езекиел 33:
6 А пак, ако стражарот - гледајќи дека мечот доаѓа против земјата - не затруби во рогот и не го опомени народот, та мечот дојде и погуби некого од нив: тој, навистина, ќе биде погоден заради својот грев, но Јас ќе ја барам неговата крв од раката на стражарот.’
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не повикувам јас на никаков линч, - тоа не е работа на Христијаните, туку на Господ!
Задачата на верниците е да опоменат!

Езекиел 33:
6 А пак, ако стражарот - гледајќи дека мечот доаѓа против земјата - не затруби во рогот и не го опомени народот, та мечот дојде и погуби некого од нив: тој, навистина, ќе биде погоден заради својот грев, но Јас ќе ја барам неговата крв од раката на стражарот.’
Аха во случајов ти си еден од стражарите и од страв да не направиш грев, се обидуваш на сите нас да не опоменеш. Добро нека биде така.

Ама ако ние не ја разбереме опомената, ти повторно правиш грев исто како да не си не опоменала.

Занчи ќе мораш малку повеќе да подобјасниш од каде доаѓа мечот и кое е злото кое треба да не снајде. Како да го препознаеме.

Сподели го твоето сознание со нас, и избави се себе си од идниот грев кој би те снашол доколку не не опоменеш!
 
Очигледно сакаш да си играш со зборови. ОК - твое право, - секој има своја цел или некаква идеја, намера - зошто и со какви побуди се вклучил на форумов..
Мене не ми е до играње игри на зборови.. Навистина!
Мики, мислам дека добро го знаеш одговорот на прашањето што ми го постави. Од она што го коментираш на форумов, имам впечаток за тебе дека си информиран Христијанин..
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Јас имам прашање. Дали во рајот ќе бидеш свесен и ќе бидеш со тие што ги сакаш?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Очигледно сакаш да си играш со зборови. ОК - твое право, - секој има своја цел или некаква идеја, намера - зошто и со какви побуди се вклучил на форумов..
Мене не ми е до играње игри на зборови.. Навистина!
Мики, мислам дека добро го знаеш одговорот на прашањето што ми го постави. Од она што го коментираш на форумов, имам впечаток за тебе дека си информиран Христијанин..
Па у суштина не сум многу добро информиран, има тука многу поинформирани од мене околу христијанската религија. Арно ама тие информираните с енарекуваат себе си атеисти - беља работа.

Во ред ќе го скокнам играњето на зборови околу стражарот и негово поистоветување со тебе, за да не искочи дека е тоа сарказам, иако не ми беше тоа намерата.

Но за прашањето навистина не го знам одговорот.

Не знам да го препознаам злото во кој облик ќе дојде. Ако по дефиниција заклучиме дека Злото е опозит на она што е добро, а тоа пак е субјективна работа нели, тогаш може да дојдеме до заклучок дека злото е веќе меѓу нас и ни нема спас.

Но ти велиш дека е 5 до 12 и дека има малку време за регрупирање на силите, и почнување на финална пресметка со злото.

Јас прашувам како 7 милијарди народ ќе препознае единствено зло, ако тоа не е толку очигледно за сите. Од друга страна ако е очигледно злото што ќе дојде, тогаш нема потреба од никакви стражари и дошепнувачи.

Некако концептот на прикажување на овие работи ми е контрадикторен. Затоа и прашувам како ти на пример го препознаваш злото?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не повикувам јас на никаков линч, - тоа не е работа на Христијаните, туку на Господ!
Волшебно е кога ваков вистински верник е на чисто околу тоа што е, а што не е работа на Јахве!

Девино, мислам дека можеш да се сметаш за апсолвент по христијанство.

Се знае чија работа се масакрите и линчувањата! Наше е да блееме, да пасеме и да раѓаме други овци.

Јахве си го држи сатарот остар.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
89
Поени од реакции
25
Па у суштина не сум многу добро информиран, има тука многу поинформирани од мене околу христијанската религија. Арно ама тие информираните с енарекуваат себе си атеисти - беља работа.

Во ред ќе го скокнам играњето на зборови околу стражарот и негово поистоветување со тебе, за да не искочи дека е тоа сарказам, иако не ми беше тоа намерата.

Но за прашањето навистина не го знам одговорот.

Не знам да го препознаам злото во кој облик ќе дојде. Ако по дефиниција заклучиме дека Злото е опозит на она што е добро, а тоа пак е субјективна работа нели, тогаш може да дојдеме до заклучок дека злото е веќе меѓу нас и ни нема спас.

Но ти велиш дека е 5 до 12 и дека има малку време за регрупирање на силите, и почнување на финална пресметка со злото.

Јас прашувам како 7 милијарди народ ќе препознае единствено зло, ако тоа не е толку очигледно за сите. Од друга страна ако е очигледно злото што ќе дојде, тогаш нема потреба од никакви стражари и дошепнувачи.

Некако концептот на прикажување на овие работи ми е контрадикторен. Затоа и прашувам како ти на пример го препознаваш злото?
Мики, се сметам себеси за просечно интелигентно суштество, кое има желба да стане попаметно.. Рецептот за тоа како да станам попаметна и да го распознавам доброто од злото го најдов во Библијата, која вели:

2 Тимотеј 3:
16Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата,
17 за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.

Инаку, Библијата ја читам доста интензивно, неколку години,- од време-на време, колку што тоа ми го овозможуваат улогите кои ги имам во животот: мажена и вработена жена, со еден куп семејни обврски и со ова сурово брзо темпо на живеење..За среќа, син ми кој се разбира во компјутери ми ја најде Библијата на интернет во Аудио формат (на англиски додуша), па кога наутро пешачам на работа ги ставам слушалките и ... впивам мудрост.. :)
И така секое утро по едно пола саат, секој (работен) ден!
А ефектот е неверојатно добар:-во гледањето на работите, во менувањето на вредностите, приоритетите во животот.. И така, промените, кои не можеа, а да не бидат забележани од другите околу мене (мислам на своето однесување, кое го ускладувам со мојот поинаков начин на размислување, кој го темелам на Библијата) ме направија сосема поинаква личност, од онаа која бев пред едно - 10 години..
Ова има и свои негативни страни, - не можам да најдам соистомисленици. Се чувствувам осамена и неразбрана (да не речам луда, како што веројатно им заличувам на другите), од време на време.. Заради тоа и се зачленив на форумов, ама за беља - и тука не можам баш да ги најдам..(соистомислениците)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom