Не би рекол. Ти ова го тврдиш на база на толкувањето на Гроздановски кој, како што забележи Let 3, воопшто не го видел Исус, затоа што живее 20 века после Него. Гроздановски веројатно ги црпи своите информации од иконите, кои исто така не се релевантен извор, затоа што настануваат со векови после Исус.
Информациите што ги наведе Let 3 се далеку поверодостојни (иако не апсолутно точни), со исклучок на Евзебиј кој оддамна е дискредитиран како веродостоен пренесувач на вистината, затоа што е потврдено дека како извори земал и легенди кои историски биле докажани како неточни.
Сепак и самата Библија во познатото Месијанско пророштво на Исаија (53-то поглавје) тврди дека на Исус немало некаква посебна убавина за да би сме се загледале во него.
„
Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал. “ (
Исаија 53:2, Библијата)
/QUOTE]
А еве што вели царот Давид:
„...Ти си најпрекрасниот меѓу синовите човечки, благодат се излива од Твојата уста, затоа Бог Те благословоил довека...„ (Псалм, 44.2).
Се чини дека Исаија и Давид говорат спротивни нешта...
--- надополнето ---
Понатаму, многу е веројатно дека Исус имал кратка коса, а не долга како што го насликале подоцна на иконите. Во спротивно Христовиот апостол Павле не би се дрзнал да напише ваква изјава:
„Не ве учи ли самата природа дека е срамно за мажот да има долга коса,“ (1 Коринтјаните 11:14, Библијата)
„..Многу е веројатно...„?. Аууу, заклучок...А што ако е „помалку веројатно„? Што ако е „најверојатно„? Ќе испадне дека Христос имал кратка коса оти Св. Ап. Павле така кажал? Ц,ц,ц...Творението да Му одреди на Творец каква коса треба да носи Он? По твојата логика, ќе испадне дека сите монаси и речиси сите свештеници, кои носат долги коси, не го слушаат Апостолот и си тераат по свое.
--- надополнето ---
Кој ги постави овие критериуми за да може да се нарече некоја заедница црква?
Кој ги разгледува тие критериуми уи вели “Да вие сте црква“ или “Не вие не го исполнувате критериумот тој и тој и нема да бидете црква“
Христос Е Еден и Он создаде една Црква, на Педесетница, 50 дена по Неговото воскресение. Значи, Христос, преку Духот Свет, ја формира Црквата, што значи, сам Бог ја формира Црквата. Сите тазе заедници, кои самите себе се нарекуваат „црква„ и самите себе се нарекуваат „христијани„, се чисто човечки творби, не Божји. Познати се и имињата од опрелестените поединци, кои ги имаат формирано денес позаните деноминации: Смит, Расел, Цвингли, Калвин и останато друштво...
Ете ја разликата...
А Црквата, бидејќи е „...една, света, соборна и Апостолска....„, самата ги содржи сите битни особини, кои ниту една друга заедница не ги поседува ниту теоретски.