Веројатно не те лаже тетка ти, а и нема мотив, ниту причина да те лаже дека видела или сонувала нешто. Сепак тоа не значи дека тоа привидение било навистина таа така наречена „света Петка“. Која и да била таа Петка, таа е одамна почината и нејзината душа, доколку искрено верувала, е кај Господ. Сум се изнаслушал приказни од луѓе на кои што им се сонила некоја жена облечена во црно и им рекла нешто чудно, а потоа попот им ја „идентификувал“ таа жена во сонот како св. Петка. Многу поверојатно е дека тоа е обичен сон, или пак некои мучки на ѓаволот кој исто така може да се претставува со лажен идентитет. Библијата вели дека и самиот ѓавол (сатана) се преправа како ангел на светлината:
„и самиот сатана се преправа во ангел на светлината.“ (2 Коринтјаните 11:14, Библијата)