Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нееее, ај Ти кажи ми. :D
И што би значела фурката од заповеди, правила и све то...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
imam doma 5 macki i ako gi ostavam na gospod, ili ke uginat, ke gi zgazi nesto ili ke gi otrujat vo sekoj slucaj ako ostavam na Gospod ke zaebam rabota, e i od ova se gleda zaklucok deka Bog e apstrakten poim izmislen od lugeto za da ne stiti od ona od sto realno strepime a toa e zloto, slepata Sudbina!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Nihlista,

магистеру низаеден философски, дај конечно изјасни се што Ти е по кеифот...Исламот ли, Бог ли, човечката мудрост (философијата) ли или нешто сосема „шеснаесетто„...

И ја имам мачки, кои страдаат не од “судбината„ или од нивното „незнање„, туку страдаат од „модерните„ човеци...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да посака човек агенција за посредување да си отвори. Ем се намлатиш пари ем гледаш среќни лица околу тебе што си им дал надеж за подобро утре, уште и филантропи ќе станеме :). Ако отвараш агенција јави ми ќе ти бидам партнер, а за жени нормално даваме попуст :).

Пс. Сеирот е намерен :).
Хех најдобрите проекти потекнуваат од едноставни идеи. Партнерството е веќе договорено. Примаме и други акционери во агенцијата "Директно во рајот".

п.с Партнер пробај да најдеш некој што ќе работи да им држи предавања за настанот што следи, додека ние им го покажуваме рајот реално на оние што веќе го заслужиле:P

Него шала на страна никој не ми одговори на прашањата, ниту за 10 правила што се демек производ на Сатаната, ниту за дали ВОзнесението се однесува само на Земјата како физички поим а не и на други вселенски тела кои би можеле да се колонизираат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Него шала на страна никој не ми одговори на прашањата, ниту за 10 правила што се демек производ на Сатаната,
Ако веќе сметаш дека наведените правила се сатанско дело, што уопште денгубиш со нив? :confused:
--- надополнето: Jul 14, 2011 10:25 AM ---
ниту за дали ВОзнесението се однесува само на Земјата како физички поим а не и на други вселенски тела кои би можеле да се колонизираат.
После Судот, Христос ќе ја возобнови целата Вселена, од распадлива во нераспадлива, со нови облици на живот, покрај веќе спасените луѓе.
А то колонизацијата на други планети, е саде уште една епизодна утопија од серијата позната како „марксизам„...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1. Ако веќе сметаш дека наведените правила се сатанско, шти уопште денгубиш со нив? :confused:

2. После Судот, Христос ќе ја возобнови целата Вселена, од распадлива во нераспадлива, со нови облици на живот, покрај веќе спасените луѓе.
А то колонизацијата на други планети, е саде уште една епизодна утопија од серијата позната како „марксизам„...
1. Поточно би било ако верувам, односно знам дека сатаната постои и е лошиот, тогаш секако јас и многу други ќе ги отфрлат неговите начела. Поентата е друга: Овие правила го отсликуваат реалниот живот и менталитет на над 90% од луѓето на Земјата. Сатанизмот претпоставувам ги присвоил како негови начела, но тоа е небитно во муабетов. Не ги нарекувај сатански, наречи ги ОПШТИ ЖИВОТНИ 10 ПРАВИЛА. ДАЛИ СЕ ТИЕ ВО СУДИР СО БИБЛИСКИТЕ 10 ЗАПОВЕДИ??? Кои поточно и зошто сметаш дека се? Имаче дискусија со некои форумџики погоре околу правилата 3 , 4 и 10. Би те замолил ти да с еизјасниш за да можеме да развиеме дискусија.

2. Ок , ако Христос го направи тоа со вселената значи нов Биг Бенг и нови облици на живот, тогаш не дискутираме повеќе за колонизација на друга планета оти џабе е. Значи Писмото важи на ниво на Вселена , не на ниво на Земја?

п.с Не би рекол дека е утопија колонизација на друго вселенско тело. И клонирањето беше утопија, па сега е реалност. Во клонирање на органи можеби се гледа спас од многу болести. Не би требало да се биде скептичен кон науката, колку и да нејзините дела личат на богохулство.
--- надополнето: Jul 14, 2011 10:46 AM ---

http://www.idividi.com.mk/futurama/planeta/697851/index.html
Ако овие треба да го донесат вознесението му ебавме мајката. Маите утнале со 2012 година, тоа било Ноември 2011.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Поточно би било ако верувам, односно знам дека сатаната постои и е лошиот, тогаш секако јас и многу други ќе ги отфрлат неговите начела. Поентата е друга: Овие правила го отсликуваат реалниот живот и менталитет на над 90% од луѓето на Земјата. Сатанизмот претпоставувам ги присвоил како негови начела, но тоа е небитно во муабетов. Не ги нарекувај сатански, наречи ги ОПШТИ ЖИВОТНИ 10 ПРАВИЛА. ДАЛИ СЕ ТИЕ ВО СУДИР СО БИБЛИСКИТЕ 10 ЗАПОВЕДИ??? Кои поточно и зошто сметаш дека се? Имаче дискусија со некои форумџики погоре околу правилата 3 , 4 и 10. Би те замолил ти да с еизјасниш за да можеме да развиеме дискусија.
За да се изјаснам по тија 10 правила и да изведам правилен суд, требит да ги „разглабам„ едно по едно, што значи и арчење време. Монгу е веројатно (што би рекол Болцман...) дека се работи за компилација од: разумни ставови, засновани од искуство, комбинирани со демонски подметнувања.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
За да се изјаснам по тија 10 правила и да изведам правилен суд, требит да ги „разглабам„ едно по едно, што значи и арчење време. Монгу е веројатно (што би рекол Болцман...) дека се работи за компилација од: разумни ставови, засновани од искуство, комбинирани со демонски подметнувања.
Ок нека е болдот појдовна точка. Разглоби ги само првите 3 за да видиме колку од тоа е разумен став заснован на искуство, а колку е демонско подметнување. И зошто така подметнатиот став е лош за човекот? Ама да одговориме разумно а не со одговор дека е лош бидејќи се спротивставува на она што го проповеда Бог (а па тоа е истолкувано од луѓе).
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1
2. Ок , ако Христос го направи тоа со вселената значи нов Биг Бенг и нови облици на живот, тогаш не дискутираме повеќе за колонизација на друга планета оти џабе е. Значи Писмото важи на ниво на Вселена , не на ниво на Земја?

п.с Не би рекол дека е утопија колонизација на друго вселенско тело. И клонирањето беше утопија, па сега е реалност. Во клонирање на органи можеби се гледа спас од многу болести. Не би требало да се биде скептичен кон науката, колку и да нејзините дела личат на богохулство.
1. Биг-бенгот е саде едно обично рационално „набадање„, кое никој и никад нема да го докаже. На Бога не Му е потребна „експлозија„ од која случајно ќе се самооформи све во Вселената, оти токму Он Е Творецот и насочувачот на сите процеси во Вселената.
2. Писмото важи пред се за човекот, а преку човекот важи и за Вселената: Вселената е створена ради човекот, а не обратно.
3. Колонизацијата на другите планети спаѓа во доменот од т.н. „надворешна вера„, т..е. верата во бесконечните човекови спосбности, која (вера) ја засноваа двајцата најпознати утописти: Маркс и Дарвин.
4. Клонирањето никад не било утопија, туку само потенцијална можност, како еден вид на бледо имитирање на Божјата креативност, која (потенцијала) денес е можна за реализација, ради техничко-технолошките можности кои дене се достигнати.
4. Клонирањео на органи ќе биде саде привиден „спас„ од болестите, а токму тој „спас„ ќе ја погази спасителната улога на крстот од Спасителот-ќе испадне дека Христос Спасителот залудно дојде да не повика на спасение, оти, нели, ние, ето, самите сме постигнале способност за самоспасување...
5. Делата од дел од науките, одамна се навлезени во Богохулење.
--- надополнето: Jul 14, 2011 11:13 AM ---
1. Не давајте совети или мислења освен ако не ви бараат!
Ова звучи разумно и прифатливо, дури и јас го практикувам.
--- надополнето: Jul 14, 2011 11:14 AM ---
2. Не ги кажувајте својте проблеми на другите освен ако не сте сигурни дека сакаат да ги чујат!
ОК, може да помине. Во ред е правилово, практикувано и од мене.
--- надополнето: Jul 14, 2011 11:16 AM ---
3. Кога сте на туѓ имот, почитувајте ги правилата кои владеат таму или во спротивно немојте да бидете таму!
И ова е во ред, иако е доста исклучиво. Што ако по стек од околности, во незнаење, сепак се најдам на туѓ имот? Што да правам, што да чинам тогаш?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
И ја имам мачки, кои страдаат не од “судбината„ или од нивното „незнање„, туку страдаат од „модерните„ човеци...
Провери си го Денвер...можда некое влакно му залетало.... :D
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ова звучи разумно и прифатливо, дури и јас го практикувам.
--- надополнето: Jul 14, 2011 11:14 AM ---

ОК, може да помине. Во ред е правилово, практикувано и од мене.
--- надополнето: Jul 14, 2011 11:16 AM ---

И ова е во ред, иако е доста исклучиво. Што ако по стек од околности, во незнаење, сепак се најдам на туѓ имот? Што да правам, што да чинам тогаш?
Хмм значи првите 2 се разумни и не се косат со Библијата. Се сложивме.

3-тото не е толку исклучиво. Ако се најдеш случајно таму никој нема да ти наштети, ако намерно не ги прекршиш нивните правила.

Правилото зборува за намерно и грубо кршење на правилата на тој имот. Зборувам за напад врз луѓе , злоставување и слично.

Ако го банализираш на поедноставни човечки ситуации н апример ако дојдеш кај мен еи ти кажам извини тука не се пуши поради тоа тоа и тоа, ако сакаш излези на тераса и таму пуши, тогаш би било глупо од твоја страна да речеш кој те ебе ќе пушам тука.
Ако така постапиш во тој случај навистина немаш потреба д абидеш на мојот имот.

Можеме да одиме и натаму со друготе 3 правила?
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
28
Поени од реакции
5
Постои само една вистина, дека Бог ја создал Вселената и светот, од темнина сворил светлина, тој е почетокот и крајот, Алфа и Омега, го испратил своето второ лице Господ Исус Христос, Логосот -зборот негов- да ја шири верата не само меѓу Евреите, туку во целиот свет, (а баш Евреите се тие кои не поверуваа), потоа го испрати на Педесетница своето трето Лице- Светиот Дух и го објави своето Троиство- три Ипостаси. Се очекува второ доаѓање на Христос и општо Воскресение и Суден ден. Кој верува во тоа-верува и се надева на вечен спас, а кој не верува-само кажува некакви си филозофии како да тоа ќе го спаси и ќе му осигура вечен живот. Сатаната е лукав играч и го дава она што на овој свет му изгледа логично и затоа многу лесно манипулира со лугето.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
4. Ако некој на вашиот имот ви прави проблеми, третирајте го сурово и без милост!

5. Немојте сексуално да се наметнувате ако предходно не сте добиле сигнал за парење!

6. Не земајте тоа што не е ваше, освен ако не претставува терет на другата личност која очајно сака да се ослободи од него!
Кон 4:
Ова не ќе е во ред: сурови безмилосно е донесувањето само од страна на човекомразците. Ако некој ми прави беља на мојо тимот, ќе барам начин да го оттргнам, а дур на крај би применил и сила.

Воа е во спротивност со онаа Божјата „Возљуби го ближниот свој како себе си„.

Кон 5:
Не го зарбирам најдобро: какво е тоа „сексуално наметнување„, кога добар дел од „модерните„ луѓе тоа го прифаќаат како „модерен начин„ на живеење? А то „сигнал за парење„ е својство само за бесловесните животни, кои се парат во одрене сезона и кои се парат исклучиво ради продолжување на родот свој, а не ради телесни страсти и похоти...
Воа јако ме асоцира на блуд и прељуба, кои сигурно не доаѓаат од Бога! „Не прави прељуба!„ вели Бог.

Кон 6:

Или кажано со Божјата Заповед: „Не кради!„. Напишаново небаре непосредно ја погазувата волјата Божја од наведената Заповед!

Ето, имаш „утка„ под 4, 5 и 6!
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Постои само една вистина, дека Бог ја создал Вселената и светот, од темнина сворил светлина, тој е почетокот и крајот, Алфа и Омега, го испратил своето второ лице Господ Исус Христос, Логосот -зборот негов- да ја шири верата не само меѓу Евреите, туку во целиот свет, (а баш Евреите се тие кои не поверуваа), потоа го испрати на Педесетница своето трето Лице- Светиот Дух и го објави своето Троиство- три Ипостаси. Се очекува второ доаѓање на Христос и општо Воскресение и Суден ден. Кој верува во тоа-верува и се надева на вечен спас, а кој не верува-само кажува некакви си филозофии како да тоа ќе го спаси и ќе му осигура вечен живот. Сатаната е лукав играч и го дава она што на овој свет му изгледа логично и затоа многу лесно манипулира со лугето.
Па Луиза тоа подобјасни ни го болдот. Што е вечен живот, за тебе? Како си го замислуваш тоа? Дали сите ќе добијат вечен живот само едните ќе бидат до Бога а другите до Сатаната?

Ако Сатаната се труди да ни го даде она што навидум е логично, зошто другата страна Бог не се труди н аисто толку логичен начин да ни укаже дека Сатаната е во криво?
--- надополнето: Jul 14, 2011 11:42 AM ---
Кон 4:
Ова не ќе е во ред: сурови безмилосно е донесувањето само од страна на човекомразците. Ако некој ми прави беља на мојо тимот, ќе барам начин да го оттргнам, а дур на крај би применил и сила.

Воа е во спротивност со онаа Божјата „Возљуби го ближниот свој како себе си„.

Кон 5:
Не го зарбирам најдобро: какво е тоа „сексуално наметнување„, кога добар дел од „модерните„ луѓе тоа го прифаќаат како „модерен начин„ на живеење? А то „сигнал за парење„ е својство само за бесловесните животни, кои се парат во одрене сезона и кои се парат исклучиво ради продолжување на родот свој, а не ради телесни страсти и похоти...
Воа јако ме асоцира на блуд и прељуба, кои сигурно не доаѓаат од Бога! „Не прави прељуба!„ вели Бог.

Кон 6:

Или кажано со Божјата Заповед: „Не кради!„. Напишаново небаре непосредно ја погазувата волјата Божја од наведената Заповед!

Ето, имаш „утка„ под 4, 5 и 6!
За 4 веќе одговорива на Луиза еве го истото

4. Ако некој на вашиот имот ви прави проблеми, третирајте го сурово и без милост!

и не вели по секоја цена да се однесуваш безмилосно и сурово. Исто како и библиските заповеди и тука има метафора. Ако некој ти дојде дома на твој посед и прави проблеми ти ги закача децата, жената, се обиде да ги напаствува па СЕКАКО ДЕКА ЌЕ БИДАМ СУРОВ И БЕЗМИЛОСЕН КОН ТОЈ ЧОВЕК. Самиот тој со НЕГОВИТЕ ДЕЈСТВА ги прекршил божјите заповеди. Сигурно нема да му дозволам да прави што сака. Едноставно ќе бидам суров кон него и ќе побарам прошка од Бога за моето оправдано дело.

Поарно да барам после тоа цел живот секојдневно прошка за мојата суровост, отколку цел живот секојдневно да трпам огромна болка заради можеби нанесена штета и по живот на некој мој ближен. ТАКА ЛИ Е? ТИ НЕМА ЛИ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВИШ?

---------------------------------------------

Прравилото 5 ти е немој да имаш секс ако партнерот не сака. Мора да добиеш сигнал дека и таа сака за да имате секс. Не е воопшто нејасно - забранува силување и толку. НЕ ЗАБРАНУВА да имаш повеќе партнери она што е забрането во Библијата.

И тука може да се праша дали е подобро да имаш еден партнер и само еден во животот како што вели библијата, или спротивното е подобро?

------------------------------------------------

Како 6 ката го погазува божјето НЕ КРАДИ ??? Крадење е насилно одземање на нешта кои припаѓаат на друг човек нели?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom