Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Ако Бог не греши, тогаш зошто морал (1) да ги брка од Рајот, (2) да прави потоп и (3) да го праќа Исус?
Сите работи што ги наброја се доказ за постоењето на слободната воља кај човекот, а не за наводната погрешливост на Бог.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прашање до Христијаните

Според сите поимања на библијата речено е дека Бог е омнисцентен но според парчево подолу Бог се покајува и признава дека греши.
Дали тоа значи дека Бог не е омисцентени и не е имун на грешки?

1.Прва книга Мојсеева, Битие, 6. 1-7
Зборот што во оригиналниот староеврејски јазик се спомнува на ова место (накам), а во македонскиот превод е преведено како „покаја“, буквално значи „воздивна“ во смисла „нажали“. Значи Бог не вели дека згрешил што го создал човекот, туку се нажалил за човекот, затоа што тој станал многу зол.
Бог го создаде човекот со доволен капацитет да биде добар и праведен, но и со слободна воља да биде непослушен, да згреши и да си ги сноси последиците. Бог не создаде роботи програмирани да прават само добро, туку создаде личности со слободна воља кој секако можат и да ја злоупотребат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај и ја едно прашање.

Оти Јахве му ставил на Каин знак на челото?
Па види кој прв стори човекоубиство и ќе Ти текнит оти Каин бил „означен„....
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Сите работи што ги наброја се доказ за постоењето на слободната воља кај човекот, а не за наводната погрешливост на Бог.
Не е точно. Ако Бог е безгрешен, тогаш тој нема да направи грешка.

Ги направил луѓето без сознание за добро и зло, па овие го заебале. Се наљутил, па ги избркал. (грешка бр.1)

Ги пуштил по светот мака да мачат и тврда земја да копаат - овие почнале да брлават - да се ебат кој со кого стигне... Се наљутил Јахве пак, пошто не му биле по кејф (според план), па ги сотрел (и грешни и негрешни - новороденчиња и сл.) (Грешка бр. 2)

Се фатил на орото со Луци, па овој го наместил да се клади околу посветеноста на Јов. (грешка бр. 3)

Планот свој божествен и неменлив, Јахве, во најмалку 4 наврати (тука е и Исус) морал да го менува. Тоа, друже, не е вечен неменлив план.

План се менува кога не ти оди планот. Кога си згрешил нешто.

Читај што пишува во книгата - не читај што ти вика попот!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Зборот што во оригиналниот староеврејски јазик се спомнува на ова место (накам), а во македонскиот превод е преведено како „покаја“, буквално значи „воздивна“ во смисла „нажали“. Значи Бог не вели дека згрешил што го создал човекот, туку се нажалил за човекот, затоа што тој станал многу зол.
Бог го создаде човекот со доволен капацитет да биде добар и праведен, но и со слободна воља да биде непослушен, да згреши и да си ги сноси последиците. Бог не создаде роботи програмирани да прават само добро, туку создаде личности со слободна воља кој секако можат и да ја злоупотребат.
Чорбаџија,
Преводот на библијата што го имам е преземен од Премин и би требало да е оригинален, и еве да претпоставиме дека е пожали вистинскиот збор тогаш ја имаме следнава реченица во библијата

И се *нажали Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое.
7. И рече Господ: ”Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти жалам што ги создадов.”


Ако се погледне реченицава погоре и размислува од тој аспект дека зборот не е соодветно преведен сепак останува тврдењето дека господ направил грешка.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Одиме по ред

1. Што правиме ако не може да изнајде начин како да ги врати не му вреди исповедта? Не му вреди покајанието? Мора ли да го поткрепи со добро дело? Ако не го поткрепи нема д абиде десно од Христа?
1. Нема „не може„: додека покајникот е жив, ќе бара начин да го искупи својот личен грев не само со исповедање на гревот, туку и со покривање на гревот со добро дело, на пример, со враќање на украденото. Покајанието ќе му вреди, но ќе остане само голо покајание, без поткрепа во облик од добродетел.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зборот што во оригиналниот староеврејски јазик се спомнува на ова место (накам), а во македонскиот превод е преведено како „покаја“, буквално значи „воздивна“ во смисла „нажали“. Значи Бог не вели дека згрешил што го создал човекот, туку се нажалил за човекот, затоа што тој станал многу зол.
Бог го создаде човекот со доволен капацитет да биде добар и праведен, но и со слободна воља да биде непослушен, да згреши и да си ги сноси последиците. Бог не создаде роботи програмирани да прават само добро, туку создаде личности со слободна воља кој секако можат и да ја злоупотребат.
Ако Бог создал нешто од кое потоа се разочарал, тоа кажува дека згрешил.

Јахве згрешил во повеќе наврати. Се корегирал, па пак згрешил.

Многу грешки за еден семоќен бог, нели?

Него зошто сите игнорирате едно просто прашање:

Зошто Јахве му ставил знак на челото на Каин?
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:01 AM ---
Па види кој прв стори човекоубиство и ќе Ти текнит оти Каин бил „означен„....
Знам ја што вика книгата, него зошто му ставил знак на челото?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
2. Ако грев си е грев, дали тогаш за да не ја погази 8 та заповед било поарно да трпи и да умре за леб? Дали во тој случај е поголем праведник? Ако е така ќе дојдеме до сулудо објаснување дека најубаво сите да се испотепаме и да одиме на судот па што биде биде. КОја е тогаш потрбеата од човечкиот род? Доаѓаме до конфузно размислување дека нашето битисување на планетава е тест за конечниот Христов суд. И дали тогаш имаме потреба од продолжување на човековата лоза да новите членови ги ставиме во истите маки како и себе. Дали е тогаш поарно да запреме со репродукција и одиме сите десно или лево од Христа?
1. Ако некој трпи за леб, за него е покорисно да најде начин за да си го заработи лебот а не да дојде до леб на полеснито начин-со крадење. Кој бара нешто до Бога, тоа и ќе годобие.
2. Не можеме да се „ипотепаме„ оти со убиства и самоубиства не се излегува со фалење на Судот Христов, а уште помалку се оди во Рајот.
3. Продолжувањето на родот човечки е Божји благослов а не залуден труд.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:03 AM ---
3. Знаат и самите што погазиле. Ништо ново нема д аим се каже
Доволно е и тоа ако си свесен за своите постапки, оти само така ќе бараш чаре за својата огревовеност.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:07 AM ---
4. Дали е ова моментот дека црквата и свештениците се тука само да имаме на кого да ис ги кажеме исповедите за да не не донесат до лудило? ТОа можеме и на психијатар да го кажеме и ќе завршиме иста работа?
На психијатарот моеш да му кажеш било што, оти тој (псијијатарот) нема власт да проштева гревови, оти најверојатно и самито не ја познава грешната човекова природа, во црковна смисла. Психијатрите , прво и озновно, сами на себе не можат да си помогнат, па како тогаш ќе им помогнат на другите?

Свештениците, меѓу другото, служат и Свети Тајни, како исповеста и причеста, но воедно ја чинат и црковната ерархија, со цел, да го запазат Христовото учење во неизвалкана состојба.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:10 AM ---
5. Аха значи сепак е потребен поради молитвите и поради сведоштвото. Ако сам ги прочита грешникот и со некој што не е свештено лице нема да допрат до Христа?
Исповедникот/свештникот има примено власт, преку ракополагање, со која власт е во состојба да отпушта гревови во името Исусово. Ниту еден верник ја нема та власт, која е екслузивна само за свештенството. Така, верникот не може са на себе да си ги отпушти гревовите.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:12 AM ---
И исто ако можеш да м и одговориш што вели црквата за земскиот живот, даден од господа на почетокот д абиде вечен ама после првобитниот грев скратен на 100 ина години и со казна смрт на крајот. До кога би траела таа казна?
Таквта казна до човековиот род ќе трае се дур сме под моќта од законот на смртта, т.е. се до второто и славно Христово пришествие и Неговиот конечен Суд.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:15 AM ---
Знам ја што вика книгата, него зошто му ставил знак на челото?
Затоа што зад челото е лоциран човековиот мозок, а мозокот ја содржи душата/духот човеков, со кој ние памтиме, па така, знакот ставен на челото е знак, кој Каин морал доживотно да го носи, за да се потсетува и за да памти какво злодело сторил против неговиот роден брат.
Воедно, така видливо означен, Каин бил лесно препознатлив и меѓу другите луѓе.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Затоа што зад челото е лоциран човековиот мозок, а мозокот ја содржи душата/духот човеков, со кој ние памтиме, па така, знакот ставен на челото е знак, кој Каин морал доживотно да го носи, за да се потсетува и за да памти какво злодело сторил против неговиот роден брат.
Јахве не вика така.

Си ја читал ли ти Книгата, бе?

15 А Господ му рече: „Не! Туку кој ќе го убие Каина, врз него ќе биде извршена седмократна одмазда!” И Господ му стави знак на Каина, за да не го убие некој, кој ќе го сретне.

Кој тоа може да го сретне, кога на светот има ВКУПНО 4 луѓе?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Зборот што во оригиналниот староеврејски јазик се спомнува на ова место (накам), а во македонскиот превод е преведено како „покаја“, буквално значи „воздивна“ во смисла „нажали“. Значи Бог не вели дека згрешил што го создал човекот, туку се нажалил за човекот, затоа што тој станал многу зол.
Кога велам сто посто некои грешки (случајни или намерни) се провлекле низ илјадниците преводи. Сигурно и за жената дека треба да се покори.
Не ги спорам историските и географски факти од Библијата кои се потврдени и преку други наоди (таблите од ебла на пример за кои постои тема на форумов), ниту вербата ниту пожртвуваноста на библиски личности за верата, но одредени зборови или реченици или од неможност или намерно се можеби извртени така да некогаш да одговараат на убеденоста на преведувачите. Тоа со жената и покорноста и слични идеи никако не можам да се сложам ниту логички да го сфатам и прифатам...немам такви убедувања.
Таквта казна до човековиот род ќе трае се дур сме под моќта од законот на смртта, т.е. се до второто и славно Христово пришествие и Неговиот конечен Суд.
зошто секогаш ние сме највиновните...зарем не го сака она што го створил, зарем мора човекот да се мачи до крај на свет? Нели Господ си ги сака луѓето па можеби (не е мое да кажувам, но...ми збоктиса од болести и умирачки) било (како што велиме дека е човекољубец) добро меѓувреме да се простеле тие предмилениумски прагревови за луѓето непотребно да не страдаат. Најверојатно одговор на ова тешко ќе најдам ама тоа ми е една од најголемите дилеми во оваа област.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јахве не вика така.
Во ред, ај Ти кажи ни што вика..
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:32 AM ---
Си ја читал ли ти Книгата, бе?
Не...:)
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:33 AM ---
Ј
15 А Господ му рече: „Не! Туку кој ќе го убие Каина, врз него ќе биде извршена седмократна одмазда!” И Господ му стави знак на Каина, за да не го убие некој, кој ќе го сретне.
Така де, ја не реков ништо спротивно од напишаново, само „нешто појќе„ од напишаново.

Затоа и напишав: „....Воедно, така видливо означен, Каин бил лесно препознатлив и меѓу другите луѓе...„.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:35 AM ---
Кој тоа може да го сретне, кога на светот има ВКУПНО 4 луѓе?
Не бил саде Каин роден од Адама и Ева, а имајќи ја на ум долговечноста од првите луѓе, јасно е дека и после Каин, имало уште повеќе луѓе на Земјава.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не бил саде Каин роден од Адама и Ева, а имајќи ја на ум долговечноста од првите луѓе, јасно е дека и после Каин, имало уште повеќе луѓе на Земјава.
Јасно... некој внук да не го убие деда си... Да не не знае дека му е дедо, нели... чудно, ама ај, нека е така...

Него, ја читам 4-тата книга и веднаш во продолжение, во следниот стих вика:

16 Каин отиде од пред Господовото лице во земјата Нод, источно од Еден, и таму се насели.
17 Каин ја позна својата жена, па таа зачна и го роди Еноха.

Од кај си нашол Каин таму, во Нод, жена, па да си ја познае?

Од кај кур жени во Нод кога единствено Ева е жена?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Од кај си нашол Каин таму, во Нод, жена, па да си ја познае?

Од кај кур жени во Нод кога единствено Ева е жена?
Шо се мешаш па ти во божји работи...
Јахве и све је могуќе........ налик на скопско :D
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Неизбежно е....... за разумните.
Хаха, оној кој ги правеше другите глупи, конечно покажа кој е кој. Неразумен е оној кој не го прифаќа својот Створител, а не обратно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Не е точно. Ако Бог е безгрешен, тогаш тој нема да направи грешка.

Ги направил луѓето без сознание за добро и зло, па овие го заебале. Се наљутил, па ги избркал. (грешка бр.1)

Ги пуштил по светот мака да мачат и тврда земја да копаат - овие почнале да брлават - да се ебат кој со кого стигне... Се наљутил Јахве пак, пошто не му биле по кејф (според план), па ги сотрел (и грешни и негрешни - новороденчиња и сл.) (Грешка бр. 2)

Се фатил на орото со Луци, па овој го наместил да се клади околу посветеноста на Јов. (грешка бр. 3)

Планот свој божествен и неменлив, Јахве, во најмалку 4 наврати (тука е и Исус) морал да го менува. Тоа, друже, не е вечен неменлив план.

План се менува кога не ти оди планот. Кога си згрешил нешто.

Читај што пишува во книгата - не читај што ти вика попот!
LOL Еден куп произволно нафрлени "заклучоци".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom