2. Ако грев си е грев, дали тогаш за да не ја погази 8 та заповед било поарно да трпи и да умре за леб? Дали во тој случај е поголем праведник? Ако е така ќе дојдеме до сулудо објаснување дека најубаво сите да се испотепаме и да одиме на судот па што биде биде. КОја е тогаш потрбеата од човечкиот род? Доаѓаме до конфузно размислување дека нашето битисување на планетава е тест за конечниот Христов суд. И дали тогаш имаме потреба од продолжување на човековата лоза да новите членови ги ставиме во истите маки како и себе. Дали е тогаш поарно да запреме со репродукција и одиме сите десно или лево од Христа?
1. Ако некој трпи за леб, за него е покорисно да најде начин за да си го заработи лебот а не да дојде до леб на полеснито начин-со крадење. Кој бара нешто до Бога, тоа и ќе годобие.
2. Не можеме да се „ипотепаме„ оти со убиства и самоубиства не се излегува со фалење на Судот Христов, а уште помалку се оди во Рајот.
3. Продолжувањето на родот човечки е Божји благослов а не залуден труд.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:03 AM ---
3. Знаат и самите што погазиле. Ништо ново нема д аим се каже
Доволно е и тоа ако си свесен за своите постапки, оти само така ќе бараш чаре за својата огревовеност.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:07 AM ---
4. Дали е ова моментот дека црквата и свештениците се тука само да имаме на кого да ис ги кажеме исповедите за да не не донесат до лудило? ТОа можеме и на психијатар да го кажеме и ќе завршиме иста работа?
На психијатарот моеш да му кажеш било што, оти тој (псијијатарот) нема власт да проштева гревови, оти најверојатно и самито не ја познава грешната човекова природа, во црковна смисла. Психијатрите , прво и озновно, сами на себе не можат да си помогнат, па како тогаш ќе им помогнат на другите?
Свештениците, меѓу другото, служат и Свети Тајни, како исповеста и причеста, но воедно ја чинат и црковната ерархија, со цел, да го запазат Христовото учење во неизвалкана состојба.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:10 AM ---
5. Аха значи сепак е потребен поради молитвите и поради сведоштвото. Ако сам ги прочита грешникот и со некој што не е свештено лице нема да допрат до Христа?
Исповедникот/свештникот има примено власт, преку ракополагање, со која власт е во состојба да отпушта гревови во името Исусово. Ниту еден верник ја нема та власт, која е екслузивна само за свештенството. Така, верникот не може са на себе да си ги отпушти гревовите.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:12 AM ---
И исто ако можеш да м и одговориш што вели црквата за земскиот живот, даден од господа на почетокот д абиде вечен ама после првобитниот грев скратен на 100 ина години и со казна смрт на крајот. До кога би траела таа казна?
Таквта казна до човековиот род ќе трае се дур сме под моќта од законот на смртта, т.е. се до второто и славно Христово пришествие и Неговиот конечен Суд.
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:15 AM ---
Знам ја што вика книгата, него зошто му ставил знак на челото?
Затоа што зад челото е лоциран човековиот мозок, а мозокот ја содржи душата/духот човеков, со кој ние памтиме, па така, знакот ставен на челото е знак, кој Каин морал доживотно да го носи, за да се потсетува и за да памти какво злодело сторил против неговиот роден брат.
Воедно, така видливо означен, Каин бил лесно препознатлив и меѓу другите луѓе.