Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Зборувам за верата во Христа, а на која црква верникот право ќе припаѓа не ме интересира.
Неделата е прифатена како неработен ден ПОРАДИ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА ХРИСТОС КОЕ СЕ СЛУЧИЛО ВО ПРВИОТ ДЕН ОД СЕДМИЦАТА. А деновите се создадени за човекот, тие да му служат на човекот, а не човекот да им служи на денот или деновите.
Ме збуни скроз сега, има некоја вера која не се базира на Писмото и Законот кој Бог му го предаде на Мојсеја и подоцна го прати синот да ги спаси и избави луѓето?
Од каде тоа поради воскресението, каква лага и испад на лукавиот ни кажуваш?
Што е тоа вера тогаш?

Каде пишува дека неделата треба да се прифати како неработен ден кога во Заповедите јасно си стои дека тоа е саботата?
Деновите нели се создадени за човекот како што и саботата (а не неделата) е создадена за да не се работи на тој ден ами да се одмара и слави Бог?
Тоа го има и во новиот завет...

Лука 23
54 Тој ден беше петок, и саботата веше настапуваше.
55 По него одеа и жените, што беа дошле со Исуса во Галилеја, и го водоа гробот и полагањето на телото Негово;
56 па, се вратија, приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33

Ако не ти се допаѓа, или не се согласуваш со тоа да Христос воскресна на третиот ден, кој ден денес кај нас во Македонија се нарекува недела и е неработен ден сккоро во целиот свет, твој проблем.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ако не ти се допаѓа, или не се согласуваш со тоа да Христос воскресна на третиот ден, кој ден денес кај нас во Македонија се нарекува недела и е неработен ден сккоро во целиот свет, твој проблем.
Писмото, Јоане, зборот Негов не се согласува со тоа а не јас, мене никој не ме прашува.
Но некои ќе бидат прашани зошто ги искривуваа Неговите најголеми заповеди.
Во целиот свет не се почитува скоро ниедна од Неговите заповеди, вклучително и саботата (а ете за твоја жал тоа е Негова заповед) освен тривијални суеверија кои никогаш Тој во писмото не ги побарал од нас, грешните...
А знаеш во писмото што ги чека таквите Јоане и огнените езера каде што ќе завршат...но тоа си е твој проблем...:)
 
Така е. Секој го носи својот крст.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Бидејќи индиректно очекуваш одговор од мене, ќе ти одговорам.
Прво, тебе ти е доста јасно, што е христијанство, имаш свој став околу тоа. Можеш да дебатираш околу тоа, ако погледот или ставот на другиот не се софпаѓа со она што ти го мислиш.
Она што ме повика на одговор, го сваќам како провокација, еве ти Јоан, па сега да те видеме.
Не е провокација туку користење шанса да разјасниме нешто кое го тврдат и други познавачи на христијанството (јас не се вбројувам овде пошто гребам само на површината). Имено, дали погрешно те сфатив со постот што го имаш напишано претходно, не знам веќе не сум сигурен...но со делови од текстот
Се додека во Црквата има природна религиозност, а не христијанство, луѓето се повеќе ќе ја напуштаат, ќе имаат некоја религиозност, најчесто за традиционалните празници и ништо повеќе. И донекаде се во право. Не веруваат во Црквата затоа што во Црквата не го гледаат Бог. Не веруваат во Евангелието затоа што Евангелието им сличи на „приказна“. Црквата полека постанува место каде се собираат религиозни луѓе за да најдат некој утеха од проблемите кои ги мачат, и очекуваат Бог на некој чудесен начин, со „волшебно стапче“ да ги реши проблемите, да се објави на сите и сите да поверуваат и да бидат среќни и радосни. Утопија.
ме потсети на една идеја која се провлекува низ темите за христијанството од самите христијани. Се работи за начинот на живеење според кој некои луѓе се вброени во традиционални христијани, номинални христијани, но не и вистински христијани. Затоа и ме интересира дали за еден христијанин да се нарече со вистински треба да го живее животот целосно според Новиот Завет, целосно според правилата на црквата затоа што таков начин на живот -целосна посветеност со сите правила целосно исполнети е можно единствено во манастирите и кај црковните лица, свештениците. Во материјалниот свет, полн со сопки и проблеми, мислам дека можеби 90% од верниците никогаш не биле ниту се оние христијани во прав смисол. Прифаќам поуки за љубовта, за верноста, за добрината...но не можам да прифатам поука за другиот образ, покорноста и покриеноста на жената, среброљубието и слични поуки, блаженства и закони кои во реалност се буквално неприменливи. Во тој случај ќе те згазат како мравка.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зарем и оваа поука за љубовта од Св Павле е глупост

За љубовта
13 Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.
2 Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам, - ако љубов немам, ништо не сум.
3 И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, -
штом љубов немам, ништо не ми користи
4 Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива,
5 не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло,
6 не се радува на неправда, туку се радува на вистина,
7 се покрива, во се верува, на се се надева, се поднесува.
8 Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците?
Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.
9 Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме;
10 а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.
11 Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував;
а кога станав маж, го оставив детското.
12 Сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш - лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен.
13 А сега остануваат овие три работи:
верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
А што е со вистината? Сите овие пораки звучат совршено, алтруистички....ја допираат емпатијата кај луѓето....но што ако се темелат на лага? Дали љубовта е поважна од вистината? Дали за сметка на љубовта е ок да се пласира лага....која подоцна милиони и милијарди луѓе ќе ја сметаат за вистина, и ќе го посветат животот на таа лага?
Дали за сметка на љубовта е ок да се дава лажна надеж?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Вистина е Исус Христос.
Вистина е нутела, чекич и зебра. Исус е изнабилдана приказна од пред 2000 години.

Има супер нови книги. Некои сигурно ќе ти се свиѓаат. Земи читни, шо!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Вистина е Исус Христос.
Затоа што ти сакаш да биде?
Ако твојата пуста желба не е единствената причина за исус да биде вистината, тогаш повели демантирај ги останатите "вистини".
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Vistinata e svetlina, i svetlinata e ljubov. Taka nekako.

:zlo:

Nie sme sega za sega svetlost, no se stremime kon svetlina.

Ihaaaaa

Isus e isto svetlina, i vistina. I Alah e toa, gusto e na piedestalot na vistinata i svetlinata...

Kako sto Ajnstajn kaza, samo dve raboti se beskrajni, Univerzumot i coveckata glupost, no ne sum siguren za prvoto...
 
Кое ти е прашањето? Што не ти е јасно, и што прашуваш?

п.с. Малоумниот мисли дека Бог не постои.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom