Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А што ти беше прашањето?
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Сакам да ве прашам нешто сериозно но ВЕ МОЛАМ да ми одговорат САМО луѓето кој ја имаат прочитано Библијата и убаво ја знаат а другите кои не се целосно запознаени со ова прашање ги замолувам да не одговараат.

Ова ми е многу важно
Слушнав дека Исус после јадење со пријателите им викал да ги соберат и трошките од масата и да не остане ништо.
Строго е забрането фрлање на храна а осовено леб.

(Ова подоле не го имам јас лично прочитано но со свои зборови ке го кажам)
Некоја жена дошла кај Исус и му рекла дека нејзиното дете умре, Исус и рекол дека не требало жената да двои од јадењето на своето дете и да го дава на нејзиното куче за да јаде тоа. Но жената му рекла дека тоа се само трошките и остатоците. Исус и рекол дека детето ке си го најде живо но тоа повеке да не го прави.

Кога ке го отвориме фрижидерот и ке исечеме некое мевце и го фрлиме надвор на гладните мачиња и кучиња е грев за тоа што ние си двоиме од нашето јадење.
Остатокот од нашето јадење не смееме да го даваме на животните.

Сега прашањето ми е следно, дали специјално наменета храна за домашни миленичиња можам да купам и со неа да ги хранам прегладнатите мачиња што ми се врткаат на околу и дали тоа не е никаков грев?

Луге кои се длабоко навлезени во христијанската вера ве молам за одговор.

Поздрав
Еве го, ако можеш помогни како да правам
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Пред малку ги препрочитав стиховите од евангелието по Матеј, во кои е спомената средбата помеѓу Христа и жената-хананејка. Настрана од стоховите, кои имаат сосема друго значење кога се толкуваат, може да се каже дека хранењето животинки не е никаков грев, туку токму спротивното: тоа е израз на човековата милост кон животните. Да, животните треба да се нахранат и не е грев ако за нив се набави посебна храна или ако се одвои од домашната храна за да се нахранат животинките.

Двоењето храна, т.е. трошки за да се нахранат кучињата, како што е наведено во евангелските стихови, има сосема друга природа и е независно до хранењето домашни животни. Споменувајќи ги трошките и кучињата, жената-хананејка, чекајки ја Исусивата милост кон својата болна ќерка, покажува голема мудрост и вер(б)а па тоа е причината заради која Он ја излекувал нејзината ќерка. Па сега, милоста Исусова кон ќерката, спореди ја со милоста твоја кон хранењето животинки.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Aма се мислам дека секое двоење од нашата храна и го даваме на животните го лутиме Бог барем така разбрав па да не ризикуваме
најдобро купечка храна за животни :)

Хомосексуалноста е грев и тоа е во ред но е спомнато за маж со маж (маж да легне со маж исто како со жена) е грев НО зошто не се спомнати и жена со жена, дали ова нешто значи дека лезбејките не се грешни?:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:и нема да платат за своите гревови?:vozbud::vozbud::vozbud:
а што мислиш за ова прашање?
поздрав
 

reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
Ајде и јас имам нешто што стварно не ми е јасно!
Кога Бог решил да се подели на тројца? Зошто решил од еден до тогаш да се поделил на три бога ? Како е можно Бог да умре? Исус бил мртов 3 дена , како е можно Бог да умре?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1. Бог никогаш не се поделил на 3ца, туку Тој одсекогаш си имал Троедина природа.
2. Бог не умрел, туку само човечкото тело на Исус Христос. Исус е Божји Син и Човечки Син (двојна природа). Божјиот Син никогаш не умрел, туку само човечкиот. Кој има уши нека чуе.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Aма се мислам дека секое двоење од нашата храна и го даваме на животните го лутиме Бог барем така разбрав па да не ризикуваме
најдобро купечка храна за животни :)



а што мислиш за ова прашање?
поздрав

1. Нема никаков ризик: двоењето храна за хранење на животните, не е причина за Божјиот гнев. Проблем може да настане само доколку наместо предимство во хранењето луѓе го занемине со предимство со хранењето животни. Па и животните се од Бога дадени. Хранењето животнинки не предизвикува Божји гнев, туку е чин на рисјанска милост кон животните, оти животните се створено пред Адам и заради Адам а не обратно. Животните му се дадени на Адам, за да им биде цар и да се грижи за нив.

2. Хомосексуалноста не е од Бога дадена, туку од лукавиот, оти Бог створи „...машко и женско...„ а не „..машко и машко...„ ниту „...женско и женско...„ Не е битно тоа што во Стариот Завет е наведена одвратноста Божја кон телесната блискот само меѓу маж и маж, „...како со жена...„, оти истиот принцип важи и за женскиот род. Да не се фаќаме за „точки и запирки„ во Писмото и да „цепидлачиме„ како „затуцани„ бирократи, туку да го примиме духот од Писмотото.
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
35
Поени од реакции
3
1. Бог никогаш не се поделил на 3ца, туку Тој одсекогаш си имал Троедина природа.
2. Бог не умрел, туку само човечкото тело на Исус Христос. Исус е Божји Син и Човечки Син (двојна природа). Божјиот Син никогаш не умрел, туку само човечкиот. Кој има уши нека чуе.
Абе за уши имам, ама логика немам, и не го сваќам ова! Значи вака:

Бог = на три природи, од тие три природи едната природа Синот= на две природи, значи 4 природи!

Сигурно ли останатите две природите и тие не се поделени на нешто?
 

ADVISOR

barca & inter
Член од
4 јуни 2009
Мислења
799
Поени од реакции
16
Абе за уши имам, ама логика немам, и не го сваќам ова! Значи вака:

Бог = на три природи, од тие три природи едната природа Синот= на две природи, значи 4 природи!

Сигурно ли останатите две природите и тие не се поделени на нешто?

Не можеш да разбереш затоа што невербата во својата религија ја компензираш со негирање на христијанството.
И ти си уште една следбеничка од исламски центар каде ми го избришаа аватарот бидејки Исус бил на него.
Милозлива е верата Христијанска а не е фундаменталистичка како исламот.

Исус е божји син кој дојде на земјата да не ослободи од гревовите неговиот човечки лик умре за нас .ке дојде судниот ден кога повторно Исус ке се врати на земјата.
Амин
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
35
Поени од реакции
3
Не можеш да разбереш затоа што невербата во својата религија ја компензираш со негирање на христијанството.
И ти си уште една следбеничка од исламски центар каде ми го избришаа аватарот бидејки Исус бил на него.
Милозлива е верата Христијанска а не е фундаменталистичка како исламот.

Исус е божји син кој дојде на земјата да не ослободи од гревовите неговиот човечки лик умре за нас .ке дојде судниот ден кога повторно Исус ке се врати на земјата.
Амин
Зошто неверба во својата религија, јас со мојата религија сум си начисто, Еден е, Совршен, Создавач, Простувач, не се мешат кај Него баби и жаби, па се да излезе каша попара, Еден да те создаде, Еден да ти прости, Еден да ти објасни.
Јас само реков не гледам логика, на мојот разум не му е сватливо зошто би се делел на три природи, ако Бог е нешто најсовршено, ако не создал, зошто му е човечка природа.

И btw не сум јас ничија следбеничка, за да бидеш следбеничка на некој од човекова природа за мене е апсурд, јас си имам Еден Бог, ги следам Неговите упатства и ги почитувам. А за Иса а.с., не смееам збор настрана да кажам зошто е еден од најдобрите Пратеници на Бог, ама на човекова природа да дадам Божје својство, да не претерам многу во заблудата?

И нема потреба мене никој посредник да ме ослободува од гревовите, да чекам до Судниот ден, сам некоја работа што ќе си ја завршиш никој подобро нема да ти ја заврши, затоа ќе си се покаеш сам, ќе си го замолиш сам, ќе ти прости. А не ќе грешиме цел живот, и немаме гајле си го имаме Исус тој ќе не ослободи. Мајката, да не сте малку повеќе мрзливи, се некој друг да ви ја завршува работата!
 

ADVISOR

barca & inter
Член од
4 јуни 2009
Мислења
799
Поени од реакции
16
Зошто неверба во својата религија, јас со мојата религија сум си начисто, Еден е, Совршен, Создавач, Простувач,

Зошто не простува на своето чедо Сабатини туку напишал дека треба да се погуби? Зошто под полиција се штити од својот татко да не ја убие а тој го прака дедо и да ја убие бидејки бил болен ке умре и нема да лежи многу во затвор??

Не е совршен- суров е , не е простувач туку егзекутор:helou:
 

reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
1. Бог никогаш не се поделил на 3ца, туку Тој одсекогаш си имал Троедина природа.
2. Бог не умрел, туку само човечкото тело на Исус Христос. Исус е Божји Син и Човечки Син (двојна природа). Божјиот Син никогаш не умрел, туку само човечкиот. Кој има уши нека чуе.

A dali toa vo biblijata pise deka Bog rekol jas sum trojca, tri prirodi, od koj ednata priroda se deli na dve? Daj mi citat kade e toa napisano!!!
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
35
Поени од реакции
3
Не е совршен- суров е , не е простувач туку егзекутор:helou:
Зависи која е твојата дефиниција за совршенство, ако мислиш дека тројната, четворната, или незнам колку природи, можат да бидат посовршени од Една Единствена, тогаш сигурно за тебе твојот Бог кој си го поделил е посовршен од Мојот.

А за тоа колку е суров, колку не е простувач, и колку е егзекутор, прочитај си сам во Библијата, имаш многу примери за уништување на цели народи кој биле заблудени и не ги слушале неговите упатсва кој ги доставувал преку Пратениците да веруваат во Еден, а не на повеќе богови.

Прашање: Дали вашиот Бог, е Бог само на Земјата? Дали е Бог на целиот Универзум? Дали е Бог и на други Светови и цивилизациии? Дали и таму се дели на три природи? Дали и на тие цивилизации Исус им е Бог кој ќе ги искупи гревовите, или само на Земјата тоа го прави?
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Прашање: Дали вашиот Бог, е Бог само на Земјата? Дали е Бог на целиот Универзум? Дали е Бог и на други Светови и цивилизациии? Дали и таму се дели на три природи? Дали и на тие цивилизации Исус им е Бог кој ќе ги искупи гревовите, или само на Земјата тоа го прави?

Па, изгледа само нам ни е. Ако веќе има некоја друга цивилизација (а сигурно има), со поразвиена технологија, како што ние митски си ги претставуваме, сигурно оти ја имаат подетално испитано нивната планета и нивната околина. Така да сигурно знаат од каде потекнуваат и што ги води во животот. СИгурно нивниот БОГ е некоја машина за телепортирање... (ова последното шала беше :tv:)
Не знаеме да кажеме... А Библијата зборува за Бог на целиот универзум. Тогаш нека ни даде одговор религијата на сите прашања што го мачат човекот?!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
„...Во почеокот Бог ги создаде небото и земјата...„ (Битие, 1.1).
Од стихот, јасно е дека Бог е Творец на целата Вселена, на духовниот и материјалниот Свет.


„...и Бог рече: „Нека израсне од земјата зеленеило-трева, што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе според својот род и вид...„ (Битие, 1.11).
„...Потоа рече Бог: Водата нека се исполни со живи суштества, а низ небескиот свод над земјата нека полетаат птици..„ (Битие, 1.20)
„...Пак рече Бог:„Нека изведе земјата од себе разни суштества спред родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род...„ (Битие, 1.24).
„...Потоа Бог рече: „ Да создадеме човек според Нашиот образ и според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар на морските риби, над небеските птици, над ѕверовите и над добитокот-над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата...„ (Битие, 1.26).
Од стиховите, јасно е дека Бог ги створи и растенијата и животните, и конечно, човекот, и сите нив на Земјава а не некое друго место во Вселената. Јасно е и тоа дека Бог се именува/заменува со терминот „ние„ а не со терминот „јас„-значи, има повеќе Божји ликови.

„...Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи как стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча вои пресрет пред вратат на шаторот свој, и им се поклони...„(Битие, 18.2).
Од стихот е јасно дека Авраам, старозаевтниот патријарх, се сретнал со Тројца патници, т.е. со Бога, во Три Лика.

„...И им рече: „ Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата свој...„(Битие, 18.1).
Од стихот е очигледно дека Аврааам им се обраќа на Тројцата (Света Триоца) со заменска форма во еднина: „тебе„, а не со „вие„.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom