MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Така е устроена Црквата: свештенството, кое е ни е дадено преку апостолското преемство, има улога да поучува, а верните, кои се дадени преку крштевањето Петрово, треба да го слушаат, примаат и практикуваат наученото. Како што Апостолите учеа непосредно од Господа, така подоцна и Светиите учеа од Него, претходно подвизувајќи се и очистувајќи се, за да ја придобијат благодатта Божја. Ете зашто некои се, а некои не се квалификувани да толкуваат, да бидат учители и да ги поучуваат другите.А кој ги квалификува едните а дисквалификува другите, на пример црквата си се подели уште н апочеток на следбеници на Исуса, на следбеници на Кована Крсттител, на следбеници на Павлета.... кој квалификува која е вистинската, кој квалификува дека католиците се дисквалификувани?
За теолошки работи пишуваат многи автори али кој тебе ти дава зелено светло дека нешттото е исправно?
кој го овластил квалификаторот?
--- надополнето ---
А што е, според тебе, „духовен„ татко?А бе и милион пати да речи “татко“ а само еднаш “татко кој е на небесата“ тоа значи нешто. Сепак то се свети книги и секој збор има значение, значи имаме татко и татко кој е на небесата, значи еден обичен природен овоземен татко и еден татко за кој појаснува дека е на небесата.
Со оглед на тоа дека светите писма ни докажуваат дека исус имал и мајка, и родени браќа и сестри заклучокот е логичен едноставен и единствено вистинит: Јосиф е таткото (биолошки) на Исус а бог му е духовен татко.
Христос повеќепати го има споменато Својот Отец Небесен (па затоа Црквата во Символот и исповеда дека Синот Е роден од Отецот!), но Христос никаде не го наведува Јосифа за свој телесен/биолошки татко (ниту ги наведува 4-те браќа и 2-те сестри за биолошки браќа и сестри!), онака како што Христот ја нарекува својата мајка Богородица, за Негова телесна/биолошка мајка.