Во Црквата, под поимот „татко„ се подразбира таткото, како родител, како дарител на телото. Под поимот „отец„, се подразбира духовен татко, кој не е биолошкиот татко, туку друга личност, а кој е раководител и советодавец за духовни прашања и категории. Но, сето тоа за Христа Богочовекот не важи, оти Он има Отец, не биолошки татко. А пошто Бог е дух, тогаш Бог Отецот не е татко Христов во материјална смисла, оти Отецот Го роди Синот-Отецот не го создаде Синот, како што таткото му дава тело на свооето дете.
За да биде работава троа појасна, ќе се повикам на паралелата од Св. Јован Дамаскин, кој вели дека, како што Синот е Син (Божји) на Небесата, ( а не ќерка) и нема биолошка мајка, така и Исус Е Син човечки, а не ќерка, Кој на Земјава нема биолошки татко. Така, Исус Богочовекот нема биолошки татко, а Јосив Му е татко на Исуса само по силата на Законот, а не како татко-родител, според кој (Закон), посвоените деца се третираат како деца од очувот или макеата.