Фала Мики што се потруди да објасниш го ценам твојот труд иако не можам да ги сфатам трите Богови разбирам дека мислите дека се едно, но кога Исус дојде на земјата како тоа се разделија не ми е јасно и не мора ова пак да го објаснуваш бидејќи сметам дека нема одговор. И јас никако не можам да замислам како тоа Богот да се жртвува, но секој си има право да си мисли за Бог како што сака.
Поздрав..
Трите Бога не се „едно„-трите лика Божји: Отецот и Синот и Духот Свет се три Бога, кои делуваат складно и заеднички, што се чини како да делува Еден а не Три Бога. Нивната личносна релација, преку која ликовите градат неразделна заедница, ги чини тие три лика како една целина. Затоа велиме: Троедин Бог, а не Еден, како математичка единица.
Бог Е таков и таков, оти така и толку самиот ни се отркива, само онолку колку е тоа отркивање за нас доволно, потребно, корисно и разбирливо, а Он ни се отркива или преку Писмото или преку Светиите. Ако јас си создадам своја престава за Бога, заснована на мојата способност за фантазирање, тоа значи дека самиот сум си создал свој бог-идол и сум се претворил во идолопоклоник.
--- надополнето ---
Prasanje do popovite, bez niedna misla na provokacija, zosto nikogas ne se zenaat...
Во римокатоличката Црква, неженењето на поповите е една од нивните новотарии.
Во православната Црква, не можеш да бидеш поп, ако не си женет! Така, кој сака да стане поп, веќе треба да биде оженет.