Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 мај 2010
Мислења
163
Поени од реакции
17
Според едно евангелие Иса а.с не бил едниствен кој оживувал мртви и лечел болни тоа го правел и апостолот Петар.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Гледаш како Бог ги дели Исус и Мојсеј ? Себичен Бог уште посебичен син !
А што за тебе би претставувал несебичен Бог? Некој што ќе биде рамо до рамо со тебе? Некој што ќе биде на твое ниво?

--- надополнето ---

Според едно евангелие Иса а.с не бил едниствен кој оживувал мртви и лечел болни тоа го правел и апостолот Петар.
Тоа го пишува и во библиската книга "Делата на апостолите". Исус им дал власт/моќ на апостолите да прават чуда и да лечат болни. Впрочем затоа и во првиот век имало масовни обраќања кон христијанството, затоа што луѓето гледале дека тоа движење е Божјо движење и затоа се приклучувале кон христијаните. Доколку Бог не направел преку рацете на апостолите да се случуваат чуда и знаци, никој жив немало да се приклучи во нивната вера, затоа што тие биле силно прогонувани од римјаните. Затоа Бог ги подржал со чуда и знаци, за луѓето да знаат дека зад сето тоа стои Бог.
Добра ноќ на сите!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Дали младите православни христијани практикуваат предбрачни сексуални односи мислам ова се однесува на членовите на форумот? Дали исто како во католицизмот предбрачните сексуални односи се осудени од православната црква.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Што е ова во Библијата за Девиците ? И таму се спомнуваат ?

1 „Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот.
(Евенгелие според Матеј 25)

10 Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори.
(Евенгелие според Матеј 25)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако може две прашања за христијанството,
1. Кои се најголеми гревови во христијанството и во кој случај тие би ни биле простени?
2.Дали е потребно исповедување на гревовите?

Сакам да видам повеќе одговори :)
1. Апсолутно најголем грев кој може да биде сторен од човек, тоа е богоубиството, кое се случи кога Христос беше распнат на крстот голготски.

Втор по сила, е „хулата на Светиот Дух„, што значи, доживотно и тврдоглаво останување во неверие и неприфаќање на од Бога откриените вистини.

Трет е самоубиството, оти самоубиецот после самонанесената смрт, нема време за покајание.

За наведените гревови, не постои простување, оти нема ни причина ни време за тоа: кој го уби(л) Бога, нема начин за простување; кој доживотно хули и не се покајува, нема за што да му се прости; кој се самоубива, по смртта, нема време ни можност да се покае-нема кому да му се исповеда.

2. Да, несоменено дека треба да се исповедаат личните гревови, кои се запишуваат во небеските книги, оти токму гревовоите се причина за нашето/моето гревовно однесување во овој Свет, а по смртта, запишаните а непокајани гревови, се причина за „заработување„ пеколна казна. Тоа веќе спаѓа под Светата тајна исповед-покајание.

--- надополнето ---

дали црквата го признава инцестот господ, марија и исус?
троединиот бог истовремено и ја оплодил и е нејзин роден син.
ако Господ е троеден како што тврди христијанството тогаш незсомнено станува збор за инцест:nesum::toe:
1. Црквата не го признава инцестот. Живееме според правилата од Новиот Завет, не според Стариот. Инцестот произведува дефектни генерации луѓе, што и во пракса е веќе познато, ообено кај јудејската масонерија.

2. Троединиот Бог секогаш е Троедин. Бог нема човечка природа, туку Бог е дух. За Бога, не важат правилата како за луѓето, оти постои јасна подвоеност за тоа Кој е Творец а што/кој е творба. Творецот не е идентичен на творбата.

3. Исус Христос, човекот, не е зачнат по познатиот природен пат, туку е зачнат надприродно, преку осенувањето на Духот Свет врз Мајката Божја. Така, не се работи за телесен контакт на релација „машко-женско„, туку за надприроден настан, без телесен контакт, па затоа паѓа во вода тврдењето дека се работи за инцест. При зачнувањето Христово, никој со никого не „инцестирал„-едноставно, нема физички /телесен контакт.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.956
Поени од реакции
80.719
Гледаш како Бог ги дели Исус и Мојсеј ? Себичен Бог уште посебичен син !
Ал каеда, не си го мачи мозочето со работи тешки за сфаќање. Дај види таму нешто попросто: каменувај жена, дигај у ваздух Буди....нешто така, релаксирачки...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
2. Троединиот Бог секогаш е Троедин. Бог нема човечка природа, туку Бог е дух. За Бога, не важат правилата како за луѓето, оти постои јасна подвоеност за тоа Кој е Творец а што/кој е творба. Творецот не е идентичен на творбата.
Дали тогаш равенката ти се зезнала?
Ако има јасна подвоеност за тоа кој е творец, а кој творба, како може 1+1+1 да е еднакво на 1?!?!
Математиката ќе даде барем 2, ако не и 3 како резултат. Не?
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Ал каеда, не си го мачи мозочето со работи тешки за сфаќање. Дај види таму нешто попросто: каменувај жена, дигај у ваздух Буди....нешто така, релаксирачки...
Пази да не ти го прочитаат ова зошто ги оговараш...ќе ти отиде главата на тебе:pos2:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали тогаш равенката ти се зезнала?
Ако има јасна подвоеност за тоа кој е творец, а кој творба, како може 1+1+1 да е еднакво на 1?!?!
Математиката ќе даде барем 2, ако не и 3 како резултат. Не?
Не.

Со равенката се е во ред: „Една суштина-три лика„. Се е јасно.

Бог Отецот не Го создаде Својот Син, туку Го роди. А не Го роди како биолошко битие, туку како дух. А Светиот Дух, ниту Е роден ниту Е створен, туку излегува од Отецот. Така, и Синот и Духот не се од Отецот створени, туку Синот Е роден од Отецот, а Духот Е излезен од Отецот. Тоа значи дека Бог Отецот не е творец на Синот и Духот, оти Синот и Духот да беа створени, не би биле Богови и створители, туку Синот и Духот би биле творенија.

За Бог, Кој Е дух, не важат материјалните процеси и закони.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.956
Поени од реакции
80.719
Da bi bil ja clen na alkaedna jas tebe bi te kamenuval sred grad i posle ke te ostavam da te e..... ciganite na sred grad be cigan eden
Знам бе друже, јасно ми е дека исто размислувате ко нив, без да ми кажеш. Затоа и ви се обраќам со тоа име (АлКаеда и сл.).
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Не.

Со равенката се е во ред: „Една суштина-три лика„. Се е јасно.

Бог Отецот не Го создаде Својот Син, туку Го роди. А не Го роди како биолошко битие, туку како дух. А Светиот Дух, ниту Е роден ниту Е створен, туку излегува од Отецот. Така, и Синот и Духот не се од Отецот створени, туку Синот Е роден од Отецот, а Духот Е излезен од Отецот. Тоа значи дека Бог Отецот не е творец на Синот и Духот, оти Синот и Духот да беа створени, не би биле Богови и створители, туку Синот и Духот би биле творенија.

За Бог, Кој Е дух, не важат материјалните процеси и закони.
Најголем грев е да се хулит светиот Дух ? Тешко него тој не постои..Како го создал Бог тој “Свет Дух“ како произлезе од Бог ? Како терминатор 3 исто како што спомна Скорер погоре. И како тоа зачнува невино девој4е кое има само 13 год. Искористена е Марија во овој случај.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.956
Поени од реакции
80.719
Најголем грев е да се хулит светиот Дух ? Тешко него тој не постои..Како го создал Бог тој “Свет Дух“ како произлезе од Бог ? Како терминатор 3 исто како што спомна Скорер погоре. И како тоа зачнува невино девој4е кое има само 13 год. Искористена е Марија во овој случај.
Жити све. Дојде тука да ни кажеш (мултиплицирано - на секоја страна) дека Светиот Дух не постои?
Епа ако ти се подбиваш со Светиот Дух (со паралелите со Терминатор, "искористувањето" на Марија и друго), а знаеш дека е најголем грев да се хули против Светиот Дух, тогаш не очекувај поинаков однос кон нештата за кои ти сметаш дека не треба друг да се подбива со нив.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Најголем грев е да се хулит светиот Дух ? Тешко него тој не постои..Како го создал Бог тој “Свет Дух“ како произлезе од Бог ? Како терминатор 3 исто како што спомна Скорер погоре. И како тоа зачнува невино девој4е кое има само 13 год. Искористена е Марија во овој случај.
1. Да, Духот Свет постои.
2. „Верувам„ не е исто што и „знам„. Кој сака да знае, не верува. Кој верува, не сака да знае повеќе од она кое ни е од Бога откриено. Кој сака да знае, веќе посакал да се изедначи со Бога и да ја спознае во целост Божјата природа, а тоа, вала, на луѓето не им е допуштено, ниту луѓето се капацитетни да Го осознаат Бога во целост.
3. Мајката Божја Го раѓа Христа на свои 15-16 годнини, не на 13. Зачнувањето Христово е надприродно, не природно, па затоа Богородица ја зачувува својата чистота пред, со и по раѓањето Христово.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
3. Мајката Божја Го раѓа Христа на свои 15-16 годнини, не на 13. Зачнувањето Христово е надприродно, не природно, па затоа Богородица ја зачувува својата чистота пред, со и по раѓањето Христово.
Е сега Богот има мајка ?

--- надополнето ---

Жити све. Дојде тука да ни кажеш (мултиплицирано - на секоја страна) дека Светиот Дух не постои?
Епа ако ти се подбиваш со Светиот Дух (со паралелите со Терминатор, "искористувањето" на Марија и друго), а знаеш дека е најголем грев да се хули против Светиот Дух, тогаш не очекувај поинаков однос кон нештата за кои ти сметаш дека не треба друг да се подбива со нив.
Светиот Дух направил срамно нешто. Самиот се зачнал =)

-


--- надополнето ---

Еве дел поезијата од Ибн Кајим ве молам запазете...

Чуден ли е тој гроб кој го прифаќа бог,
А уште почудна ли е таа мајчина утроба

Во која девет месеци ги поминал
И со менструација во темнината се хранел,

Потоа , малечок и слаб, од женскиот отвор се пробил
Отварајќи ја устата да мајчинските гради ги дои.

Јадел и пиел , а потоа и во нужник идел,
Зар него за Бог ке го земете?


Зар памет може да замисли да бог во тој момент
не го сломи крстот и спали,

И да не ги казни тие кои го злоставуваа
Кога со сила крстот на него го ставија

И низ дланките шајки му заковаа?
Тој крст , тогаш , проклеството го призива

Па кога ќе го видиш, згази го, и не го љуби,
Господ беспомошен се понижува на него,

Па ако крстот го обожаваш, непријател си Божји,
И ако го величаш што господ на себе го носел...

--- надополнето ---

Ајде кажи ми ти мене МИКИ1 каде Исус го спомнува Светиот Дух ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom