Дракула
Baby join me in death
- Член од
- 21 април 2010
- Мислења
- 93
- Поени од реакции
- 0
Тој збор проповедување дали малку не ти личи на наметнување на нешто?
Исус не сакал ништо да наметнува, затоа Тој не проповеда Христијанство.Тој ги учел луѓето на највредните работи во животот, ги учел како да се љубат едни со други, да прават добрини, да не му мислат лошо на непријателот( а не да се зајадуваат меѓу себе) итн.
Вистинските морални вредности кои човекот ги знае за себе денес се применети во Новиот Завет.Ги издигнал луѓето на повисоко духовно ниво, и што е најважно им ја дал смислата на животот!
Немал време да проповеда религија,но оставил ученици на кои им рекол да го пренесуваат неговот збор насекаде низ светот, на сите народи кои постојат.
Неговиот збор, значи и зборот од Бога!
Зошто кој ќе ги слушне зборовите на Синот, ги слуша и зборовите на Таткото!
Зарем тоа не може да се нарече Христијанство?
Леле девојко секоја чест за тебе е ваков одговор Чорбаџи ваков одговор сакав. Фала многу, ај ако можеш одговори ми на другите прашања.