Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
@DBack што е за тебе зло?
За мене, зло е потфат со лоша намера.

/Животните не можат да создадат зло. Ниту растенијата, инсектите, бактериите, вирусите, оганот, водата... ни господ. Само човекот може да создаде зло/
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Zaso Bog ne pomaga za vreme na vojni ,glad , emelentarni nepogodi itn..

Ili na primer : Ako ide asteroid nakaj Zemjata ,koj moze da ja uniste , a nie sme nemokni , dali Bog ( bilo koj , od bilo koja religija ) bi ni pomognal ??
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Zaso Bog ne pomaga za vreme na vojni ,glad , emelentarni nepogodi itn..

Ili na primer : Ako ide asteroid nakaj Zemjata ,koj moze da ja uniste , a nie sme nemokni , dali Bog ( bilo koj , od bilo koja religija ) bi ni pomognal ??
Дека не му е тоа ни работа, ни од интерес. ;)

... и мислам дека ниту еден од илјадниците илјадниците богови нема да улета на помош...
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
@DBack што е за тебе зло?
Суштинско прашање. И не е лошо ова прашање да се упати до христијанството исто така. Значи прашање до христијаните и атеистите: што е тоа зло?

Додуша нефилозофичниве атеисти лесно ќе ни одговорат дека тоа е релативна, субјективна категорија, дека не може да постои апсолутна дефиниција на тој поим. Но баш ме интересира како на тоа ќе одговорат христијанските верници, или пак подлабокоумните атеисти или скептици. Во наредните постови и јас ќе се обидам да одговорам на ова или барем да поттикнам една сериозна филозофско-телеолошка расправа.
Добра ноќ
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
За мене, зло е потфат со лоша намера.

/Животните не можат да создадат зло. Ниту растенијата, инсектите, бактериите, вирусите, оганот, водата... ни господ. Само човекот може да создаде зло/
Во многу наврати споменуваш за твојата револтираност од Богот на христијаните кој во Библијата постојано задава "Не" закони со кои сметаш дека во голема мера му е ограничена слободата на човекот.

Во основа "Не" законите му се даваат на човек кој е лимитиран и блокиран од својата несовршеност или кратко кажано е бот.

Значи ти кога ќе и речеш на твојата ќерка да не става "Look at me" слики на интернет сакаш да ја заштитиш од контаминирачкото влијание на интернетот..
Се разбира доколку е доволно свесна и размислува на твоја (исправна фреквенција) нема ни да има потреба да и објаснуваш зошто не треба да става слики на интернет, за потенцијалните предатори,мањаци,пубертетлиите со уличен вокабулар..

Човештвото во глобала не размислува во насока (фреквенција) на која размислува нашиот Креатор па оттаму причината зошто Бог ни ги дава "Не" законите.
 
Горе-доле - да. Закони се за ботови... Држи логиката се до крајот. Единствено не би се сложил дека Бог ни ги дава законите. Јас сум сигурен дека сите закони и завети на овој свет - поранешни и сегашни - се од човекот измислени - не од Бог!
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Човештвото во глобала не размислува во насока (фреквенција) на која размислува нашиот Креатор па оттаму причината зошто Бог ни ги дава "Не" законите.
Ем верниците сте доволно самоуверени што велите дека знаете како размислува креаторот, па уште велите дека ние сме на некој начин миленичиња на Господ, ако не сме добри не држи гладни и не тепа, ако сме добри ни фрла коска.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас сум сигурен дека сите закони и завети на овој свет - поранешни и сегашни - се од човекот измислени - не од Бог!
Заборави да го подвлечеш зборот "сигурен". Вака поуверливо делува нели?
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
И Хитлер беше сигурен али за жал работите не завршија како што он замислуваше.
Како можеш да бидеш сигурен за нешто што не го гледаш, контрадикторно нели?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.535
Поени од реакции
28.955
Бог има план т.е. прекрасен план за тие што ке го прифатат Исус за свој спасител...Ако поверувате со сето свое срце, тогаш ке ја почувсвувате љубовта од Бог и ке сватите зошто се случуваат некои работи. На оние кои ке поверуваат во Бог ке им го прати Светиот Дух и ке распознават добро и лошо, ке имаат одговори на прашања што и самите не се свесни дека ги знаат одговорите...Сите што ке поверуваат ке бидат спасени и ке преминат од смртен во вечен живот...А кој сумја во ова што го пишав нека го побара одговорот во Светото Писмо! Ништо не измислувам,само ви ја пренсувам Божјата порака! Поздрав до сите што ке го прочитате ова!Ако имате прашања слободно прашајте!
 
немам прашање,... ама како имаме содржина тука за едно кафе или слично... па се да се покаже што е неисто тоа... или само поинаку....

И Хитлер беше сигурен али за жал работите не завршија како што он замислуваше.
Како можеш да бидеш сигурен за нешто што не го гледаш, контрадикторно нели?
мислам дека глаголот, во овој случај, не е сетилен (гледа, слуша, мириса) па да се закачиш... глаголите за кои зборуваме се поинтиутивни... како на пр. чувствува, доживува, очекува...

па така..., ништо не е сигурно... that's the beauty of it... све може...и не е фрка ако не знаеш...`не се секирај... „се ќе биде добро“
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Едно прашање до рисјаните на форумов:

Вашата религија(вербата) па и секоја, се стекнува или ја имате од самото раѓање?

Бидејќи гледам дека многу луѓе (не на форумот, не ве знам) ја имаат од самото раѓање, дали бил од христијанско или муслиманско семејство не е битно. Дали треба да ги сметам за верници ?

Која е вистинската вера, стекната или вродената, и колкав е тој процент што уствари ја имаат стекнато ?

Предпоставувам мал...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom