Прашањето воопшто не е глупо, мислиш дека е хигиенски после серка со рака и вода да буричкаш во газот ? може било хигиенски пред да се измисли вц папир пред 100год. , ама во денешно време дефинитивно не е.
Проблемот е во тоа што исламот тешко се адаптира на промените кои ги носи развојот на човекот и преминување во посовремен систем на општествено уредување, а би требало да е обратно со оглед на тоа дека е последна голема религија формирана на земјата.
Ако се продолжи вака како до сега во различни делови на светот ке имаме неспоредлив начин на живот.
Очекував поконкретен одговор, не ступиден ко овој.
Какви болести кријат тоалетните хартии
Сигурно веќе сте ги чуле советите дека во јавен тоалет подобро е да ги избришете рацете, отколку да ги исушите на апаратите што произведуваат топол воздух или да се измиете со вода. Но, и оваа алтернатива со тоалетната хартија не е добро решение, кога станува збор за здравјето.
Отсега размислете дали повторно ќе го направите тоа, особено кога се наоѓате во јавен тоалет. Во канадските лаборатории е откриено дека токму таа хартија е најнехигиенска и содржи бактерии опасни за кожата. Хартијата произведена од рециклирана хартија содржи најмногу бактерии.
Истражувањето било спроведено на шест видови хартиени бришачи и покажало дека сите од нив биле контаминирани, а рециклираните биле најнеисчистени – на нив имало од 100 до 1.000 пати повеќе бактерии од другите. Причината научниците ја барале во начинот на рециклирање на хартијата, при што се користат смеси кои на бактериите им служат како храна. Најприсутна била бактеријата бацилиус, причинител на труењето со храна.
Исто така, не треба да заборавите дека овие тоалетни хартии се преполни и со други бактерии, како резултат на неодржувањето на хигиената на посетителите на јавните тоалети. Докажано е дека голем број луѓе не ги мијат рацете по вршењето нужда, така што тие претставуваат закана за секој корисник на јавните тоалети. Тоалетната хартија едноставно ги впива сите бактерии кои можат да бидат причинители на разни болести.
Затоа, најдобро е наместо да се избришете со „чистата“ хартија, да си носите дезинфекциски марамчиња или наједноставно е да се користи водата и сапунот, така што ќе бидете безбедни дека нема да „закачите“ некоја бактерија. Лекарите советуваат дека рацете не треба да се мијат само пред јадење и кога видно се нечисти, туку задолжително и по јадење и по посетувањето на тоалетот, по допирањето на носот, устата или очите, по контакт со болно лице, но и при секојдневните активности во домаќинството.
Муслиманите при миење на нечистите делови од телот стриктно ја користат левата рака. Тоа значи и при вршења мала и голема нужда,како и при секнење нос се користи левата рака, додека десната рака служи за поздравување со луѓето, за читање на книги и други работи од секојдневниот живот.
Логично е бидејќи левата рака се користи за отстранување на нечистотијата при извршување на физиолошката потреба, бидејќи тоа би можело да ја загрози хигиената на една личност, па таа штетна можност, нашиот Пратеник (с.а.в.с.), ја поврзува со шејтанот кој е соучесник во секоја духовна и физичка болест. Затоа муслиманите не се ракуваат со лева рака, не јадат со лева рака, едноставно со тоа и бактеролошко штетниот момент се намалува и не се дозволува нехигиенски однос кон сопственото телото и кон другите. Верниците треба да внимаваат во јавните тоалети да го следат примерот на Пратеникот, алејхи селам, да влезат со заштитна дова, со лева нога, и да при тоа внимаваат на својата хигиена.
Сапунот со кој ги миете рацете, треба да по користењето да се измие под млаз вода и да се чува така што ќе биде сув, а добро е со него да се истрие целата површина на кожата на рацете, порачуваат лекарите.
Во преданието кое го пренесува Ебу Хурејре (р.а.), се предупредува да врз рацете и телото треба да се води грижа: «
Koј ќе заспие со измастени раце од храна, неизмиени, па ако нешто му се случи, никого нека не го укорува освен самиот себеси!».
Денес, кога науката го достигнала врвот на нејзиниот напредок и која јасно нагласува дека миењето на раце после вршење нужда е нужност која мора да се уважува, заклучуваме каква корист му донесе исламот на човештвото, сакајќи да го едуцира, не само во важните акаидски, туку и најобични прашања кои живот и здравје значат.
Користен е дел од текстот на Плусинфо