Велиш дека западот ја направил жената објект, а вие демек ја сметате за личност, ајде да видиме дали е така.
Западната жена сама одлучува како ќе живее, како ќе се облекува, со кого ќе биде, со кого ќе има секс и слично, значи сама одлучува, и никој не ја казнува поради нејзината одлука.
Муслиманката доколку го стори истото, ќе боде казнета, па дури и убиена. Е сега одкако ја расчистивме разликата, одговори ми на следново прашање:
Ако ти поседуваш нешто, но не смееш да го користиш како што ти ќе решиш, дали тоа навистина ти припаѓа на тебе? Ако на пример имам часовник и ми текне да го скршам, или да го позајмам некому.....или да му сменам ремче, и дојде некој и ме казни поради тоа, дали тој часовник е мој? Ако друг ти наложува како да постапуваш со него, дали ќе го чуствуваш како твоја сопственост?
Примени го истиот принцип и за честа(моралот) и личноста кај жената. Ако жената поседува чест, ама не смее да располага со истата како што ќе одлучи таа, тогаш дали таа моралност е нејзина? Западната жена сама одлучува како ќе живее, муслиманката не смее, бидејќи ќе биде казнета или уште полошо убиена. Тогаш на кој начин муслиманката е личност, кога сето тоа што ја дефинира како личност и е наметнато од друг?