Вчера запрашав, но ниту еден муслиман не ми одговори, се чуствувам запоставено...:cry:
И Ебу Суфјан пред да го прими исламот се чувствувал запоставено кога идолопоклониците ја прекршиле Худејбиската спогодба ,сакајќи да арбитрира кај Пратеникот преку неговите асхаби ( другари) а овие глава не му вртеле....
И треба да се чувствуваш запоставено невернику, се додека не се покаеш и не го совладаш стравот од постоењето на Создателот и не го посведочиш како што треба.
Дали може да ми одговорите на следново.
Јас никогаш не побарав да бидам створен. Со кое право некој ме извадил од ништавилото и ме ставил во ситуација да бидам наградуван и казнуван? Нели Бог е љубов и добрина?
Одбивам да ја играм играта на награди и казни, дали поради тоа ќе одам во пеколот?
Ќе ве замолам за одговор кој би бил ваше мисллење, или барем со ваше мислење сумиран одговор од куранот. Километарски copy paste oд куранот не читам...
Благодарам.
Бог нема да те казни за она што е надвор од твоите рамки на делување и можности. Пред Бога ќе одговараш само за постапките кои свесно и со своја волја си ги направил. А потоа:
Бог рекол:
"Бев сокриено богатство, посакав да бидам познат па го создадов човекот!"
Верникот не се оптоварува со прашања кои што се надвор од неговата способност на одлучување. Едноставно Бог сакал така да биде па рекол:
"Биди! И сме биднале!"
Еве ти еден редослед кој е надвор од нашиот домен,без оглед колку и како ќе протестираме поради тоа:
Човекот увидува дека бил ембрион во мајчината утроба уште пред да е роден, а уште пред да стане ембрион бил сперма во внатрешноста на татко си, а пред тоа бил крв која тече во татковите вени, а таа настанала од храната која тој ја изел, а оваа била растение кое изникнало од земјата, или животно кое се хранело со растенија. Тоа се фази низ кои поминал пред раѓањето, а за кои не знаел ништо. Долг синџир, чиј мал број на алки е видлив, а останатите ги сокрива од нашите очи целосна темнина.
Ти имаш разум и волја, а си постоел, пред да имаш разум и волја.
Никој од нас не знае за себе си пред својата четврта година од животот. Никој не се сеќава на раѓањето! Кој се сеќава на своето раѓање? Кој се сеќава на времето кога бил во мајчината утроба? Ако постоел уште пред да знае за своето постоење, можно ли е да се каже дека ќе имал можност да бира помеѓу неговото постоење и непостоење?
И конечно:
Дали ти со ова прашање сакаш да најдеш оправдание и да му пркосиш на Бога во Неговиот Суд, или сакаш целата вина за твоите гревови да му ја припишеш Нему?
Наместо прашањето:
" Јас барав ли да постојам", или:
" ти ли бараше да постоиш?", логично би било да си ги поставиш прашањата:
„Откаде сум дојден? Каде одам? Која е мојата цел овде? Што е почетокот? Што е „крајот“...?
:helou::helou::helou: