Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Држете се до темата...која се однесува на Исламот..постовите кои беа офтопик се избришани...
 

JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
mene ne mi se jasni radikalnite prevodi na islamot... koj gi napisal od kaj poteknuvaat od kogo poteknuva ideata deka treba da se ubijat nevernicite:D

poso spored mene e uste edno izvrtuvanje na religija kako mn vo istorijata za ostvaruvanje nekoj politicki celi ( vo slucajov brkanje na amerika od bliski istok)... i taka se nastanati i islamot i hristijanskata religija pa i evreite
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Omer Faruk,

kako edvaj da cekas da postiras gotovi statii pa covek da neznae od kaj da pocne, aj od sredina.

"и по кои националното богатство мора да биде секогаш во праведна прерасподелба и промет, по кои наследството мора праведно да им се расподели на машкото и женското потомство, според кој богатството не смее да остане во рацете на мал број богаташи, според кој "


Ova vo Kuranot stoi? Naprotiv tamu se znae kolku dobiva sinot a kolku cerkata, aj te molam sega, ne dodavaj citati, jas ne gi znam bas mestata da ti gi najdam citatite no toa e bar jasno. Ako diskutirame, bar pisuvaj kako sto e.:uvo:
Rubyred,за некои работи е неопходно да се каже збор - два повеќе од вообичаеното, за да се разбере подобро суштината. Еве,гледам дека ти и покрај тоа не си ја разбрала суштината на мојот текст и мислиш дека јас ги извртувам Кур,анските ајети. :) Значи тој заклучок кој си го подвлекла е генералниот став на Исламот кога станува збор за наследството и обврската на богатите кон другите. Станува збор за социјалната страна на Исламот која е до толкава мерка истакната, да не верувам дека некој правен систем би можел тоа поубаво да го регулира од Исламот.

А сега да ти објаснам за Кур,анските цитати, и зошто е тоа така?:)


Чесниот Кур,ан дава специфични и детални упатства кои се однесуваат на расподелбата на заоставштината меѓу законските наследници.


Кур,анските ајети кои зборуваат за наследството се следните:


-сура Ел – Бекаре: 180
-сура Ел – Бекаре: 240
-сура Ен – Ниса: 7-9
-сура Ен – Ниса: 19
-сура Ен – Ниса: 33
-сура Ел – Маиде: 106-108.


Вистина е дека во повеќето случаеви, женското наследува половина од она што го наследува машкото. Тоа се на пример, следните случаеви:
  • ќерката наследува половина од она што го наследува синот,
  • сопругата наследува 1/8, а сопругот ¼ во случај покојниот да имал деца,
  • сопругата наследува ¼, а сопругот ½ доколку покојникот немал деца,
  • доколку покојникот не оставил наследници по влезна и излезна линија, сестрата наследува половина од она што го наследува братот, итн.

Значи,кога станува збор за наследното право, Исламот тоа го регулирал во детали.


Но, да се вратиме на твојата забелешка и да видиме зошто машкото наследува повеќе од женското.


Во Исламот, жената нема никакви финансиски обврски кон семејството.Сите обврски од тој вид ги снесува мажот. Пред да се омажи жената, обврска на нејзиниот татко или брат е да се грижи за нејзината облека, храна, смештај, школување и други потреби. После мажачката, таа обврска преминува на терет на мажот или синот.


Исламот мажот го смета за одговорен за исполнувањето на сите финансиски обврски кон семејството. За да би можел да ги исполни тие обврски, мажот, помеѓу останатото, добива и двојно поголема количина на наследство.


На пример: Ако умре таткото и им остави на синот и ќерката во наследство 15.000 евра, синот наследува 10.000, а ќерката само 5.000 евра. Од овие 10.000 евра кои ги наследил, синот ќе мора на своето семејство да ги потроши скоро сите пари или поголе дел од нив, да речеме 8.000 евра.После подмирувањето на обврските, нему лично ќе му останат само 2.000 евра.


Додека пак,од друга страна, ќерката која наследила 5.000 евра нема никакви обврски кон никого, никому не мора да му даде ниту еден цент. Се што ќе наследи, таа може (ако сака) да си го задржи само за себе.


Што би сакала ти повеќе: -Да наследиш 10.000 евра, па после подмирувањето на обврските кон семејството, да ти останат само 2.000,или да наследиш 5.000 евра и сите да ги задржиш за себе?

Уште еднаш се извинувам за подолгиот текст, но, се надевам дека внимателно ќе го прочиташ и проучиш. Ако имаш некоја забелешка, повели. :):smir:

П.С. Силен, сега немам доволно време, но и на твоите забелешки ќе одвојам простор за одговор во првата дадена можност.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
mene ne mi se jasni radikalnite prevodi na islamot... koj gi napisal od kaj poteknuvaat od kogo poteknuva ideata deka treba da se ubijat nevernicite:D

poso spored mene e uste edno izvrtuvanje na religija kako mn vo istorijata za ostvaruvanje nekoj politicki celi ( vo slucajov brkanje na amerika od bliski istok)... i taka se nastanati i islamot i hristijanskata religija pa i evreite
Ете подоле имаш цела тема за Џихадот, каде сметам дека ќе го најдеш одговорот на твоето прашање.

Omar bi sakal da mi odgovoris ako si vo moznost koe e tvoeto poteklo.
:) Незнам која ти е поентата на прашањето, или онака чисто информативно те интересира.

За моето потекло пријателе знам дека наназад 7 колена од семејството биле муслимани. Само толку, а за пред тоа незнам.:toe:

ЏИХАД

(Хутба одржана на ден 25 - 4- 2008 година, Октиси-Струга)
Хатиб: АриФ Рамадани

Ова верско предавање го изложувам на овој форум сметајќи дека ќе придонесе во подобро сфаќање на некои исламски поими кои често се злоупотребени и погрешно сфатени од повеќето немуслимани па дури и од некои муслимани.

Во ерата на декаденца дошло до разни деформации, изопачувања, погрешен третман и интерпретација на голем број на исламски прописи и поими. За тоа вина има и надворешниот но и внатрешниот фактор. Во овој говор ќе се осврнеме на поимот "Џихад", кој надворешниот непријател особено му дал внимание и значење но и погрешна смисла. Ние овде нема да расправаме за историскиот тек и начинот до кој е дојдено до такво поимање, туку едноставно ќе се осврнеме на поимот "Џихад" во негова јазична и терминолошка смисла во светлината на исламската концепција произлезена од исламските извори, к*р'ан - Божјата реч и Суннет - Традицијата на ллаховиот Пратеник, Мухаммед с.а.в.с.
Поимот џихад во арапски јазик значи вложување на труд и напор во сите акции и активности во борба за одржување на напредокот и благосостојбата, како за поединецот така и за заедницата. Глаголот "џахеде" значи да се трудиш, оспособиш, припремиш за се што е позитвно. Во оспособувањето за извршувањето на животната мисија, која исламот ја одредува и пропишува за човекот не е доволна само стручна припрема. Тука е важна духовната, морално-етичката страна на човекот. Потребно е изградба на човек, да се создаде позитивна, хумана и креативна личност. Секако, дека оваа е заедничка поента на сите религии, што автоматски сите поседуваат еден вид на "џихад" но не оној кој е врежан во нашите глави од дефиницијата на медиумите. Да не должам многу, ќе ви ги споменам категориите на џихад во ислам, иако цврсто сум убеден дека пристрасните и фанатиците ќе го насочат текстот и констатциите во поинаква насока и ќе дадат страствен поглед, мижејќи пред вистината. Тука не сакам да напаѓам ниту да бранам туку сакам поимот џихад да го доближам до заинтересираните за суштината на овој збор.
Еве како исламската елита, призната со легитимитет и легалитет ги спомнуваат видовите на џихад произлезени од к*р'ан и Суннет:

Прв вид на џихад: ЏИХАДУН-НЕФС - што значи борба со самиот себеси, борба со сопственото его, страст и пристраснот, вложување на напор за отстранување на негативните пороци во човечката душа. Мухаммед а.с. кога се вратил од еден воен поход рекол: "Реџе'ана мин џихадил-есгар ила џихадил-екбер" (Се вративме од мал џихад во голем џихад, тоа е борба со сопственото его). Во друга прилика Мухаммед а.с. кога ги запрашал своите другари: Што мислите кој е најхрабар меѓу вас?" Тие одговориле: "Оној кој може секого да го победи во борење, или да го собори на земја?" Тогаш Мухаммед а.с. рекол: "Не, вистински херој и јунак е оној кој може да владее со себеси, (Во друго предани стои: "Оној кој може да контролира при лутина и бес."
Познатиот филозоф Роберт Барунинг вели: "Го ценам оној човек чија борба почнува со него самиот." Тоа е првиот вид на џихад.

Втор вид на џихад: ЏИХАДУ БИН-НЕФС - Борба со сопственото тело, физички џихад и одбрамбен џихад во случај кога непријателот ја нападне земјата и врховниот владар повика на општа мобилизација во одбрана на татковина, верата, суверинитетот … Во к*р'анот јасно се спомнува овој вид на џихад: "И војувајте на Аллаховиот пат против оние кои војуваат против вас, но не преминувајте ги границите, Аллах, навистина, не ги сака оние кои претеруваат." (к*р'ан, Бекаре-190)
Исламот овој вид на џихад го прифаќа и препорачува само во ванредни околности и тоа под строги одредени услови.
Џихадот ( со оружје - рака и живот) станува задолжителен (фарз) кога ќе се исполнат три услови:
1 - Полнолетност,
2. Кога непријателот ќе ги нападне муслиманите, и
3 . Кога повикот за џихад доаѓа од водачот на муслиманите.

Трет вид џихад: ЏИХАДУЛ-МАЛ (Борба со сопствениот имот и капитал во пружање отпор на непријателот, трошење на Аллаховиот пат со укажување помош на слабите, бедните, сиромасите и сл. Еве практиченпример со вториот халифа Осман р.а. кога рекол: “Ве колнам во Аллах и во ислам: дали знаете кога дојде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. во Медина, а немаше чиста изворска вода за пиење освен бунарот на Реума, па рече Пратеникот: “Кој ќе го откупи бунарот и ја направи неговата кофа за извлекување на вода заедно со кофите на другите муслимани, за тоа нему ќе му припадне Џеннет?” “Јас го купив од основата на мојот имот. Дали знаете дека џамијата беше тесна за клањачите, па Пратеникот рече: “Кој ќе го купи плацот на филан човек и ја прошири нашата џамија со добро, за тоа нему ќе му припадне Џеннет?” Јас го купив од основата на мојот имот! Дали знаете кога Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рече: "Кој ќе ја подготви војската на Усре (тежок поход во битката на Тебук), ќе заслужи Џеннет, па јас ја припремив војската." (Тирмизи, Несаи)

Четврти вид на џихад: ЏИХАДУЛ-КЕЛИМЕ - Борба со јазик на тој начин што ќе се објасни Вистината, како што е случај со оваа тема со која сакаме да ја разјасниме институцијата "џихад" и на муслимани и на немуслимани, со цел да не го злоупотребуваат и понатаму свесно и намерно. Овој џихад денес може да се дефинира и како медијска и пропагандна војна. Еве ви еден класичен и свеж пример. Дезинформирањето на јавноста може да се изведе на разни начини кои се разликуваат по својата суптилност. Основна цел за сите нив е јавното мнение да добие погрешна претстава за нешто и да се натера самото да донесе погрешен заклучок. Тоа некогаш е можно и со вистинска информација или слика која се пласира во одреден поволен момент да создаде сакан крив заклучок. Добар пример за ова е прилогот на ЦНН – 11.09.2001. кога непосредно по уривањето на ЊТЦ (Светскиот трг. центар) е прикажана една група на Пелестинци кои се радуваат и извикуваат текбири. Гледачите добиле впечаток дека муслиманите ширум светот се радуваат за она што се случило, а ова понатаму води до заклучок дека муслиманите го урнале центарот. Подоцна во средствата за информирање се јавил Германец кој спомнатиот видео запис го снимил пред десет години порано. Секако оваа поправка не можела да го избриши стекнатиот ефект кој настанал по прикажување на спомнатиот прилог кој немал никаква врска со тоа.
Аллаховиот Пратеник, Мухаммед а.с. за овој вид на џихад вели: "Највреден џихад е да му се каже вистината во лицето на неправедниот владар."
Исто така, Мухаммед а.с. рекол: "Кој од вас ќе види некое лошо дело, нека го спречи со својата рака, а ако не може тогаш со јазикот, а ако и тоа не може тогаш барем со срце нека го осуди, но тоа е најслабиот иман (верување)." (Муслим)

Петти вид на џихад: ЏИХАДУШ-ШЕЈТАН - Борба против шејтанот, сатаната, ѓаволот кој е вечен човеков непријател, кој ги натера нашите прародители Адем а.с. и Ава а.с. да каснат од забранетото овошје и да бидат слезени од Џеннетот (рајот).
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Мислам дека имаше на форумов тема за Џихадот, и убави објаснувања за истото.Ќе те замолам да се потрудиш да ја најдеш таа тема и да ја прочиташ.Тука е и одговорот на твоето прашање.Ако некој знае точно каде се тие постови на форумов, нека даде линк.



:) Незнам која ти е поентата на прашањето, или онака чисто информативно те интересира.

За моето потекло пријателе знам дека наназад 7 колена од семејството биле муслимани. Само толку, а за пред тоа незнам.:toe:
Me zainteresira nikot tvoj,zatoa te prasav.Izvini ako te navrediv no me interesiraat poteklata kaj lugeto,ne deka za nekolku stotici godini ke bide vazno zasto site ke si licat eden na drug.
A za poteklo ne mozes da bides musliman zatoa sto toa e religija.

I povtorno izvini,mozebi trebase poubavo prasanjeto da go postavam
Imam uste prasanja vo vrska so Islamot za koi sto bi sakal da diskutirame,no podocna so toa.Ajde pozdrav :helou:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Дали во основа, муслиманскиот џихад е исто што и христијанските крстоносни војни?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Колку е слично и еднакво нетолерантно како Христијанството. Јас сум единствено исправно верување (и Христијаните го тврдат истото) и сите други не чинат!

Нетолеранција од старт, копија на стариот завет.



И ова копија од Стариот Завет. Повторно еден господар на кого треба да му се плашиш и повторно жената создадена од мажот.



[FONT=verdana,geneva]Исто копија од Стариот Завет. Бог ги создаде луѓето според ликот свој. Ако луѓето се копија на Алаховата природа значи и сите особини кои ги имаат позитивни или негативни, кретивни или конструктивни се исто така дел од Алаховата природа. [/FONT]



Пак манипулација со казна и страв. Прави како ќе ти кажам инаку ќе те казнам. Стар Завет втор дел.

Сега се заинтересирав да видам дали и Будизмот е исто нетолерантен и базиран врз истите извори на Христијанството и Исламот.
Silen, eve nesto i za tebe.:)

Islamot na Hristijanstvoto, I Judaizmot, im pridava poseben status. Prvo, sekoja od niv e Bozhja religija. Ona shto go prenele tie: Tora, Psalmite, Evangelijata, se objavi od Boga.Da se veruva vo ovie pratenici, vo objavite koi gi donele, e sostaven del od samata vera na Islamot. Da ne se veruva vo niv, duri da se napravi diskriminacija megju niv, pretstavuva otpadnishtvo od verata. Pochitta so kojashto Islamot gleda na Judaizmot, I Hristijanstvoto, na nivnite osnovopolozhnici I sveti pisma, ne pretstavuva lubeznost, tuku priznavanje na religioznata vistina.

Islamot go dal maksimumot shto mozhe nekogash da mu se dade na druga religija,,,, svojot Bog I Bogot na taa religija gi proglasil za Eden t.e ist…Muslimanite gi proglasil za pomoshnici, prijateli, I poddrzhuvachi na sledbenicite na drugata religija, pod Boga. Ako, pokraj seto ova, razlikite ospstojat, Islamot niv gi zmeta za bez posledica. Tie mozhat da se prebrodat I reshat so poveke znaenje, so dobra volja, I mudrost., niv gi tretira kako domashni raspravi vnatre vo edno religiozno semejstvo. A se dodeka I dvajcata priznavame deka Bog e Gospodar na koj bilo, I sekoj od nas, nema da postoi razlika ili nesoglasuvanje koeshto ne ke mozhe da se reshi.Nash*te religiozni, kulturni, opshtestveni, ekonomski I politichki razliki, site tie mozhat da se smirat pod nacheloto deka samo Bog, a ne koj bilo od nas, nitu nashata strast, nitu nasheto ego, nitu nash*te predrasudi , e BOG.

No sega se postavuva prashanjeto, ako site pratenici prenele edna ista poraka, odkade togash ogromnata raznovidnost na istoriski religii na choveshtvoto?

1.Sekoja objava doshla figurirana vo kod na odnesuvanje osobeno primenliv za negoviot narod, I ottuka relevanten za negovata istoriska sostojba I uslovite. No, ova poedinechnost ne vlijae vrz sushtinata na Objavata. I poradi toa postoi legitimna osnova za religiozna raznovidnost vo istorijata.Bog, gi zel vo obzir posebnite sostojbi na sekoj narod, Toj na site nim im objavil poraka koja vo sushtina e ista, no Toj na sekoj od niv mu go prenel Svojot zakon vo propisna forma relevantna na nivnite posebni uslovi, na nivniot stepen na razvienost vo chovechkata skala.
A nie mozheme da zakluchime deka takvite razliki se irelevantni se dodeka ne doprat vo sushtinata.

2.Da se priznae I da se chini Bozhjata volja prenesena preku objavata , ne e sekogash dobrodojdena od site lugje. Ima takvi so zatskrieni interesi koi mozhe da ne se soglasuvaat so bozhestvenite zakoni, a postojat I brojni okolnosti koishto go pottiknuvaat takvoto nesoglasuvanje.

Pa zatoa, kade bilo da se iskriveshe, zloupotrebeshe ili zaboraveshe objavata, Bog ja povtoruvashe izvedbata, imajki gi predvid relativnostite na istorijata, promenite vo prostorot I vremeto, se so cel da zachuva vo chovekoviot doseg gotovo znaenje za moralnite nuzhnosti. Podednakvo, chovekot e obdaren so setila, razum, I razbiranje, intuicija, site ovie sovrshenstva neophodni za da mu ovozmozhat da ja otkire Bozhjata volja nepotpomognat. Poradi toa voljata e vmetnata ne samo vo kauzalniot svet, tuku isto taka I vo chovechkite chuvstva I odnosi.Dodeka za otkrivanje na prvata polovina e potrebna primena na disciplinata narechena prirodna nauka, za vtorata polovina e potrebna primenata na moralnata smisla I disciplinata na etikata. Otkritijata I zakluchocite ne se sigurni. Tie se sekogash podlozhni na proba I greshka, na ponatamoshno eksperimentiranje, ponatamoshna analiza I na ispravanje so pomosh na podlaboko proniknuvanje. No nasproti seto ova potragata e vozmozhna , a razumot ne mozhe da ochajuva …….
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Дали во основа, муслиманскиот џихад е исто што и христијанските крстоносни војни?
Krstonosnite vojni se slucile samo kolku da se ograbat veke oslabnatata Vizantija i bogatite Arapski drzavi.Mislis krstonoscite kur gi zabolel za sto se slucuvalo.A Dzihadot e sirene na muslimanstvoto i pokoruvanje na ''nevernicite''.Neka me popravi nekoj ako gresam
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Дали во основа, муслиманскиот џихад е исто што и христијанските крстоносни војни?
Не!

Тема со повод

ЕТИКА НА ВОЈНА ВО ИСЛАМ

По повод натписот во весникот “Нова Македонија” (6-7 Октомври 2001 год) од новинарот Александар Божиновски каде под наслов “Алах им дава храброст на верниците и внесува терор во срцата на неверниците” вели: „Фатализмот и исклучивоста на исламската религија, особено некои пораки од Коранот, отворено го поддржуваат тероризмот во името на Алах.“ Покрај тоа уште на бројни места во неговиот напис стојат директни измислици, клевети, лаги и невистини, кои се чист продукт на неговиот плиток, површински, замаглен, варварски разум кој е доен со познатата светска доза “Омраза кон Исламот и муслиманите”

Доволен доказ за оваа наша констатација се зборовите на (не)паметниот новинар кој дава своевиден пристрасен заклучок со зборовите: „Но, она што најмногу им дава право на аналитичарите да го наречат Исламот - фаталистичка религија се т.н. шестте написи (имански шартови), особено е значаен петтиот напис во кој се вели дека сите работи, добри или лоши, на овој свет, се директна последица на волјата на Господ. Што би рекло и кога муслиманите прават лоши работи и тоа е волја на Алах…“

Жалосно е што авторот погледнал само на една страна заборавајќи да се осврне кон сопствената вера, но познато е дека човекот како човек полесно му е да забележува на други а самиот да не се гледа. Да видиме за момент што вели Исус во евангелието на Матеј (10:34): „Немојте да мислите дека јас сум дошол да донесам мир на земјата! Не сум дошол да донесем мир, туку сабја.“ На друго место (Евангелие на Лука 12:49 и 51) вели: „Дојдов да фрлам оган на земја, па, како би посакал да веќе се запалил! Дали мислите дека сум дошол да донесам мир на земја? Не, ви велам на вас, туку раздор.“
Иако лично сметам и убеден сум дека тие зборови не се на Исус (Иса а.с.), туку се измислица и лага залепена за неговото име.
Затоа одлучив да ги напишам овие зборови со цел реално да ја презентирам вистината сврзана за војната во Ислам (Џихад) и неговата толеранција во воени услови, а истовремено и да го демантирам горе наведениот напис и секој друг напис кој го обвинува или клевети Исламот за тероризам, фаталност, екстремност и сл.
Нема дилема дека војната се третира како општествена неопходност, кон кој се стремат луѓето за решавање на нивните политички, идеолошки, социјални и територијални конфликти. Оттука германскиот филозоф Хегел смета дека процесот на реформи не може да се имплицира во секоја сфера освен како резултат на две конфронтирани страни за елимнација една врз друга. Исламот ја востановил војната како одбранбено средство за решавање на некои социјални проблеми во случај кога непријателот одбива секој вид на компромис.

Имено, Исламот ги основал односите на муслиманите со другите народи врз принципите на разбирање и мир. Затоа тој не дозволува напад врз невини луѓе само затоа што имаат поинаква верска и етничка припадност, туку напротив, наредува на соживот, хуманост и солидарност со другите припадници на вери. Ова јасно е потенцирано во к*р’анот ( 60:8 ) : „Аллах не ви забранува во однос на оние кои не се борат пртив вас и верата, и кои не ве истеруваат од домовите ваши, да им правите добро и да бидете кон нив праведни.“ Доволен доказ за оваа констатација е секојдневниот исламски поздрав меѓу муслиманите кој гласи „Ес-Селаму Алејкум“ што значи “Мир и спас нека биде врз вас во секое време и место” Еве неколку етички принципи на војна кои ги поставил Исламот:
а) Должност е на муслиманите кога ќе бидат нападанати пред да му возвратат на непријателот да му постават три услови на располагање 1- Да го прифати Исламот; 2- Ако не сакаат тоа тогаш може да останат на своите земјишта но да плаќаат данок; 3- Војна како крајно решение. Потврдено е дека Мухаммед а.с. никогаш не го напаѓал непријателот се додека не го повикал на оваа резолуција. (Муслим)
б) Оние кои немаат учество во војна од цивилното население не смеат да се убиваат или да им се нанесува некое зло, единствено се војува само против непријателот на воено поле.

к*р’анот ова го потенцира со следниве зборови „Борете се на Аллаховиот пат против оние кои се борат против вас и немојте да ги преминувате границите.“ (Ел-Бекаре, 193) т.е. немојте да ги убивате оние кои не се борат против вас како: жени, деца, старци, болни и сл. Се пренесува дека Мухаммед а.с. им забранил на своите водачи да убиваат жени, деца, слаби, да не палат полиња ниту плодови, и да не рушат куќи.
в) Исламот забранува секаков вид на геноцид, масакр, како што забранува користење на отровни гасови и сл. Затоа Мухаммед а.с. му порачал на неговиот командант „Војувај во име на Аллах, бори се чесно, немој да прекршуваш договор, немој да масакрираш ниту да убиваш деца“ Исто така и вториот негов наследник Ебу Бекр порачувал „Немојте да изневерувате, ниту да убивате стока, овци, крави, камили освен за потреба за јадење“
г) Исламот наредува добар однос кон заробените на воено поле, дури тоа го смета како доказ на совршено верување. Затоа Мухаммед а.с. наредил „Постапувајте добро со заробените“ Во друга прилика ги ослободувал робовите без надомест, дури оние кои знаеле да читаат или пишуваат имале задача да научат по десет неуки муслимани и со тоа ќе бидат ослободени. Сето досега горе иснесеното го потврдуваат и голем број на објективни западни научници и историчари. Д.Густав Лепон вели: „Освојувањата на муслиманите никогаш не биле под сенка на сила и агресија како фактори во ширење на к*р’анот. Факт е дека човештвото не познава освојувачи толку толерантни, милосрдни и праведни како арапите, затоа Исламот се прошири со толку брз ритам.“
Исто така и Пр.Робинсон вели: ¬¬¬„Муслиманите се единствени во историјата кои успеа да ја соединат војната и толеранцијата.“¬¬¬
Затоа сметаме дека мирот е божји дар, бидејќи Аллах џ.ш. го поттикнува Неговиот Пејгамбер на мир, и вели: „А ако се наклонети кон мир, па, и ти биди наклонет кон мир.“ (Ел-Енфал, 61)

Зар може после сето досега истакнато да му се залепува на Исламот етикети како: фатална, терористичка, фундаменталистичка, екстремна религија, а неговите следбеници: терористи, фундаменталисти, екстремисти, радикалци и сл.?
Зар има поголеми терористи од оние кој секојдневно убиваат невини цивили во Палестина, Чеченија, Филипини, Кашмир итн.?!! Одговор: Секако „НЕ“ !!

Me zainteresira nikot tvoj,zatoa te prasav.Izvini ako te navrediv no me interesiraat poteklata kaj lugeto,ne deka za nekolku stotici godini ke bide vazno zasto site ke si licat eden na drug.
A za poteklo ne mozes da bides musliman zatoa sto toa e religija.

I povtorno izvini,mozebi trebase poubavo prasanjeto da go postavam
Imam uste prasanja vo vrska so Islamot za koi sto bi sakal da diskutirame,no podocna so toa.Ajde pozdrav :helou:
Ок, ако си мислел на нацијата или етносот на кој му припаѓам. Тогаш сум македонец. :)
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Kako e siren Islamot?So sila ili preku miren pat?Imam prasano muslimani vo vrska so ova i tie mi rekle deka lugeto ja prifatile religijata so siroko otvoreni race koga dosol prorokot Muhamed.No od toa sto go imam procitano vo istoriskite knigi,pisuva nesto sosema sprotivno.Koe e tvoeto mislenje?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Kako e siren Islamot?So sila ili preku miren pat?Imam prasano muslimani vo vrska so ova i tie mi rekle deka lugeto ja prifatile religijata so siroko otvoreni race koga dosol prorokot Muhamed.No od toa sto go imam procitano vo istoriskite knigi,pisuva nesto sosema sprotivno.Koe e tvoeto mislenje?

Основното Кур,анско начело во оваа насока е:

"Нема присилба во верата." ( Ел - Бекаре: 256)

Патем, погледни ги и статиите за Џихадот кои погоре ги постирав. Знам што пишува во историските книги, знам дека имало во најславните периоди на ширењето на исламот отскокнувања од ова основно исламско начело, но генерално, Исламот никогаш и никаде не се проширил со сила и меч.:)

Ајде сега удрете нападите...:nesvest:
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Основното Кур,анско начело во оваа насока е:

"Нема присилба во верата." ( Ел - Бекаре: 256)



Ајде сега удрете нападите...:nesvest:
Nema potreba za napadi,za mene e ova miren razgovor
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Омер, ајде и од мене прашања.

Она кое посебно ме „копка„ е следното:
-од каде толкава разлика во Божјото однесување во Библијата и Кур,анот?
-зашто Бог од Троичен, стана Еднинечен? Па нели Он, според книгата од пророкот Малахија, вели: „..зашто Јас, Господ, не се менувам, зата вие, синови на Јаков, не бевте уништени!..„ (Малахија, 3.6).
-зашто Исламот не познава грев?
-зашто Исламот не познава слободна волја?
-од каде „доаѓа„ смртта?
-зашто/од каде/од која причина, жената во Исламот е третирана „второстепено„?
-зашто Исламот нема Светии?
-кој може да ја потврди и практичната а не само теоретската точност од исламското верско учење? За православните, на пример, тоа воопшто не е проблем.
-зашто Христос е само пророк, но не и Бог, според Исламот, кога Он (Христос) многупати ни сведочи (преку евангелијата) дека токму Он е Господ Бог, Синот Божји и човечки?
-од каде разликите во поимањето на Рајот и пеколот во Исламот и христијанството, ако Бог е Еден и ист и во Писмото и во Кур,анот?
-зашто Исламот се (само)орпавдува во недозволувањето на преод од Ислам во друга вера?
-зашто да верувам дека еден пророк (мислам на Мухамед) е доволен сведок за точноста на Кур,анот, а зашто да не верувам дека четворица (а не еден!) евангелисти ми сведочат за истата вистина?
-зашто Бог, според Исламот, му се јавил на Мухамед, воодредена форма, кога истито тој Бог, веќе им се јави на јудеите во човечки облик, кој бил јавен, слушлив, видлив, допирлив?
- зашто Мухамед има(л) потреба да се скре во пештера па да има Божја објава, кога Христос се чинеше јавно?
-кој денес може да посведочи дека може да го види Алах? За правосланите, и тоа не е проблем.
-зашто ми се чини дека Исламот е само учење кое може да се научи, но кое, спред мене, неможе да биде и вера? „Верувам...„ не е исто што и „знам„ или „учам„!
-кои се плодовите (резултатите) од живеењето според Исламот, а кои се видливи, мерливи, измерливи?...А да не се однесувата само на она кое е забрането? А што е дозволено, според Исламот?

М?...
 
O

Omer el Faruk

Гостин
А да поставиш уште некое прашање? :nesvest: Гледам дека се малку па шкртни уште некое.:icon_lol:

Ок, МИКИ1, ќе ти биде на секое прашање детално одговорено. Биди трпелив.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom