¯
¯\_(ツ)_/¯
Гостин
Е вака сега, Бухарија и Муслим, книга е? Оти кај мене важи правилото дека само во Куранот да верувам, во другите книги и не баш, оти сите се пишувани од човек, не велам дека не е корисно да се читат, туку дека во нив еден човек си го пишува своето мислење па макар да е сосема погрешно. Друго, не сум баш убеден дека тетовирањето е некоја измена во телото, и не сум исто така убеден дека вадење од контекст напишани работи е фер, према прашањето кое ти го поставив. Оти види, јас сум муслиман, ама никако нема да дозволам мојата жена, моите ќерки да носат шамии (примеров само го давам колку да видиш дека 2 можат за едно исто напишано суре да имаат две различни мислења). Види вака, викаат дека доколку се напиеш една голтка ракија и пред тоа ако му честиташ не некој долг живот, добар заеднички живот со сопругата (нели по свадби, и такви веселби) и ред други убави зборови, не е грев. Е сега, зошто да не се тетовираш на нешто кое ке те посети многу на некој што си го сакал и си го загубил, и при секое гледање ке го спомнеш името на Господ... мислам дека Куранот е за паметните, за тие кои им штима малце главата, оти и јас и ти сме свесни дека бомбаш-самоубиец не оди во рајот па што сака нека е. Чекам разумен одговор.Исламот ги отфрлил претерувањата и оличувањата кои што бараат промена на физичкиот изглед на Аллаховите створенија. Кур,анот таквите работи ги смета за шејтански, а шејтанот вели: “...и сосема сигруно ќе им наредувам па Аллаховите созданија ќе ги менуваат...” ( Ен – Ниса, 119 )
Во ваквите престапи спаѓа и тетовирањето. Мухаммед а.с. ја проколнал онаа жена која што тетовира и онаа која што подлегнува на тетовирањето ( се тетовира). ( Бухарија и Муслим)
Што се однесува до тетоважата, таа со модар пигмент и одбојни шари трајно го менува изгледот на лицето, рацете и останатите делови на телото,зависно каде сме се тетовирале. Некои предисламски арапи, нарочито жените, вообичајувале да тетовираат голем дел од телото. Припадниците на одредени верски секти практикуваат на рацете и градите да им се тетовираат слики од нивните божества или симболи, како што христијаните го тетовираат крстот на своите раце и гради и другите места. Сите овие работи се попратени со болка која оној кој што се тетовира мора да ја претпри од убодот со иглите.Поради сето ова проклети се и оној што тетовира и оној кој се тетовира ( Ел- вашиме и Ел – мустевшеме).
Од ова јасно произлегува дека Мухаммед а.с. ја забранил оваа работа,додека од друга страна многу добро знаеме како треба да се поставиме кон тие забрани зарем не?
Аллах џ.ш. рекол:
„Кога Аллах и Пратеникот Негов нешто ќе одредат, тогаш ни верникот ниту верничката немаат право по своето мислење да постапат. А кој нема да го послуша Аллах и Неговиот Пратеник, тој сигурно скршнал од вистинскиот пат.“ (Ел - Ахзаб,36 )