Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
И последно прашање : Од сите религиски команди и препораки, најбанална ми е забулувањето на жените. Знам дека тоа е препорака, а не наредба, но не ги разбирам причините поради кои една жена, која треба да биде горда со својата женственост и тело, да мора да си го покрива телото и главата. Тоа е единственото нешто кое не го разбирам. (си забележал ли дека колку е пообразуван народот, толку помалку ги почитува религиозните наредби)


види, тоа за забулувањето не е ново, и Исус рекол дека гордоста е грев, и рекол секој оној кој ќе посака во мислите туѓа жена
веќе направил прељуба во срцето свое
е сега, за да не соблазни некого
верничката се покрива
па кај си видел верничка во минич со гол стомак и тн.
порано така се облекувале само проститутките
за да привлечат муштерии
а сега е општоприфатена мода
но верничка не соблазнува
таа забулената ко да ти вели
не ме гледај како секс објект
оти и со облекувањето се пренесува некоја порака
како што некоја разголена те асоцира на секс или да ја имаш
така и забулена те асоцира дека не те соблазнува
не навлегувам во тоа дали стварно е верничка
важно е дека не соблазнува!
 
A

ateist

Гостин
Римјани 8 – ред 20 ...”. Имено созданието ( личноста Адам што преведено значи човек ) и беше потчинето на СУЕТАТА , НЕ ДОБРОВОЛНО , туку поради Бог кој го потчини...”...

ДЕФИНИЦИЈА :
СУЕТА е земски дух- идеал на смртните луѓе кој неверуваат во вечен живот , не веруваат ниту во Бог ,( ниту во Христос – бесмртната личност ),како и на сите неверници , лажни верници , декларативни верници , измамници , па затоа тежнеат да остават што поголеми траги – докази за своето постоење низ времето на земјата со ....деца , земја , пари, капитал или достигања по кој ќе ги запаметат другите луѓе ( суетна слава ) во војни , бизнис , политика , итн итн .

Е ова е дефиницијта за суетност . И според оваа дефиниција се одредува степенот на (без)суетност на секој поединец ,на секој Закон какви меѓучовечки односи регулира , општествено уредување , достигнат степен- ниво на општествена свест кај секој поединец или генерално во општеството

УСТВАРИ САТАНАТА МУ ГАРАНТИРАЛ НА БОГ ДЕКА СИТЕ СОЗДАНИЈА – ЛИЧНОСТИ ШТО ЌЕ ГИ СТВОРИ ОН (САТАНА-ЏАОЛ) ЌЕ ГИ ПРЕЛАЖЕ ПО СУЕТА ......ИСТАТА РАБОТА ЗА КОЈА ТОЈ-САТАНАТА БИЛ ИСПРАТЕН НА ВЕЧНА САМОТИЈА .....ПЕКОЛ............

И Бог му ја исполнил желбата...............го создал Адам........Суетен.........
Уствари СУЕТАТА Бог им ја дава на луѓе ПО КАЗНА ...како Дух- идеал на МРТВИЛО

Еве :
Римјани 11 – ред 8
Бог им даде Дух на Мртвило –Суета
Очи да не гледаат – заслепени од земски работи , кој-што, богатства , слава ..итн
Уши да не слушаат ( не ги тангира ништо ван нивен Личен Интерес и профит)
Се до денешен ден


.
.
А пази религииве што ги создал нивниот господ царот Константин пред 1700 год како и Исламот пред 1400 год на луѓето им шиткаат баш СУЕТА – Духот на Мртвило кое Бог им го дава на тие што ги КАЗНУВА .

А Духот – Идеалот на животот им го дава прво на Идеалистите – Комунисти Анархисти кој за таква Возвишена цел и животите не си ги жалеа без да им треба Бог ...а потоа и на атеистите нормалски оти ние бар на очи си веруеме .

Еве што ни останало од Адам :
Книга мудрост Соломонова 13 - ред 1
СИТЕ ЛУЃЕ ПО ПРИРОДА СЕ СУЕТНИ ОНИЕ КОИ НЕ ГО ПОЗНАЛЕ БОГА

Прочитај Книга Јов ,.....сатаната барал од бог да го искуша неговиот слуга Јов баш по ....а што него поооооооооооооо СУЕТА . Цела Библија само со ова се занимава ништо друго не ја интерсира .

Е видиш тоа е цела ПОЕНТА НА БИБЛИЈА И КУРАН ...........
СУЕТА И АНТИСУЕТА
Од една страна идеалитите –комунисти анрхисти и нивните сателити атеистите
Од друга страна нивните закрвавени противници со кој секогаш се истребуваат а тоа се религиите – религиозните , капиталистите , властодржците и цел друг земски олош и џгањ .

Е Комунисти Анархисти ..........ја укинаа Суетата ........и си спечалија Вечно Животче .................( бе ако има за нив ќе има и за нас ..хехехехе )

А овие АРАМИИ го покрадоа НАШЕТО и си го нарекоа СВОЕ ....
ТАКА дрско и безобразно ..........БЕСРАМНО КАКО АДАМ И ЕВА ...........
И сега лешперите ќе ни шиткале “верување и духовност” .... уствари СУЕТА ............ЛУДАЦИ ЕДНИ .! ОНИ НА НАС ! Ние трева пасеме нелиииииииии ???
.
.
.

ииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии

ДО КОГА МИСЛАТ ГОСПОДАТА ОД ИСЛАМ

ДА ГИ ЛАЖАТ ЛУЃЕТО СО ПРИКАСКИТЕ ЗА СУЕТАТА ДЕКА Е "ВЕРУВАЊЕ И ДУХОВНОСТ "

ОТИ БИБЛИЈА ВЕЛИ ДЕКА ОВИЕ - ВИЕ ЗА СВОЈ ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ

ГИ ОДВЕЛЕ ВО СМРТ СИТЕ НАШИ -ВАШИ ПРЕДЦИ............

ЕТЕ КОЛКУ ИМ Е СВЕТО ОВА ИЛИ ОНА .....................

САМО ГИ ИНЕТРЕСИРА ДА КРАДАТ И ЛАЖАТ
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Атеист,кога спомнуваш Ислам и муслимани,спомни го и Кур,анот а не Библијата.:uvo:

МИСЛИТЕЛ ВРЕДЕН ЗА ПОЧИТУВАЊЕ


Иако неполнолетен, наречен е „Малиот учител“ . така го викале неговите другари во училиштето, отакоко се увериле колку е надарен и бистар.
Името му е Увејс и има дванаесет години. Стигнал до шесто одделение. За неколку месеци ќе заврши основно училиште. Во изминатите пет години е одличен ученик. Аллах џ.ш му подарил интелегенција, ум и смиреност. Во училницата е тих и повлечен. Но пристоен и ненаметлив начин одговара кога другите не се во состојба да дадат исправен одговор. Затоа бил вреден и ценет за почитување.



НАДАРЕНОТО ДЕТЕ Е ЧОВЕК КАКО ШТО СТЕ ВИЕ​


Навистина, ученикот бил (чудо), не само во тоа училиште, туку и во другите училишта во околината. Само тој не се фалел и не ги истакнувал своите способности и вештини пред другите, туку сакал да биде обичен и скромен. Не сакал да го „креваат до небо“. Човекот би се зачудил кога би видел како не им дозволува на другите да му се восхитуваат: „немојте да ми се чудите, бидејќи јас сум како Вас и имам мозок со кој што мислам. А кога и Вие би го користеле мозокот како што треба, би престанало Вашето чудење!“

Тоа се зборовите кои покажуваат колку било тоа дет паметно и сериозно.



АЛЛАХОВА ПРОВИДНОСТ​


Увејс не бил пратеник што го испратил Аллах џ.ш бидејќи периодот на пратеници одамна поминал, а после Мухаммед а.с нема повеќе пратеници, тој бил последен од чесните пејгамбери. Увејс не е ниту од оние со волшепства муџизи (чудо) . Тој уште не го достигнал нивниот степен. За него се прераскажуваат случки во долгите ноќни разговори, како во муџелиите (еденките) по улиците. Сите луѓе му се восхитуваат и секогаш е централна тема за разговор. Им бил пример и огледало на сите ученици како треба да се однесуваат. Тоа не е ништо чудно, Увејс во своето однесување и учење е речиси целосно како да го води Аллаховата џ.ш провидност.

„И од лошото на завидливите…“

Увејсовата мајка речиси му забранила да излегува од дома како би го заштитила од немилосрдни и завидливи очи. Никој ниту од неговите родени браќа не му бил сличен по паметта и однесувањето. Неговиот татко дури изразил желба да го отпише од училиште од страв да не му се случи нешто. Родителската грижа насекаде го следи каде и да оди или да претстојува. Ги обзема страв дека некој ќе го киднапира или дека ќе му се случи некаква несреќа. Ќе го изедат и лошите очи на завидливите?
Неговиот татко за малку што не го запознал директорот на училиштето за својата загриженост. Меѓутоа, тоа не го направил. Како нешто да го спречувало!



УЧИТЕЛОТ ЈА НОСИ ПОРАКАТА​


Убаво беше што татко му не го направил тоа што го наумил, бидејќи светлото на мудроста ги осветлувало патиштата кои ги пробивал неговиот син. Доказ за тоа е излегувањето на видело во еден настан што се случил во училиштето. Од тој настан може да се извлече поука и совет. Увејс со став ни дал незаборавна лекција.
Кога влегол новиот учител во одделението, фрлил летимичен поглед на лицата на учениците. Погледот му застанал на бистрото Увејсово лице, кој што со насмевка и со пријатни зборови му посакал добредојде во името на сите ученици: „Добредојдовте, господине! Со вас ќе ги поминеме најубавите моменти оваа учебна година. Вие ќе не водите и ќе ни ги осветлувате патиштата на знаењето и ќе ни ги пренесете пораките на науката со голем напор и залагање. Однаспред Ви благодариме за вашиот голем труд во иднина!“



ИЗБЕГНУВАЊЕ НА БОЛНИТЕ МИСЛИ​


Учителот седнал зад катедрата, но за чудо ја започнал својата прва лекција објаснувајќи некоја матна филозофија. Што повеќе објаснувал толку повеќе станувало неразбирливо. Затоа порано учениците ништо немале слушнато. Иако го повторил тоа што го кажал, сепак по погледите на учениците можеше да се види дека ништо не разбрале.
„Погледнете деца, кога би постоел бог како што кажуваат незнајковците, зарем не ќе можевме да го видиме? Зарем тој бог не би се појавил пред нашите очи?“ децата занемеле. Малите мозочиња биле вчудоневидени!!! Зарем не би било подобро да му поставиме прашање? Или да остане како садови во кои се налева вода?!
Аллаху, смилувај ни се!




НЕВЕРСТВОТО Е НЕПОДНОСЛИВО​


Учителот ги објаснил своите претпоставки со зборовите кои не можат да се прифатат. Извадил молив од џепот и рекол:„Драги деца, го гледате ли овој молив?“ Ти одговориле: „Да!“ Тој, моливот го скрил во џебот и продолжил, го гледате ли сега моливот?“ Учениците одговориле „Не!“ Тогаш учителот рекол: „Моливот не постои затоа што не го гледате! Исто така ни бог не постои затоа што не го гледате! Наспроти: се што не гледаме, велиме дека не постои, дали го разбравте тоа?
Децата замолчиле, како некој да ги удрил по глава. Не можеле да кажат никаков збор за тврдењата на учителот наспроти одбивноста и изразувањето спрема тоа што им го кажал.



ДАЛИ ДА СЕ СОМНЕВАМЕ ВО АЛЛАХ Џ.Ш?​


Беспомошните погледи во таа безизлезна ситуација биле насочени кон Увејс. Тој секогаш бил нивниот спасител во монетите кога би се соочиле со проблемот.
Сите знаат дека Аллах џ.ш постои! Тоа е нешто што го чувствуваат нивните срца, во што се сигурни. Ова што им го рече учителот не им го рекол никој досега, ниту пак тоа го имале изговорено неверници и идолопоклоници.
„Увејсе, не сме навикнати да му се спротивставуваме на учителот, дури и ако згреши! Низ целите пет изминати години го сметавме учителот за безгрешен. Стани, дошол редот сега на тебе. На сите им е потребна твојата остроумност и опрости ни што молчевме, ситуацијата е тешка!“


ДА СЕ КАЖЕ ВИСТИНАТА Е ВОСХИТУВАЧКА ХРАБРОСТ​


Осетил Увејс како му се стега срцето додека го обземало сочувството кон учителот и кон учениците. Се замислил малку па се јавил на упатените. Станал и побарал дозвола да каже нешто: „Му дозволува ли учителот да им ја објаснам неговата теза на своите пријатели?“
Учителот се израдувал на тоа и ја повторил својата неприфатлива претпоставка: „Нема бог, бидејќи не го гледаме и тоа го објаснуваме со примерот на моливот!“ ги завршил своите зборови мислејќи дека направил нешто убаво. Му се чинело дека работата е многу едноставна, бидејќи тоа што постои се гледа.



ЧОВЕКОТ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ​


Увејс малку замолчел а потоа го запрашал својот учител: „Дозволува ли ценетиот учител да се дискутира за неговото мислење?“
Учителот одговорил: „Зарем ти со мене би дискутирал? Сине, работата е јасна! Дали некој од Вас го видел бог? Или го гледа ли моливот што го скрив пред малку? Тезата е исправна. Дали ти си го водел бог?“
Увејс одговорил: „Слушнете малку, учителу! Човекот може да згреши-секој од нас е подложен на грешење!“
Учителот подбивно викнал: „Зарем ти мене ме обввинуваш дека сум згрешил! Тогаш што е исправно, безгрешниче?“
Увејс мирно одговорил: „Јас не сум од оние кои не грешат. Само реков дека човекот греши, макар и да порасне и да стане учител, а тоа не срамота!“

Почитувај го и мислењето на другите

„Племенит учителу, Ве молам да разберете што реков. Грешката настанала кога извлековте заклучок од примерот со моливот што сте го скриле. Моливот сега се наоѓа во вашиот џеб, а не го гледаме. Исто така Аллах постои иако не го гледаме. Не можеме да тврдиме дека се она што не го гледаме, дека и не постои! Тоа е погрешен заклучок!
Учителот започнал да го омаловажува на Увејс и да му се подбива. „Сине, зарем веруваш дека бог постои, иако не си го видел? Зарем си луд? Сега седни да ја продолжиме лекцијата!!! Седни !“ Учителот си мислел дека со тоа работата е завршена.



НАД СЕ-ПРАВДА​


Увејс го замолил учителот да продолжи со расправата, лекцијата нема смисла ако учениците не ја разберат. Рекол: „Верувате ли Вие, учителу, во се што гледате?“ учителот ја нишнал главата: „Да, тоа е логично и вистинско.“ Увејс рекол: „Можете ли да ни го покажете својот ум? Сигурно сте убедени дека сте паметни и дека поседувате ум?“
Учителот замолчел, а учениците се смееле. Умот на учителот бил невидлив.
Увејс продолжил: „Можеме ли ние да речеме дека Вие немате ум, бидејќи не го гледаме?“
Учителот се зачудил. Не го спасила неговата логика! На лицата на учениците почнало да се надѕира задоволство.



АЛЛАХ ГО ПОЗНАВАМЕ ПО НЕГОВИТЕ СТВОРЕНИЈА​


Увејс продолжил: „ Може ли учителот да ни ја покаже својата душа како би можеле да се увериме дека таа постои?“
Учителот експлодирал од лутина, па рекол: „Не е логично!… Умот и душата не можат да се видат, туку ги гледаме само нивните трагови… Зарем ти си ******?! Насмевката на учителот беше кисела. Плачот би бил посладок од таа насмевка кога Увејс му одговорил:
„Душата… Умот, … Воздухот се појави кои не можеме да ги видеме, туку ги гледаме нивните трагови по кои ние заклучуваме дека тие постојат… Бог исто така!“
во тој момент стивнале гласовите, а се слушнал гласот на муезинот: „…сведочам дека не постои друг бог, освен Аллах!!!“
моментите на тишината ја увеличиле важноста на ситуацијата. Учителот занишал со главата и рекол: „И јас сведочам дека нема друг бог, освен Аллах!!!“



ПОУКИ ОД ПРИКАЗНАТА​


1.Паметниот и остроумен ученик не треба да си се восхитува самиот себе си, а да ја смалува вредноста на своите другари, туку треба да рече како што рекол Увејс: „Не стојте збунети, и јас сум како Вас“.

2.Ученикот треба на правилен начин да го пречека учителот кога ќе влезе во одделение , како што го направил тоа Увејс.

3.Неможе да се рече за се што не гледаме дека не постои. Ние ги гледаме трагите на магнетната сила но нејзе не ја гледаме, иако таа постои-бидејќи ги гледаме нејзините траги.

4.Аллах џ.ш го спознаваме по неговите трагови, знаци (аети) и по неговите створенија, а посебно кога ги гледаме ѕвездите и космосот. Сето тоа нас не упатува дека е тој возвишениот Створител.

5.Муслиманот е должен мудро да се обрати на убав начин и со многу знаење на оној кого ќе го види или ќе го слушне дури да го хули (да го бие) на Аллах џ.ш или верата или што ги негира.

6.Учителот не е безгрешен и може да згреши , а ученикот треба да го исправи на најпристапен начин, а посебно кога учителот бара да се работи она што го лути на Аллах џ.ш.

7.Муслиманот треба да истрае во упатувањето кон добро на другите и нивно одвраќање од лошо и покрај исмејувањето на луѓето и нивното неприфаќање на советот, како што направил Увејс, кој го прекинал разговорот со учителот а потоа мирно му ја докажал вистината и покрај тоа што учителот му се потсмевал и подбивал.

8.Оној на кого ќе му стане јасно вистината откако што бил во заблуда, не треба да се гордее туку треба да ја прифати вистината и да ја остави заблудата како што направил учителот и да се покае пред Аллах џ.ш.

9.Душата и разумот не ги гледаме иако веруваме во нивното постоење. Бидејќи ги гледаме нивните трагови, а тие се само Аллахови створенија. Како тогаш можеме да не веруваме во Аллах џ.ш кој е створител, кога ги гледаме неговите створенија?

10.Кој сака да прими ислам нека изговори: „Ешхеду ен ла иллахе иллелах, ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху“, и нека цврсто верува и работи по принципите на исламот, како што поверувал учителот откако вистината му станала јасна.


:helou::helou::helou:


 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Омер Ел Фарук, наместо да ми кажуваш приказни за мали деца, зошто не се нафатиш да ми ги одговориш моите прашања (на крајот од страна 15).
Во врска со оваа приказна, можам надолго и нашироко една реплика да ти залепам, ама ме мрзи сега одсабајле, другпат.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Оооооо,извини,мислев дека прашањата ти се упатени кон Нихилиста,пошто видов дека ти дал одговор,но, ОК,нема проблем воопшто,ќе се потрудам да ти одговорам кога ќе имам можност. :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Оф мори мајко. Зборуваме ист јазик а воопшто не се разбираме.Воопшто не е така Мики1,ама ни 01%!

Само конфузност,конфузност и конфузност. Ма човече бре, не врти ко киша око Крагујевца,кога добро знаеш дека зборувам за држава која што треба и духовните и световните закони да ги усогласи и уреди врз база на Светото Писмо. :tapp:


Добро погледни ги болдираните зборови ( твои) и подразмисли за контрадикторноста на точките кои ги изнесе.Не заборавај дека говориме за држава чисто христијанска која што треба да направи уредување врз база на Светото Писмо. Значи и судиите,и световната и духовната власт се раководени од ист извор. Нема сега тука делби,ова,она,сечи,крати,прескакај...

И попот и судијата,и професорот и овчарот, и земјоделецот и наемникот,ама комплетно сите треба да подлегнат на ист третман заснован врз база на Божјиот Збор.И уште еднаш немој да правиш такви неиздржани поделби.

Еве ти конкретно прашање на кое сакам конкретен одговор:

-Дали според христијанството постои кривично казнено право и кое е тоа?

Ајде среди ги мислите и одговори директно,без премногу филозофирање.

П.С. Византија и те како во своето уредување имала смртни казни и тоа какви.

Го замолувам модераторот овие постови да ги префрли на темата ПРАШАЊА ЗА ХРИСТИЈАНСТВОТО пошто оваа тема не е таа.

- Твоите проценти за само твој став.
- Конфузноста барај ја на друго место.
- Држават суди според световните закони, кои самата ги носи. Црквата расудува според Божјите закони, кои не се световни, туку духовни. Оттаму и нивната поделба на световна и духовна власт.
- „Кривично казнено право„ барај од правниците, не од Црквата. Од друга страна пак, Црквата има свој Устав а има и свое, црковно право, во кое се регулирани односите помеѓу членовите од Црквата. Тоа црковно право е засновано на етички а не на насилни принципи. Државата пак, го има монополот на силата.
- Моите мисли се средени и само така пишувам постови.
- Смртни казни нема(ла) саде Византија-смртни кази има и денес.
 

thekillagorilla

Мортус
Член од
20 февруари 2007
Мислења
610
Поени од реакции
12
Zosto muslimanite se teroristi??

Mislam ajde kazete vie, dali to mu e neso vo religijata? zakonot?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Muslimanite ne se teroristi
Teroristi se oni voeni sili koi okupiraat tugi suvereni drzavi i vrsat teror (zatoa se teroristi)
Onoj sto se brani ne smee da se izednacuva so agresorot
koga adekvatno na napadot odgovara kolku moze
Dali partizanite bea teroristi?
Dali antifasistickite sili koi go unistija fasizmot bea teroristi?
Ne, Tie se borea za osloboduvanje na svojata tatkovina!
 

thekillagorilla

Мортус
Член од
20 февруари 2007
Мислења
610
Поени од реакции
12
Muslimanite ne se teroristi
Teroristi se oni voeni sili koi okupiraat tugi suvereni drzavi i vrsat teror (zatoa se teroristi)
Onoj sto se brani ne smee da se izednacuva so agresorot
koga adekvatno na napadot odgovara kolku moze
Dali partizanite bea teroristi?
Dali antifasistickite sili koi go unistija fasizmot bea teroristi?
Ne, Tie se borea za osloboduvanje na svojata tatkovina!
Ova go prasaf bidejki gledaf edna prezentacija za islamot i ima edno "kazuvanje"

"Ubijte go neveruvacot?

Sega dali e to nz
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Сеа на сајтот на А1 прочитав дека според исламот телата на умрените не се закопуваат со ковчег...

Е како се закопуваат? :uvo:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Оооооо,извини,мислев дека прашањата ти се упатени кон Нихилиста,пошто видов дека ти дал одговор,но, ОК,нема проблем воопшто,ќе се потрудам да ти одговорам кога ќе имам можност. :)
Да, кон тебе беа упатени прашањата, а Нихилиста го гледам и во атеистичките и во оваа дискусија, па еднаш нека се одлучи веќе, или атеист или муслиман, не може и двете :wink:


Јован: Муслимантите според своите обичаи не ги закопуваат во ковчег телата на умрените, туку..... директно во земја. (се надевам дека барем се покриени телата)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Прашање до Омер Ел Фарук; Дали тетовирањето е грев? Читав на еден англиски веб сајт дека што и да менуваш во телото, или што и да додадеш е харам/забрането од Господ(под образложение дека Господ знае најдобро од сите), е сега не ми држи вода малце ова, оти ако се раѓа човек со 6 прста, а може да се оперира и да го среди тоа, што има тука грев? Нели затоа Господ ни дал памет. И ако тетовирањето е забрането сакам да знам зошто? Каков грев правиме ако се тетовираме заради нешто што многу ни значи, нешто што сме го загубиле? Во Куранот, не сакам да кажам дека немам сретнато оти поминаа 3-4 години од кога го имам прочитано, ама не памтан некаде да се забрани. Сега сигурно забрането е да тетовираш лик од Мухамед, Исус, Мојсеј или некој од ангелите, ама зборувам за дати (бројки) и некој збор кој ми значи многу (еве да речеме од Куранот еден дел), чекам одговор од Омер Ел Фарук и од никој друг, поготово некој од друга вера.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.486
Поени од реакции
81.965
Прашање до Омер Ел Фарук; Дали тетовирањето е грев? Читав на еден англиски веб сајт дека што и да менуваш во телото, или што и да додадеш е харам/забрането од Господ(под образложение дека Господ знае најдобро од сите), е сега не ми држи вода малце ова, оти ако се раѓа човек со 6 прста, а може да се оперира и да го среди тоа, што има тука грев? Нели затоа Господ ни дал памет. И ако тетовирањето е забрането сакам да знам зошто? Каков грев правиме ако се тетовираме заради нешто што многу ни значи, нешто што сме го загубиле? Во Куранот, не сакам да кажам дека немам сретнато оти поминаа 3-4 години од кога го имам прочитано, ама не памтан некаде да се забрани. Сега сигурно забрането е да тетовираш лик од Мухамед, Исус, Мојсеј или некој од ангелите, ама зборувам за дати (бројки) и некој збор кој ми значи многу (еве да речеме од Куранот еден дел), чекам одговор од Омер Ел Фарук и од никој друг, поготово некој од друга вера.
Нека ти каже Ал Каеда, како е правилно според Исламот, али ја ќе ти кажам дека во земјите од Магреб, жените имаат обичај да ги тетовираат рацете (шаките, прстите).

Значи не ти давам одговор, само ти посочувам дека не е туѓо тоа во исламскиот свет:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Прво, пред да го поставам моето прашање, би сакал да се претставам. Учам во средно училиште кое е етнички мешано (има и македонци, албанци, турци, босанци, торбеши и што ли уште не што може да се најде во земјава наша).
Сум и сеуште се дружам со луѓе од муслиманска вероисповест и тоа не ми претставува ама баш никаква разлика (не ми е ни многу гајле поради тоа што животот ме направи атеист).
Мило ми е што си имал убав и коректен однос со другите,така треба.Меѓусебното почитување и разбирање за разликите со кои што живееме е императив за човекот без оглед на неговото верско убедување.


Отсекогаш ме чудело како може во 21-виот век казни како каменување до смрт, сечење глави пред џамии (за ова не сум баш најсигурен), неможноста на муслиманите да си ја сменат религијата без последици, веронауката уште од најмала возраст (деца не знаат да пишуваат но важно го знаат куранот напамет), потоа користење на деца и жени во екстремистичко-терористички цели, самоубиството како одмазда и убедувањето дека самоубијците после тоа ке отидат директно во скутот на алах, скандалот со карикатурите на Мухамед (Данска) итн,итн...
Ме интересира што мислиш ти лично за тоа, дали вакви работи сродни на средниот век треба да се откоренат и каква врска имаат тие со идеологијата на Исламот и Куранот.
:nesvest: Како само ги нанижи прашањава,но ќе се обидам глобално да ти одговорам.

-Исламот е целокупен систем на вредности кои ги регулира сите сегменти на човечкиот живот,толку опфатен,испреплетен и поврзан што ги покрива сите човекови исконски и современи потреби. Исламот не е само чисто емоционално верување оттргнато од реалниот домен на човечкото егзистирање,туку длабоко навлегува во сите сфери на општествениот,моралниот,социјалниот,политичкиот, војниот,правниот и другите аспекти на човечкиот живот.

Ако го анализираме комплетното учење на исламот,а на крајот и Мухаммедовата а.с. практична примена на исламските постулати,недвосмислено ќе дојдеме до заклучокот дека исламот,всушност, е озбилен,динамичен и практичен начин на животот. Тој е и објавен со цел да го уреди животот во неговата практична форма и конкретната реалност да ја потчини на своите критериуми.

Па во тој однос покрај другото Исламот има и своја јурисдикција,свое право (во кое влегува и казненото,секако) а кое поготово доаѓа до израз во муслиманските шеријатски земји.Но реализирањето на тоа право не муе дадено секому,туку тоа е предмет на надлежната исламска власт која има соодветни инситуции за истото.

Во поглед на твоите прашања ќе одговорам кратко и јасно дека Исламот во основа значи Мир, и како таков му ги гарантира на човекот сите права. Човекот го издигнал на најголем пиедестал кога рекол дека тој ( човекот) е величенствено Аллахово дело и тешко на секој оној кој ќе ја повреди честа и достоинството на тоа дело. Кур,анот е уште појасен кога вели дека во верата нема присилба,а најјасен кога потенцира дека оној кој ќе спаси еден човек како целото човештво да го спасил,а оној кој ќе убие невин човек како целото човештво да го убил. Во етиката на војната во Исламот јасно е потенцирано дека жени,деца и стари луѓе не смеат да се убиваат,на непријателите не смеат да им се палат полињата,шумите итн. ( За ова можеш да прочиташ на претходните страници за Џихадот). Пратеникот Мухаммед а.с. уште кога се преселил во Медина дал вакви прерогативи во Мединската повелба,прерогативи кои на тогашниот ( а богами и на денешниот )човек не му биле/се познати.

Но за жал, во денешно време стереотипот за Исламот и муслиманите благодарение на непријателите на исламот а и на огромен број од самите муслимани (кои погрешно ја толкуваат и практицираат својата вера) израснал до толкави граници,да многумина од луѓето имаат погрешна представа или разбирање за него,па така да многу е тешко на ним да им се представи вистинската слика за него.

При разговор на оваа тема, кажано ми е дека каменувањето и казната со смрт за банални работи е оставнина од арапското време и арапската (античка) култура и дека тоа нема допирни точки со Исламот. Колку е тоа точно не сум сигурен, но не ме ни интересира многу.
Јас не сум којзнае каков познавач на историјата, но знам дека арапскиот свет пред нашата ера (раѓањето на Исус) и се до средниот век бил многу влијателен и центар не само на трговијата туку и на филозофијата, математиката, науката .....
Во исламот изградувањето на верувањето не тече во форма на чиста теорија,идеологија или дијалектика, туку во форма на живо, органско соединување и директно формирање на животот којшто се практицира во самата заедница/Уммет.

Но една работа е многу битна да се знае,а таа е дека над никого не се применува смртната казна додека не му се даде шанса за покајување. Исламот има регулирани правила за сите сегменти од животот,па во тој контекст и за во војна и мир. И многу денешни современи,модерни и напредни земји ја имаат смртната казна во своето правно законодавство...

Инаку за твојот податок за предисламските арапи не би се сложил од причина што тие тогаш далеку биле од цивилизацијата и науката.Нивната експанзија на тие полиња ја добиле после појавата на исламот.



Но, гледајќи ги денешните арапски земји (со исклучоци), тие како да се застанати во времето. Сеуште постојат политичари кои религијата и емотивната поврзаност на луѓето со неа ја користат во лична пропаганда и ширење омраза помеѓу народите и религиите (пр: Иран).
Потоа ги имаме и екстремистичките организации како Хамас, Ал-Каеда кои јас ги презирам и лично мислам дека треба да бидат искоренети.
За ова си во потполно право. Денеска многу лидери на исламските земји ја злоупотребуваат религијата за свои лични цели и интереси,а со прст не мрднуваат за решавање на глобалните проблеми кои го зафатиле муслиманското општетство.

За терористичките организации незнам многу,ама би рекол дека истите се производ на експериментите на големите западни сили на чело со Америка. За да се искоренат тие,претходно е нужно да се искорени злото кое овие земји им го нанесуваат на луѓето.Или поконкретно кажано,нека престанат со окупација на муслиманските земји,ќе престанат и тие "терористички организации".


Што мислиш ти за секуларните муслимански земји, како Турција на пример, и што мислиш за Кемал Ататурк, преродбеникот и херојот на Турците на кој еден од најважните закони и наредби му било религијата под никаков случај да не се меша со државата.
:raz: Мислам дека тоа не е добро. Мислам дека тоа е решение од привремен,а не траен карактер.



Потоа, ке отворам едно не толку популарно прашање и можеби сум првиот кој ќе го постави: Што мислиш за хипер-продукцијата и нејзината употреба во националистичка превласт (имаме пример со Албанците во Косово и во многу држави во Европа каде почна да се актуелизира ова прашање).
Според мене, потребна е гооолема либерализација на муслиманскиот свет, дури имам лични другари муслимани кои себеси се сметаат за атеисти (повеќе е тоа што не им е гајле за религијата отколку тоа што ја отфрлаат).
Исламот е едно,нацијата сосема друго. Мухаммед а.с. рекол дека оној кој се бори за нација тој не е наш (муслиман). Значи Исламот не гледа на раса,класа,нација, боја на кожата итн. Пред Бога сите луѓе се еднакви,а најдобри се оние кои што се најбогобојазливи.

Правото на слобода на верување или неверување (сеедно) му е загарантирано секому.Секој ќе си одговара за својот избор и за своето бреме.


Повеќето муслимани, кога ке им ги поставам овие прашања обично кажуваат: Остави ги тие во Иран, тие се шиити, ние сме суни (или така некако), тие не се нормални, ние сме вистинските верници.
Не ми се допаѓа ова делење на муслиманите а уште помалку е тоа изговор за работите кои се прават.
Но,сепак тоа е точно.Точно е дека и муслиманите помеѓу себе се поделени на разно разни фракции и правци. Кога јас конкретно би бил запрашан за Иран би рекол дека во нивното уредување многу нешта вметнале кои немаат никаква врска со вистинскиот Ислам.

И последно прашање : Од сите религиски команди и препораки, најбанална ми е забулувањето на жените. Знам дека тоа е препорака, а не наредба, но не ги разбирам причините поради кои една жена, која треба да биде горда со својата женственост и тело, да мора да си го покрива телото и главата. Тоа е единственото нешто кое не го разбирам. (си забележал ли дека колку е пообразуван народот, толку помалку ги почитува религиозните наредби)
Тоа е наредба,а не препорака и тука има голема разлика. Хиџабот/забулувањето на жената е нејзина заштита а не дискриминација.Но за ова како и за погорните твои прашања е потребно повеќе време и простор за да се објаснат како што треба.

Сум забележал,дури и сум констатирал дека сето тоа е само поради недостаток на верата (за болдираното важи ова).А сум забележал и дека многу учени пак им се повраќаат на религиозните наредби.Тоа е релативна работа,секунди во непрегледното време на овој свет. Закон на ротација.:) Но повеќе сум од убеден дека иднината и припаѓа на религијата,зошто современиот човек полека но сигурно оди во ќор сокак.

Додаток: Би те замолил прашањата што помалку да ги одговараш со цитирање на Куранот, бидејќи ме интересита твоето искрено, лично мислење по овие теми. Ако не можеш да одговориш без да го цитираш Куранот, тогаш јас ке бидам убеден дека твојот размислување е ограничено од една книга напишана од неколку автори, пред повеке од 1400 години, што не е ниту правилно ниту а пофалба.
:toe: Сепак,не можам да го одбегнам Кур,анот,како што ти не можеш да одбегнеш некоја книга напишана многу многу понапред од него,па макар да е старогрчка или римска,или.... Значи сите ние на некој начин сме ограничени во нештата. Блазе си им на вистински ориентирано ограничените. :)

Прашање до Омер Ел Фарук; Дали тетовирањето е грев? Читав на еден англиски веб сајт дека што и да менуваш во телото, или што и да додадеш е харам/забрането од Господ(под образложение дека Господ знае најдобро од сите), е сега не ми држи вода малце ова, оти ако се раѓа човек со 6 прста, а може да се оперира и да го среди тоа, што има тука грев? Нели затоа Господ ни дал памет. И ако тетовирањето е забрането сакам да знам зошто? Каков грев правиме ако се тетовираме заради нешто што многу ни значи, нешто што сме го загубиле? Во Куранот, не сакам да кажам дека немам сретнато оти поминаа 3-4 години од кога го имам прочитано, ама не памтан некаде да се забрани. Сега сигурно забрането е да тетовираш лик од Мухамед, Исус, Мојсеј или некој од ангелите, ама зборувам за дати (бројки) и некој збор кој ми значи многу (еве да речеме од Куранот еден дел), чекам одговор од Омер Ел Фарук и од никој друг, поготово некој од друга вера.
Исламот ги отфрлил претерувањата и оличувањата кои што бараат промена на физичкиот изглед на Аллаховите створенија. Кур,анот таквите работи ги смета за шејтански, а шејтанот вели: “...и сосема сигруно ќе им наредувам па Аллаховите созданија ќе ги менуваат...” ( Ен – Ниса, 119 )

Во ваквите престапи спаѓа и тетовирањето. Мухаммед а.с. ја проколнал онаа жена која што тетовира и онаа која што подлегнува на тетовирањето ( се тетовира). ( Бухарија и Муслим)

Што се однесува до тетоважата, таа со модар пигмент и одбојни шари трајно го менува изгледот на лицето, рацете и останатите делови на телото,зависно каде сме се тетовирале. Некои предисламски арапи, нарочито жените, вообичајувале да тетовираат голем дел од телото. Припадниците на одредени верски секти практикуваат на рацете и градите да им се тетовираат слики од нивните божества или симболи, како што христијаните го тетовираат крстот на своите раце и гради и другите места. Сите овие работи се попратени со болка која оној кој што се тетовира мора да ја претпри од убодот со иглите.Поради сето ова проклети се и оној што тетовира и оној кој се тетовира ( Ел- вашиме и Ел – мустевшеме).



Од ова јасно произлегува дека Мухаммед а.с. ја забранил оваа работа,додека од друга страна многу добро знаеме како треба да се поставиме кон тие забрани зарем не?


Аллах џ.ш. рекол:

„Кога Аллах и Пратеникот Негов нешто ќе одредат, тогаш ни верникот ниту верничката немаат право по своето мислење да постапат. А кој нема да го послуша Аллах и Неговиот Пратеник, тој сигурно скршнал од вистинскиот пат.“ (Ел - Ахзаб,36 )
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom