Гледано од човечки аспект, смислата ја прават предизвиците, а кога станува збор за утопија каде се е совршено, тогаш за предизвиците нема место! Што ќе ти биде предизвик ако се што посакаш се исполнува? Може да биде идеално и совршено одреден период, но евентуално таа човечка потреба за предизвик ќе надвладее. Најдобар пример за тоа се славните и познати личности, имаат се што можат да посакаат, а сепак постојано има некоја вест за нив како се лечат од депресија, алкохолизам, зависност....се разведуваат.
Проблемите се составен дел од смислата на животот, неопходниот контраст, без нив животот сам по себе станува проблем губејќи ја смислата.