Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Toa што пишува во неа, можеби се чини неверојатно, незнам пак ќе кажам, не сум ја прочитал.
А на прашањето каков верник сум ако не сум ја прочитал, ќе ти одговорам со тоа дека
Читањето на библијата и одењето во црква те прави верник, колку што стоењето во гаража те прави кола.
* * *
Не мора верување да значи дека треба да биде упатено кон некој друг.
На крај краева треба да веруваш во себе, за да постигнеш некоја цел во животот.
Значи сепак, сите ние веруваме во нешто.
Многу мудра мисла таа со гаражата, нели?

Моето котрапрашање, би било: Ако не си ја читал библијата и ако не одиш во црква, тогаш во што тоа ти веруваш, у ствари и уште поважно - каков верник си ти у ствари?... во ШТО тоа веруваш?

...убаво ти оди развојот на постот подолу:
Не мора верување да значи дека треба да биде упатено кон некој друг.
На крај краева треба да веруваш во себе, за да постигнеш некоја цел во животот.
Значи сепак, сите ние веруваме во нешто.
Кажано како вистински атеист! Браво!
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Да, супермен е филмски лик, карактер, не е необјаснета појава, не е никаква мистерија, како за разлика од Господ, со кој секој човек на планетава е запознаен како таков.
Не дека ви ги успорувам вашите ставови, океј, секој човек си има свое право и избор во што ќе верува, но секој од вас како поединец, без разлика на вера, сигурно бар еднаш бил во црква.
А зошто е тоа така, ако не верувате?

Не дека јас сум религиозен до тој степен да секоја недела одам во црква, но ме бунат вашиве ставови, па затоа прашав.

Не само еднаш, сум бил повеќе пати и сеуште влегувам во цркви и манастири, ама онака чисто од уметнички аспект ми се допаќаат фреските и иконостасите....
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Епа затоа неможеш да сватиш зошто неверуваме во неа! Затоа што не си ја прочитал! Земи прочитај ја, па ќе видиш зошто неверуваме во таа збирка еврејски народни приказни.
Еве ти го дејствието најкратко објаснето што може, само во пет точки:
1. Бог го создава човекот без сознание за добро и зло!
2. Му забранува да го спознае доброто и злото!
3. Кога луѓето сепак го одкриваат ги казнува, иако незнаеле што значи погрешно а што исправно!
4. Поради тоа што дознал што е добро а што зло, човекот е казнет да страда и со мака да ја обработува земјата од која е земен и поради овој "грев" сите луѓе кој се раѓаат после тоа автоматски се грешни!
5. За да ги спаси луѓето од овој "грев", бог се праќа самиот себеси на самоубиствена мисија за да ги спаси луѓето од самиот себеси, на тој начин што ќе го прифатат како единствениот пат и вистина!
Ова 5во и мене ме збуни. Но сепак, не реков дека треба да се верува во библијата, и онака јас НЕ верувам дека таа е напишана од Господ лично. Може секој да ја напишал.

Многу мудра мисла таа со гаражата, нели?

Моето котрапрашање, би било: Ако не си ја читал библијата и ако не одиш во црква, тогаш во што тоа ти веруваш, у ствари и уште поважно - каков верник си ти у ствари?... во ШТО тоа веруваш?

...убаво ти оди развојот на постот подолу:


Кажано како вистински атеист! Браво!
А јас пак мислев дека атеистите не веруваат во ништо. Моја грешка.

Не само еднаш, сум бил повеќе пати и сеуште влегувам во цркви и манастири, ама онака чисто од уметнички аспект ми се допаќаат фреските и иконостасите....
А немате вие некакво правило по кое треба да се водите, како на пример не одењето во верски објект?
Или на секој му е дозволено што сака, во ионака настанатата џунгла?
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
А немате вие некакво правило по кое треба да се водите, како на пример не одењето во верски објект?
Или на секој му е дозволено што сака, во ионака настанатата џунгла?
Јас сум за тоа секој да прави што сака ама притоа неговите постапки да не ВЛИЈААТ НА ВОЛЈАТА на другите особено да не го загрозуваат НИВНИОТ ЖИВОТ се дотогаш кој што сака нека си прави....
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. А јас пак мислев дека атеистите не веруваат во ништо. Моја грешка.
***
2. А немате вие некакво правило по кое треба да се водите, како на пример не одењето во верски објект?
Или на секој му е дозволено што сака, во ионака настанатата џунгла?
1. Тоа се нихилистите :)

2. Атеизмот не е филозофија. Не е движење. Не е религија. Атеизмот е тврдење кое гласи: Не постои Бог, ниту божества. Толку. Нема црква каде се собираат атеисти, нема ритуали кои ги изведуваат, нема правила по кои се раководат. Секој човек, без разлика на неговите останати определбии верувања, кој тврди дека Господ не постои е Атеист. Патем, може да е музичар, чистач или политичар, може да е итаљан, замбиец или русин или може да е порно ѕвезда или наставничка у основно.
 
T

Tetro

Гостин
Секој човек, без разлика на неговите останати определбии верувања, кој тврди дека Господ не постои е Атеист. Патем, може да е музичар, чистач или политичар, може да е итаљан, замбиец или русин или може да е порно ѕвезда или наставничка у основно.
Па дури може да биде и поп, кој учел за движењето па сфатил дека мора да лаже за да му носат пари...... Овие се најлошите "верници"
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Не мора верување да значи дека треба да биде упатено кон некој друг.
На крај краева треба да веруваш во себе, за да постигнеш некоја цел во животот.
Значи сепак, сите ние веруваме во нешто.
А ти веруваш во себе ?
Хахахах кого го лажеш ?
Ако го прашаме Лао Це за верување во себе он ќе рече прашање за верба
се поставува само тогаш кога прашањеto за недоверба се постави.
Се додека не веруваш во себе ќе веруваш дека веруваш во себе. :)
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
А ти веруваш во себе ?
Хахахах кого го лажеш ?
Ако го прашаме Лао Це за верување во себе он ќе рече прашање за верба
се поставува само тогаш кога прашањеto за недоверба се постави.
Се додека не веруваш во себе ќе веруваш дека веруваш во себе. :)
Дали верувам во себе? Па во повеќето од случаите да.
Сега зависи во каква ситуација се наоѓам.
Но, ако не веруваш во себе... тогаш која е смислата на животот?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Дали верувам во себе? Па во повеќето од случаите да.
Сега зависи во каква ситуација се наоѓам.
Но, ако не веруваш во себе... тогаш која е смислата на животот?
Не се замарај ич....замисли ја смислата на животот како танц во кој секој ден
додаваш нешто ново и тргаш нешто старо и играш до бескрајно лудило.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Но, ако не веруваш во себе... тогаш која е смислата на животот?
Ќе мислиш дека смислата е да веруваш во некој друг, кој ќе ти ветува утопија, ќе ги превземе на него сите твој гревови и ќе те спаси од пеколот кој те чека ако не го прифатиш....Како случајот со христијанството.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Не се замарај ич....замисли ја смислата на животот како танц во кој секој ден
додаваш нешто ново и тргаш нешто старо и играш до бескрајно лудило.
Не се замарам до толку со верувањето во Бога... едноставно верувам, без никакви прерасуди за оние кои не веруваат.

Ќе мислиш дека смислата е да веруваш во некој друг, кој ќе ти ветува утопија, ќе ги превземе на него сите твој гревови и ќе те спаси од пеколот кој те чека ако не го прифатиш....Како случајот со христијанството.
Секој различно го сфаќа христијанството.

И уште нешто. Нели кога ќе отидете во некоја друга средина, и ве прашаат што сте по религија, што ќе одговорите?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Христијанин - Православен.
:)

Тоа ми се чини како да кажеш ја сум машински инженер, пошто сум запишан на машински, ама не сум читал книги, не сум полагал испити, ниту сум добил диплома.

Нели?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Дали верувам во себе? Па во повеќето од случаите да.
Сега зависи во каква ситуација се наоѓам.
Но, ако не веруваш во себе... тогаш која е смислата на животот?
Интересна е оваа изјава: Која е смислата на животот?

Јас се декларирам како верник, и смислата на мојот живот е да ја исполнувам волјата на Исус Христос во која имам целосна слобода.

Па бидејќи ова е прашање кое навистина заслужува да биде одговорено, ќе го формулирам поедноставно:
како атеистите гледаат на животот, дали постои смисла на животот (смртта е крај, дали вреди да се живее), која е целта на живеењето?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom