Иако засега е само како предлог-идеја со свој нацрт и план, во Лондон се очекува да се изгради храм за атеистите. Идејата потекнува од писателот и филозоф Алајн де Ботон кој сака да изгради објект за да го прослави животот на земјата, претставувајќи го „недеструктивниот“ пристап до атеизмот, наспроти општите верувања.
Болтон веќе обезбеди план за изградба на храм вреден 1 милион долари кој треба да се гради во соработка со компанијата Tom Greenall Architects, пишува Guardian. Кулата ќе има 46 спрата, висина која симболично ја претставува староста на нашата планета, а секој сантиметар од внатрешниот дизајн треба да го претставува животот на земјата поминат во тие милиони години. Храмот ќе има една врата низ која посетителите ќе влегуваат како да е уметничка инсталација. Покривот ќе биде отворен за различни елементи каде може да се најдат различни фосили и геолошки интересни камења сместени во бетонските ѕидови.
„Дури и најголемите атеисти зборуваат убаво за религиските градби. Зошто едноставно да не учиме од религијата и да направиме еднакво убави и интересни работи. Религијата не е единствената работа во чија чест можеме да изградиме храм, тука се љубовта, пријателството и мирот“, верува Ботон кој и самиот се декларира како атеист.
Ботон изјави дека веќе има собрано половина од потребните финансиски средства и ако добие дозвола од градот, со изградба треба да започне веќе во почетокот на 2013-та.