Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
За овие мислев

и некои слични на нив
Друже... Јебеш Анунаки и Нефилими, све додека нешто конкретно не се открие и докаже. И мене ми е Гилгамеш омилен МИТ и змијата и ралото на плочките ми се хит... И она со планетите обратно и со судирот и све е тоа мнооогу откачено!!! Сепак:

Како што сега стојат работите, све е се тоа божества како било кое друго во историјата на луѓето... И знаеш, ако нешто е возбудливо и plausible, никако не значи дека е вистина. Така настануваат теориите на заговор. Со муабетот: „Еј, абе знаеш дека ова може вака да било...“ и после ги докази селективно прилепија за да това оште поубедливо изгледа.

И уште нешто: ајде нека навистина дошле Анунаките и не генетски дотерале од орангутани (или кој и да е друг примат). Тоа сепак не кажува дека постојат БОГОВИ, разбираш!?!? Тоа само би кажало дека на нашава планета (со веќепостоечкиот механизам на еволуција), некој друг жив свет (ET) дошол и интервенирал. Нема тука богови, сфаќаш!?!? Ако ч'чкале у гените и ти се откачуваш на тој филм, тоа треба да те направи само повеќе атеист, а не обратно!!!
 
L

Liberation

Гостин
Зачетокот на култот Богородица и Исус (десно), кој Евреите го земаат од египетската религија.
Лево... детето има интересна форма на черепот.
Горе: Сонцето, подоцна преземено од Христијаните како ореол за светите.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Абе ја не реков дека има богови. Мене приказната со калот човекот и реброто ми е повеќе од јасна што кажува.
Ама проблемот со вас атеистите е што го негирате потеклото на свеста.
Има два термини што се важни во муабетов.
Наука - истражување на надворешниот свет без никаква пристрасност.
Религија(религиозност) - истражување на внатрешниот свет без никаква пристрасност.
Вториот термин е за атеистите проблем.
Првиот термин е за верниците проблем.
Без првото неможе второто.
Без второто неможе првото.
И у краен случај не сакам да се декларирам и некој да ме дефинира.
А ако е тоа неопходно би одбрал агностик или гностик.
Ама неможете вие атеистите да си го спастрите антагонизмот спрема црквата.
Јбг затоа ќе си патите. Најубаво е да го свртите образот.
--- надополнето ---

Зачетокот на култот Богородица и Исус (десно), кој Евреите го земаат од египетската религија.
Лево... детето има интересна форма на черепот.
Горе: Сонцето, подоцна преземено од Христијаните како ореол за светите.
Таа издолжена форма на черепот и неговиот зголемен волумен е интересна. :)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Абе ја не реков дека има богови. Мене приказната со калот човекот и реброто ми е повеќе од јасна што кажува.
Ама проблемот со вас атеистите е што го негирате потеклото на свеста.
Има два термини што се важни во муабетов.
Наука - истражување на надворешниот свет без никаква пристрасност.
Религија(религиозност) - истражување на внатрешниот свет без никаква пристрасност.
Вториот термин е за атеистите проблем.
Првиот термин е за верниците проблем.
Без првото неможе второто.
Без второто неможе првото.
И у краен случај не сакам да се декларирам и некој да ме дефинира.
А ако е тоа неопходно би одбрал агностик или гностик.
Атеистите не се психолози или филозофи, па да се занимаваат со потеклото на свеста. Дај више научи што е атеизам. Прочитај дефиниција. Атеизмот не е наука. Не е религија. Не е догма. АТЕИЗМОТ Е ТВРДЕЊЕ!!! Не го прави тоа што не е!

Докурца, више... полесно ми беше на Креационизам наспроти Еволуција да се објаснам. Овдека, ти, Аполон и Мики, се надминавте себе си!!! Упорно поставувате прашања на погрешна адреса!

Атеистите не го негираат потеклото на свеста!!! Атеистот го негира единствено Бог.

Дефиницијата на науката некако ја потрефи. Таа со религијата тотално ја промаши. Тоа што си го дефинирал погоре се вика духовност или спиритуалност. (Прочитај дефиниција). Во религијата врие од пристрасности, насоки, дозволи и догми.

Вториот термин за атеистите е, значи, погрешно насловен

Ако не сакаш да се декларираш, тоа кажува дека си несигурен во својата позиција. 27 страни тука (многу повеќе по цела Религија), цело време мрчиш, го цитираш Ошо (и тоа едно-те-исто-по-100-пати) и не успеа да се дефинираш.

А лесно е: (1) Теист, (2) Атеист или (3) Агностик - НЕМА ТРЕТО, РАЗБИРАШ!?!?!

(Според мене, ова (3) и не постои баш, ама ај да не ти го комплицирам живот сеа)

А кога би било неопходно да се дефинираш, мислам дека би направил глупост пошто гностиците и агностиците не се баш така блиску ко што си ги пишал.

Ти си, друже, ко што ја те читам едно пар месеци и како што јас сум заклучил - не мора да е тоа воопшто близу до вистината - доста спиритуален, ама ноооого неискусен дечко (неќу сеа да се правам фраер (пак), ама така ми се чини). Се возбудуваш доста за етерични концепти, ама претерано цврсто настапуваш за некој кој истражува - поготово така расфрлани насекаде учења и догми - ги постираш тврдењата грубо, без пардон, што некако ич не ми се поклопува со изворите кои ги цитираш... мое мислење. Мислам, не дека јас не сум груб или арогантен или егоист, ама ја барем држам таква позиција - децидна и љута! Ти, од дуга страна, трткаш-мрткаш, поставуваш прашање, а у ствари си сакал да кажеш, тргнеш, па застанеш, а уште не си се изјаснил. Тоа пуно кажува.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Фала богу што звучам конфузно.
Затоа што нема да најдеш никаква логика во вистината, и фала богу и на тоа.
А доста бев у хипнотички транс, фала богу се ослободив од тоа ментално ропство.
Се ослободи или се зароби? :vozbud:

И Игоре, ја посра цела тема. 30 страни досега, а видовме само 2 прашања за атеистите...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Религијата претставува филозофија поткрепена со институција и норми (yeah, right), но ограничена во концептот, затворена за толкување, догматична по природа, која недвосмислено и бесрамно лаже дека креатор на светот е божество (божества) кое ја контролира судбината на човекот. Најди некоја таква филозофија (што не е религија), жити све!

Со векови теистите се обидуваат да ја направат религијата нешто што не е. Најпрвин, по подемот на ренесансата почнаа да ја маскираат како филозофија. После, со напредокот на науката почнаа да ја маскираат во наука. Се прашувам во што ќе се обидат да ја маскираат следно.

Не се во еден кош. Консултирај филозофи за да чуеш колку e гласнa нивната смеа по ова прашање. Впрочем, зошто би постоела гранка на филозофијата која се нарекува Филозофија на религиите ако се исто?!?

Религијата е скарана со здравиот разум. ЈХИ религија, на пример, беспоштедно и бесрамно тврди дека светот е создаден за 6 дена; дека чобекот е направен од кал; дека жената е направена од ребро; дека лавот пасел трева; дека земјата има рабови и дека ја носат китови; дека Браман го редел универзумот слегувајќи по лотосово стебло (ОК, ова е Хинду, ама guess you get the point); дека е праведно да ја здробиш од карпа главата на детето на својот непријател; дека кога ќе умреш, ако си добар ти ќе идеш у вечен рај, а ќерка ти, која ти е све на светот, ќе иде иу вечен пекол ако не верува!!!

Те молам кажи ми како се овие работи логични и каде е тука здравиот разум?!?

За егото си у право. Срам ми е, ама тоа ми е - не е лесно да се расправаш со некој кој те прави будала при здрав разум. Ќе рипне и ќе грмне... шо ќе праиш.

--- надополнето ---

Друже, линкот ти е за да не мора да идеш до библиотека. Линковите се за да прочиташ нешто ново и да не поистоветуваш работи кои не се исти. РЕЛИГИОЗНОСТ е различно од СПИРИТУАЛНОСТ. Ти си теист. Јас сум атеист. СРАМОТА Е јас да ти го објаснувам ова!!!

Спиритуалност: an ultimate reality or transcendent dimension of the world; an inner path enabling a person to discover the essence of his or her being, or the “deepest values and meanings by which people live.

Религиозност: having or showing a belief in and veneration for God or a divine power, especially as it is reflected in the practice of religion

За спиритуалност не ти треба Бог и верба. Ти треба увид и свесност за себе, ама и многу повеќе од тоа - за се' друго во овој универзум. Како што читам мислења од теистите, повеќето се некако изнасекирани со тоа што ќе се случи со нив самите откога ќе умрат! Слабо некако ја спомнуваат планетата, животните, екологијата, вселената... Они (повеќето, не сите, нели) би отишле, ако може, на вечно гезме со Исус... а кој не пазел - нека гори!
Јас не се согласувам со тоа. Можам да ти посочам милион книги каде спиритуалноста не е атеизам. Источните религии не се религии по дефиниција туку спиритуални движења. Дали тоа ги прави атеисти. Џабе ставаш линкови од некој што нешто напишал на блог. Па и јас можам секакви глупости да истресам на интернет.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Јас не се согласувам со тоа. Можам да ти посочам милион книги каде спиритуалноста не е атеизам. Источните религии не се религии по дефиниција туку спиритуални движења. Дали тоа ги прави атеисти. Џабе ставаш линкови од некој што нешто напишал на блог. Па и јас можам секакви глупости да истресам на интернет.
Џабе ја пишувам коа ти не читаш.

Јас никаде не кажав дека спиритуалноста е атеизам. Тоа што е лингувано не е блог. ...а глупости ич не се сомневам дека можеш да истресеш.

Немам веќе никаков мотив со тебе да се објаснувам. Стварно.

Ако пишеш нешто вредно - ќе ти се навратам. Овака, можам само да те упатам уште еднаш да препрочиташ.

Поздрав.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Џабе ја пишувам коа ти не читаш.

Јас никаде не кажав дека спиритуалноста е атеизам. Тоа што е лингувано не е блог. ...а глупости ич не се сомневам дека можеш да истресеш.

Немам веќе никаков мотив со тебе да се објаснувам. Стварно.

Ако пишеш нешто вредно - ќе ти се навратам. Овака, можам само да те упатам уште еднаш да препрочиташ.

Поздрав.
Не сакам да читам било што. Сигурно имаш добиено некој летоци, брошури, списанија, од јеховини сведоци или од некои секти и слично. Ги читаш?
Не рече дека спиритуалноста е атеизам. Но кога јас реков атеизам=/=спиритуалност, ти рече не е точно и ми даде некои линкови да су го прочитал тоа.
Многу повеќе луѓе се пронашле и си помогнале себе си кога го прочитале Џозеф Марфи, отколку сите тие аеисти кои ги линкуваш, заедно.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не сакам да читам било што. Сигурно имаш добиено некој летоци, брошури, списанија, од јеховини сведоци или од некои секти и слично. Ги читаш?
Не рече дека спиритуалноста е атеизам. Но кога јас реков атеизам=/=спиритуалност, ти рече не е точно и ми даде некои линкови да су го прочитал тоа.
Многу повеќе луѓе се пронашле и си помогнале себе си кога го прочитале Џозеф Марфи, отколку сите тие аеисти кои ги линкуваш, заедно.
Сеа, ти е сигурно криво што не го прочита и следниот цитиран пост, па се така истрча ;)
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Се чудам и самиот си се смеам што тресите глупости.
Вие што тврдите дека Бог не постои си кажувате дека нема докази за тоа, јас и оние кој кажуваат дека постои не негирате. Зар малку не ја почукнувате главата и не си речите ајде да испитаме дали е вистина што кажуваат овие дека Бог постои. Зар малку дадов примери дека Бог постои на форумов. И така деновите минуваат и минуваат и минуваат, а нашиот живот течи и за некое време на овај свет ќе згасне и ќе заврши за покајание. Ќе се соочиме со Бог на денот кога ќе има Божји Суд.
После пак ќе тврдите дека не постои иако ќе се најдиме сите на тој суд.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
...и така деновите минуваат и минуваат и минуваат, а нашиот живот течи и за некое време на овај свет ќе згасне и ќе заврши за покајание. Ќе се соочиме со Бог на денот кога ќе има Божји Суд. После пак ќе тврдите дека не постои иако ќе се најдиме сите на тој суд. :)
:) :D :smir:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Се чудам и самиот си се смеам што тресите глупости.
Вие што тврдите дека Бог не постои си кажувате дека нема докази за тоа, јас и оние кој кажуваат дека постои не негирате. Зар малку не ја почукнувате главата и не си речите ајде да испитаме дали е вистина што кажуваат овие дека Бог постои. Зар малку дадов примери дека Бог постои на форумов. И така деновите минуваат и минуваат и минуваат, а нашиот живот течи и за некое време на овај свет ќе згасне и ќе заврши за покајание. Ќе се соочиме со Бог на денот кога ќе има Божји Суд.
После пак ќе тврдите дека не постои иако ќе се најдиме сите на тој суд.
A да си чукневте вие главата (ама посилно малку, за да ве здоболи) и да си речете ај да ги видиме тие фамозни „докази“ што ли е тоа што вие го гледате а ние не. И впрочем не ќе се викаше вера ако имаше доказ. Аргументи барем да видевме зошто верувате?
Ништо од сето тоа, млатење празна слама....
Ние Атеистите не ќе се најдиме на тој суд.......
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

и ова, како илустрација. Клучени зборови: разум + HDI (Human Development Index) + Life Expectancy + Rank (1-6 во опаѓачки редослед, за поинтересно) и процент од популацијата кои ја сметаат религијата за важна:

Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Атеистите не се психолози или филозофи, па да се занимаваат со потеклото на свеста. Дај више научи што е атеизам. Прочитај дефиниција. Атеизмот не е наука. Не е религија. Не е догма. АТЕИЗМОТ Е ТВРДЕЊЕ!!! Не го прави тоа што не е!

Докурца, више... полесно ми беше на Креационизам наспроти Еволуција да се објаснам. Овдека, ти, Аполон и Мики, се надминавте себе си!!! Упорно поставувате прашања на погрешна адреса!

Атеистите не го негираат потеклото на свеста!!! Атеистот го негира единствено Бог.

Дефиницијата на науката некако ја потрефи. Таа со религијата тотално ја промаши. Тоа што си го дефинирал погоре се вика духовност или спиритуалност. (Прочитај дефиниција). Во религијата врие од пристрасности, насоки, дозволи и догми.

Вториот термин за атеистите е, значи, погрешно насловен

Ако не сакаш да се декларираш, тоа кажува дека си несигурен во својата позиција. 27 страни тука (многу повеќе по цела Религија), цело време мрчиш, го цитираш Ошо (и тоа едно-те-исто-по-100-пати) и не успеа да се дефинираш.

А лесно е: (1) Теист, (2) Атеист или (3) Агностик - НЕМА ТРЕТО, РАЗБИРАШ!?!?!

(Според мене, ова (3) и не постои баш, ама ај да не ти го комплицирам живот сеа)

А кога би било неопходно да се дефинираш, мислам дека би направил глупост пошто гностиците и агностиците не се баш така блиску ко што си ги пишал.

Ти си, друже, ко што ја те читам едно пар месеци и како што јас сум заклучил - не мора да е тоа воопшто близу до вистината - доста спиритуален, ама ноооого неискусен дечко (неќу сеа да се правам фраер (пак), ама така ми се чини). Се возбудуваш доста за етерични концепти, ама претерано цврсто настапуваш за некој кој истражува - поготово така расфрлани насекаде учења и догми - ги постираш тврдењата грубо, без пардон, што некако ич не ми се поклопува со изворите кои ги цитираш... мое мислење. Мислам, не дека јас не сум груб или арогантен или егоист, ама ја барем држам таква позиција - децидна и љута! Ти, од дуга страна, трткаш-мрткаш, поставуваш прашање, а у ствари си сакал да кажеш, тргнеш, па застанеш, а уште не си се изјаснил. Тоа пуно кажува.
Прво дефиниција за атеизам е неверување во богови. Ама малку проширена(а тука лежи проблемот) негира се што е
спиритуално(а тоа по дефиниција е религиозност) и тоа без докази. И не пробуј игри со зборови тоа не пали кај мене.
А последните научни откритија во сите области а поготово во квантната физика кажуваат многу интересни работи.
Па нели се крстевте у наука....тогаш дај читајте малку понови работи а не физика од пред 100 год.
Вашите дефиниции го прават атеистот најобична машина која настанала случајно и како што настанала така и ќе ја снема.
И тоа е како и остало програма која ви е наметната. Знам по мене од времето кога и јас сум бил ист.
Ошо го цитирам и он цело време кажува за една работа, иако не се сложувам целосно и со него и со цела источна "филозофија".
А тоа што го кажува е медитативна состојба. Ни помалку ни повеќе.
Тоа е прво и последно, алфа и омега. Инаку можам и други да ти цитирам, ти само кажи.
Постовите се такви како што треба да бидат, спрема соговорникот секогаш адекватни.
И секогаш тенденција е да се дојде до таа медитативна состојба.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Се чудам и самиот си се смеам што тресите глупости.
Вие што тврдите дека Бог не постои си кажувате дека нема докази за тоа, јас и оние кој кажуваат дека постои не негирате. Зар малку не ја почукнувате главата и не си речите ајде да испитаме дали е вистина што кажуваат овие дека Бог постои. Зар малку дадов примери дека Бог постои на форумов. И така деновите минуваат и минуваат и минуваат, а нашиот живот течи и за некое време на овај свет ќе згасне и ќе заврши за покајание. Ќе се соочиме со Бог на денот кога ќе има Божји Суд.
После пак ќе тврдите дека не постои иако ќе се најдиме сите на тој суд.
Нешто најмногу што ме иритира е верници кога бутаат религија во грло на неверници, ако си веруваш верувај си за себе нема што на други да им ја наметнуваш твојата религија која за мене лично е измислица. Најголемото зло на човештвото е токму религијата. Пример за не постоењето на господ? Еве ќе ја земеме 2ра Светска војна 60 и кусур милиони мртви, над 70% од нив верници, кај беше така наречениот бог да ги спаси?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom