А зошто некој би допринел нешто за светов ?
Па нели сме само машини....абе ни ли ја сваќаш абсурдноста на ова што го зборуваш ?
Ако сме случајност тогаш џабе е се.
Нели осеќаш празнина заради тоа ?
Фала богу не е така како што мислиш.
И не оомаловажувам ништ, од причина што не постои. Колку што постои среќа у сон толку и среќа имаш надвор од себе у стварите во физичкиов свет.
И не го отфрлам овој свет...го сакам бесконечно, ама како што рекол Исус.
Животот на земјава е мост, не гради куќа на него.
Па свеста е тоа што си ТИ, се друго е твое во животов ама не си Ти.
И како што рекол Екхарт Тол:
Можеш да изгубиш нешто што го имаш но не тоа што СИ.
Вака читајќи те, ми станува јасно до каде оди себичноста на теистите... И многу ми е жал заради тоа.
Па ти живееш во страв. Егоцентричноста ти иде до таму што ти за жива глава не ни сакаш да помислиш дека твојата душа/дух не е вечна.
Уште полошо, теистите се спремни да направат се’ за да ги елиминираат другите кои не мислат како нив, оние кои секојдневно им го спомнуваат табуто за смртта.
Како може животот да е за џабе? Животот има цел: среќа и создавање услови идните генерации да живеат во поголема среќа од нашата.
Ама тебе ти е гајле за среќата на тие што доаѓаат, ама искрено? Ти си премногу загрижен едно “совршено суштество како тебе“ да се здобие со вечен живот.
Дали си свесен дека додека ти живееш во тој филм, светот станува се’ понеодржлив, затоа што тие што не прават ништо (медитираат, се молат) ги нема за да се спротистават на тие кои ја уништуваат планетата и создаваат економски и социјален јаз меѓу луѓето.
Додека си жив, можеш да изгубиш и нешто што имаш, но и нешто што си. Луѓето кои заради социјални репресии, морални ограничувања или генетски предиспозиции, “запечалиле“ ментални болести од најтежок вид, се имаат изгубено себе, бидејќи ја изгубиле свеста.
--- надополнето ---
Не ги „чепкај„ монасите, далеку Си од нив со светлосни години и не си дозволувај луксуз да коментираш нешта кои Ти се апсолутна непознаница. Она кое монасите можат да го сторат за себе и за другите, тоа Ти не можеш да го сториш во текот од вечноста....
Не ни сакам да знам. Општо позната е нивната малодушност и неспособноста да одговорат на задачите на вистинскиот свет, па се кријат од него.
Знам дека за себе можат да си најдат душевен мир бегајќи од болката која им ја создава неправдата во светот, а сега ќе те замолам да дадеш барем еден пример за тоа што сториле за другите.