DBack, јас потполно ти го разбирам стојалиштето, а и намерите.
Сепак, атеизмот е тој кој се противи на бог, додека нерелигиозните не се вклучуваат во организирано поимање на бог. Ако ти пишуваш против религијата, тоа не мора да значи дека ти пишуваш и против индивидуалното поимање на бог. Но, ако велиш како што велиш, дека си атеист кој пишува против религијата, тогаш си и против религијата, како организирано изучување на бог, и против индивидуална слобода на секој да верува во бог.
Е сега, ти немаш право да одиш против среќата на еден човек која му ја носи вербата во бог. Освен психичка поткрепа (колку и да е таа ирационална), ваков вид на ограничување на човековот дејство, е дури и пожелна работа, бидејќи не секој има високо ниво на свесност. Со вакво, моментално, ниво на свесност, осет за правда и добро, исчезнувањето на религиите ќе донесе само повеќе зло отколку добрина. Верувањето во бог, па дури и на организиран начин, е потребно бидејќи повеќето луѓе не прават зло не оти имаат високо ниво на свест, туку оти се плашат од божја казна.
Смислата на постоењето на теизмот ќе престане кога ќе се докаже дека бог не постои. Соодветно, атеизмот ќе го снема кога теистите ќе докажат дека бог постои. А до тогаш ќе гледаме плукање на едните кон другите и креирање на лична среќа и задоволство врз основа на тоа дали си успеал да поставиш прашање на кое оние другите нема да можат соодветно да ти одговорат, па ќе си мислиш дека ти си во право и портите кон вечното постоење и знаење ти се отворени.
Јас затоа нема да им поставам ниедно прашање на оние кои плукајќи по филозофијата на другите, ја градат својата.
--- надополнето ---
Јас не сум пасивен атеист...
Ако мислеше на тоа дека кој се оградува од атеизмот, е аморфна маса која не делува, да те разубедам.
Секуларниот Хуманизам е хуманистичка философија која ги обединува рационалноста, етиката и правдата, а ги отфрла надприродноста и спиритуалноста како основа за моралот и донесувањето на одлуки. Секуларниот Хуманизам е философско гледиште кое се фокусира на начинот на кој луѓето можат да живеат удобен, среќен и функционален живот.
Секуларниот Хуманизам, кој уште се нарекува и “Научен Хуманизам“, своите зачетоци како посебна философија ги има во ХХ век, како единствено гледање на светот кое е компатибилно со зголемувањето на научното знаење за реалниот свет и за законите на природата.
Секуларниот Хуманизам го објаснува светот преку следниве елементи и принципи:
Потреба од тестирање на верувањата -убедување дека догмите, идеологиите и традицијата (религиозни, политички, социјални) треба да бидат тестирани од секоја индивидуа одделно, а не да бидат прифатени како општо уверување;
Разум, докази, научни методи -посветеност во употребувањето на критичкиот разум, фактичките докази и научно испитаните методи, наместо верувањата и мистицизмот, барањето решенија за човековите проблеми и одговори за важните човекови прашања;
Посветеност на креативноста и развојот на човештвото -како на секоја индивидуа одделно, така и на човештвото во целина;
Барање на вистината -постојано барање на објективната вистина, со разбирање дека новите знаења и искуства постојано ја менуваат несовршената перцепција за неа;
Овој живот - грижа за овој живот и посветеност истиот да се направи поразбирлив преку спознавањето на самите себе си, нашата историја, нашиот интелектуален и уметнички капацитет и на оние кои се разликуваат од нас;
Морал -барање на применливи индивидуални, социјални и политички принципи на морално однесување и судење за истите преку нивната способност за зголемување на добросостојбата и индивидуалната одговорност;
Градење на подобар свет -уверување дека со разумот, отворената размена на идеи, добрата волја и толеранцијата, ќе се постигне напредок во градење на подобар свет за нас и нашите деца.