Секирата ми е доволно остра, разбрав каква симболика ти гледаш, но јас не гледам логика во таа симболика. Зошто Бог да жртвува било кого, за да му прости, за да го спаси или за било што друго? Нели е семоќен, сезнаен, сеприсутен? Нели се потекнува од него? Нели се е дел од неговата волја? Тогаш како тоа тој самиот да гледа пропуст, грешка во неговата сопствена креација? И тоа пропуст кој во повеќе наврати мора да го поправа, првин со потоп, уништувајќи 99% од тоа што тој самиот го создал, потоа жртвувајќи се себеси, или синот, бидејќи и од тој еден процент што не бил уништен во потоп, испаднала генерација што ја утнала работата.... Тоа некако е премногу утната креација, за некој што треба да е безгрешен и совршен.