Во ред, но за мене нема некоја голема разлика помеѓу ова и Христијанството.
.
Разликите се огромни и суштински, за тоа е подоста муабетено на форумов.[DOUBLEPOST=1434960394][/DOUBLEPOST]
Па религиозните луѓе многу често знаат да реагираат како луѓе со нездрав ум. Религијата сама по себе не е толку лоша, религискиот фанатизам е она што е опасно.
Да, фанатизмот може да е лош, непродуктиувен и опасен па затоа мојата вера го препточита т.н. „царски пат, односно патот на умреноста во се'.[DOUBLEPOST=1434960598][/DOUBLEPOST]
Не знам зошто тој оптимизам го сметаш за незаснован, досега многу добро се покажало дека работи кои луѓето ги сметале научна фантастика, за брзо време станале реалност. Јас мислам дека тој оптимизам во науката е добро поткрепен од минатото. Уште еднаш ќе ти го наведам примерот со Сонцето. Ако тоа изгревало секој ден досега, тогаш е сосема логично да претпоставам дека тоа ќе изгрее и утре. Истото важи и за научниот напредок.
Изгревањето на Сонцето е прост механички настан и не треба многу И КУ за да тврдам дека и утре Сонцето ќе изгрее на исток а ќе зајде на запад.
Оптимизмот во науката е само почетен оптимизам, за чија реализација се арчени премногу финансиски и материјални средства, со неизвесен исход. Не се сите научни обиди успешни, како што неки сакаат да ги прикажат.
Ако ги изолираме успешните, зашто ги криеме неуспешните?[DOUBLEPOST=1434960830][/DOUBLEPOST]
- Значи тој процес секој може да си го интерпретира како ќе посака. Затоа и милиони луѓе пред тебе за најразлични период викале дека тие го означуваат доаѓањето на тој мистериозен антихрист.
- Која е таа од Бога благословена власт, монархијата?
- Одкога се па Евреите лоши. Јас мислев тие се на страната на добрите, сепак веруваат во истиот Бог, се водат по истите заповеди, и светата книга им е 80% заедничка со вашата.
- Значи чаре, да бегаме на Марс, таму антихристот не може да не стигне.
.
- Предупедувањето е корисно, а очевидноста на настаните кои не' водат кон слугата од нечестивиот, сами по себе се знак на времето во кое живееме.
- Да, само царската власт е благословена власт. Надвор од таа и таква власт, може све...па и демокртаија.
- Евреите се такви кави што се, а веруваат во нивниот бог, кој е познат како „Мамон„. Евреите и рисјаните одамна не веруваат во исти нешта.
- На Марс нема да бегаме, а нема да избегема никаде, понајмалку од Судот Христов.[DOUBLEPOST=1434960949][/DOUBLEPOST]
Па преку мутации, што ти ги негираш. Добрите мутации (оние кои се совпаѓаат со природната средина) се задржуваат, додека лошите отпаѓаат.
Па сигурно може на некој начин да се квантифицира прилагоденоста (како број на единки кои постигнуваат одредена возраст врз некоја просечна бројка), но за тоа се потребни многу мерења во повеќе различни средини на истиот вид. А можеби и има некој подобра мерка на прилагоденост (оваа мојава е само така набрзана склопена), верувам дека некој со подобро познавање од таа област може да продуцира подобра мерка.
.
Аааа, имало и „добри„ мутации, велиш...
И добро, како се мери прилагодливоста, со која метода, со кој уред, со која мерна единица, каде, како?
Дај елаборирај...[DOUBLEPOST=1434961335][/DOUBLEPOST]
Прилично сум сигурен дека ја разбирам, барем нејзиниот основен концепт и механизам. Сега не можам да тврдам дека имам некое големо познавање во споредба со некој научник од тоа поле, но ти пак фундаментално погрешно го имаш сфатено концептот на Дарвиновата еволуција. Имам впечаток дека ти си тој што пробува да ја вклопи еволуцијата во тој „светоглед“, само за да можеш да ги проповедаш тие теории на заговор.
Многу лесно можеш да откриеш неточни концепти, ако тие едноставно многу лошо ја отсликуваат и објаснуваат реалноста и не успеваат да направат точни предвидувања, тогаш тие се неточни. Но од друга страна, речиси никогаш не можеш да потврдиш дали некоја теорија е целосно точна, затоа што никогаш не можеш да го исклучиш постоењето на некој друг модел кој нештата ги објаснува подеднакво добро или пак појавувањето на некоја феномен што не може да се објасни со моменталната теорија.
Значи, во науката речиси никогаш не може да се докаже дека некоја теорија (механизам) е вистинит, може само неговите влијанија да станат научни закони, т.е. апсолутни вистини. Спореди закон за гравитација (природна појава, апсолутна вистина) со теорија за гравитација (механизам за објаснување на појавата).
- Убеденоста во своето мнение е мајка на сите заебанции во Светов. Еволуцијата не ја вклопувам јас, туку тоа го чинат овосветовните центри на моќ. Тероиите на заговор не постојат, туку тековно се ефектурираат.
- Еволуцијата апсолутно неточно ги толкува природните процеси и не се совпаѓа со ниту еден од нив. На пример, еволуцијата не ни понуди преодни видови, на кои самата се надева и самата се темели. Па сега, ако „нештото„ не можеш да го докажеш, кој те спречува да веруваш во истото? Токму затоа, еволуцијата е модерна вера, недокажлива во материјалниот Свет.
- Да, во науката ниту една теорија не е целосно докажана, но сигурни сме дека миљон теории се заменети си уште „понови„, така?....[DOUBLEPOST=1434961505][/DOUBLEPOST]
Бравос, успеа да напишиш итра шега. Уште ги чекам аргументите.
На последниот попис, се испостави дека во жалосна Македонија живеат 20,5% припадници од „другата„ заедница, што не ја отсликува реалноста, но го задоволи Охридскиот „врамен„ договор. Директорот на Заводот за статистика си поднесе оставка по обелоденувањето на тој фризиран процент од наши сограѓани.
Доволно?...[DOUBLEPOST=1434961721][/DOUBLEPOST]
На локално ниво, т.е. во отворени системи како што се Земјата, Сончевиот систем па дури и Галаксијата ентропијата може повремено и да се намали, па оттука и повременото раѓање на ѕвезди итн. Но во глобалниот затворен систем (под претпоставка дека универзумот е затворен) ентопијата неповратно опаѓа. Значи кога зборуваме за ентропијата на Универзумот, мора секогаш да се зборува за Универзумот во целост, а не за некои локални отворени системи во самиот универзум.
.
Намалувањето на ентропијата не значи и промена на стрелката од нејзиното движење, нели? Стрелката (психолошката, космолошката и термодинамичката) ќе останат исти и непроменети: нема да тргнат „на назад„ кон минатото.
Универзумот, кога навистина би ентропирал како целина, тогаш не би бил Универзум („Космос„=ред, убавина, поредок..) туку некои од мудрите би му нашле посоодветно име. На пример, би го нарекле „Опчи каос„.[DOUBLEPOST=1434961807][/DOUBLEPOST]
Да, во случај да не знаеше, адаптација и прилагодување се синоними.
А можеме да ги наречеме и „еуфемизми„, не?
[DOUBLEPOST=1434961928][/DOUBLEPOST]
Еволуцијата не може да е погрешна, затоа што таа е појава која ја набљудуваме, т.е. имаме веќе видено како еден вид преминува во друг. .
А зашто да не си дозвлиме слобода на размишљање и да кажеме дека еволуцијата е „лага која трае„?
Преминувањето на едев вид во друг може да се постигне само со ликовен/сликарски приказ на тој премин.[DOUBLEPOST=1434962094][/DOUBLEPOST]
Тоа што може да е грешно е механизмот по кој се случува еволуцијата. Но ако мутациите се секогаш деструктивни, тогаш како се појавуваат нови видови на вируси и бактерии, ако не преку мутации. Кај бактериите и вирусите промените можат да настанат само преку мутации, затоа што таму не доаѓа до парење (мешање на два организми со различни гени), туку едноставно се случува копирање на постоечката ДНК/РНК. Новите видови настануваат кога таа ДНК се изменува преку грешка во копирањето, т.е. мутација.
.
Бактериите не мутираат, туку напросто дел од нив преживуваат и го продолжуваат својот род со проста делба од келиите.
Грешката во копирањето на спиралата од ДНК е фатална за идните генерации, оти продуцира деформиран пород, кој, ако продолжи да живее, ќе даде уште подеформирани идни генерации.[DOUBLEPOST=1434962257][/DOUBLEPOST]
И те молам ако знаеш, пиши ми линк или референца за овој трудов кој го наведе, затоа што не можам да најдам нигде на интернет дека постои некој таков труд.
Не сум љубител на „клипови и линкови„, но еве, читни ги прикачениве документи, како за почеток...