Прашања до Атеистите II

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Атеизмот не е став. Не ти треба став за да си атеист. Штом не постои верување, од било која причина, тоа е тоа.
Јас сметам дека е. Свесна одлука е верувањето или не верувањето во нешто.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
гностик теист или гностик атеист?
Ама се уплетка сега....спротивно од барем еден бог постои што е?
читај цел текст.[DOUBLEPOST=1401030640][/DOUBLEPOST]
Јас сметам дека е. Свесна одлука е верувањето или не верувањето во нешто.
а дигитрон имаш ли? Свесно или несвесно, неверување е неверување. Не мора да има одлука.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
гностик теист или гностик атеист?
читај цел текст.[DOUBLEPOST=1401030640][/DOUBLEPOST]а дигитрон имаш ли? Свесно или несвесно, неверување е неверување. Не мора да има одлука.
Значи мислиш дека е постебно само да не/верува, ништо друго? На пример знаење, свест.....:)
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
470
Поени од реакции
462
Јас сметам дека е. Свесна одлука е верувањето или не верувањето во нешто.
Чисто прашање на дефиниција.
Атеизмот е отсуство на став, неубеденост за да се изгради став, немање причина и повод за да се има тој одреден став.
Во отсуство на позитивен став и позитивни докази, ништо не ја спречува таа индивидуа да си има негативен став како основа на претходното, ама тоа не е инхерентно или неопходно дел од атеизмот.
За активно и свесно преземање на одлука може да зборуваме ако има конклузивни конфликтни информации кои се еднакво убедливи за индивидуата.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Чисто прашање на дефиниција.
Атеизмот е отсуство на став, неубеденост за да се изгради став, немање причина и повод за да се има тој одреден став.
Во отсуство на позитивен став и позитивни докази, ништо не ја спречува таа индивидуа да си има негативен став како основа на претходното, ама тоа не е инхерентно или неопходно дел од атеизмот.
За активно и свесно преземање на одлука може да зборуваме ако има конклузивни конфликтни информации кои се еднакво убедливи за индивидуата.
Како мислиш “атеизмот е отсуство на став“? Или “неубеденост да се изгради став“?
Вака зборуваш општо, јас би рекол дека атеизмот е отсуство на некое религиозно мислење или религиозени стави и поединката си гради сосема ново мислење или нов став врз основа на докази и мислења спротивни од религиозните. :)
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
а дигитрон имаш ли? Свесно или несвесно, неверување е неверување. Не мора да има одлука.
Сметачот се важи?:icon_lol:

Сметам дека одлука се носи. Моментот кога одреден поим ќе се спомне градиме став кон истиот. Доколку не сме ни слушнале за одредено нешто не можеме да донесеме одлука за истото. Така и малите деца. Баш им е гајле за целиот театар наречен бог,вера и религија.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
гностик теист или гностик атеист?
Aj по незнам кој пат...
Гностик(значи не оние класични гностици како есените) ти е некој што знае.
Верници се атеистите и теистите...они ја немаат таа среќа да знаат.
Како успеваш да поврзеш верување со знаење не ми е јасно.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Или во конкретниов случај, што би знаело бебето?
Да речеме има девет месеци, и е малку понапредно. Му викаш гладно си?
И да речеме се вика Џони....знаеш што ќе ти одговори?
Џони е/не е гладен.
Од проста причина што знае дека не е он стварно тој што е гладен.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
470
Поени од реакции
462
Како мислиш “атеизмот е отсуство на став“? Или “неубеденост да се изгради став“?
Вака зборуваш општо, јас би рекол дека атеизмот е отсуство на некое религиозно мислење или религиозени стави и поединката си гради сосема ново мислење или нов став врз основа на докази и мислења спротивни од религиозните. :)
Атеизмот е не верување дека постои бог или божества. По дефиниција. Ништо повеќе, ништо помалку.Толку.
Во различни временски периоди и општествени околности, има и различни дефиниции за термините. Не знам колку на човека треба да му е досадно за да измислува топла вода во непродуктивни дискусии за дефиниција на термини и основи на филозофијата, за со цел на крај да извлече некој аха момент со слаба дедукција.

Гледам поназад сте дискутирале дали некој на кој не му е предизвикано неговото отсуство на став или верба, на пример кај децата, се смета за атеизам. Без да навлегувам во тоа, не ја гледам целта, само ќе повторам што кажав погоре: Атеизмот е отсуство на став, ете нека биде и верба или знаење за постоње на богови.
Од другата страна имаме постоње на верба за постоење на еден или два или повеќе богови, кое се дефинира како теизам. Ако некој потоа сака и понатаму да си го дефинира присуството на став, било да е потивен или негативен, колку му е силно или слабо, може да воведува и други термини, гностицизам, агностицизам, апатеизам и слично.
 
Болд, тоа е веќе друго. Не е исто само да кажеш остуство на став и потоа да надополниш, отсуство и на верба и знаење.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Во различни временски периоди и општествени околности, има и различни дефиниции за термините. Не знам колку на човека треба да му е досадно за да измислува топла вода во непродуктивни дискусии за дефиниција на термини и основи на филозофијата, за со цел на крај да извлече некој аха момент со слаба дедукција.

Гледам поназад сте дискутирале дали некој на кој не му е предизвикано неговото отсуство на став или верба, на пример кај децата, се смета за атеизам. Без да навлегувам во тоа, не ја гледам целта, само ќе повторам што кажав погоре: Атеизмот е отсуство на став, ете нека биде и верба или знаење за постоње на богови.
Од другата страна имаме постоње на верба за постоење на еден или два или повеќе богови, кое се дефинира како теизам. Ако некој потоа сака и понатаму да си го дефинира присуството на став, било да е потивен или негативен, колку му е силно или слабо, може да воведува и други термини, гностицизам, агностицизам, апатеизам и слично.
Toa може кај некои племиња да биде....за дете што растело во религиозно опкружување тоа некако не е веројатно.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
470
Поени од реакции
462
Toa може кај некои племиња да биде....за дете што растело во религиозно опкружување тоа некако не е веројатно.
Тоа практично е дефиницијата за атеизам. Има разлика од историски општествен пресек како ќе се дифинира терминот. Но тоа отуство на верба или став кај бебињата или кај децата не е атеизам, тоа е чиста игнорантност, непознавање на концептот за богови. Атеизам е отсуство и покрај изложеноста и познавањето на концептот. Недоволна сила и моќ тие податоци, информации да направат поместување во ставовите на индивидуата. Правете разлика од активен став на неверување кој често е пропратен на атеизмот како појава, но не е дел од самата дефиниција за атеизам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom