Не се разбравме, односно не се изјаснив доволно добро у првиот мој пост.
Стануваше збор за обука пред вработување.
Обуката во ПроКредит до ноември 2010 траеше шест месеци, никогаш не била повеќе. Од тогаш ја воведоа програмата за млади банкари која исто така трае шест месеци со можност за идно вработување. Точно е дека има шетање по филијали, ама според мене од повеќе причини, некои и позитивни.
Немој никако да се лажете во Прокредит залудно 6 месеци ке си поминете таму ке се замарате со глупости, а во цв пракса од про кредит не вреди. Јас бев на пракса и нема везе , од 20-30 луге што бевме заедно или што ги знам само 1 имаат вработено и тоа којзнае како. ГЛУПОСТИ
Не знам кога си била, ама најверојатно лажеш. Јас бев дел од првата програма за млади банкари, на почеток бевме 15 практиканти... по три месеци не намалија на 14, а по шестиот месец (јуни 2011) вработија десет души. Денес од тие во банката мислам дека се останати 5 души, точно е дека има голема флуктуација на кадри. Јас немав врски, колку што знам и останатите немаа.
Muda se uci , gi ucat kao da zamaraat(vrtat po telefon na duznici i demek duznici) "ama gospodine ke ve molam bar da uplatite xxxx denari , vo sportivno (nekoja glupa zakana)" > Moli dete ....moli , pari na Sv.Nikad ke vidish.Neka se javi glavnata tetka neka moli (na koja toa i e rabota).
Не е точно дека ова го прават сите, јас никогаш не сум вртел на телефон за враќање на долг во текот од 19 месеци колку што бев таму. Точно е дека се инсистира на голема редовност во плаќањата и знаат да бидат напорни, ама затоа имаат најмала стапка на ненаплативи кредити од сите банки во земјава.
Знам дека малце е застарена темава, ама еве да напишам и збор два што мислам за програмата. Сметам дека од истата имаат корист и банката, а и учесниците. Банката ги намалува трошоците за обука со оглед на тоа што порано ги вработуваше и шест месеци ги обучуваше своите кадри пред да ги пуштат да работат. За тоа време ги плаќаат и речиси полна плата. А вака со тие пари ќе можат да плаќаат по слободна пресметка тројца млади банкари/практиканти. Потоа активно се вклучени во сите дејствија на своите практиканти, имаат увид во нивниот развој и подобро можат да утврдат дали имаат потреба од истите и понатака. На почеток беше планирано да има по две групи годишно од програмата, ама изгледа им се заарни па во текот на годината имаше четири програми. Е што добиваат младите банкари... програмата е поделена на два дела, три месеци посветени на воведот во банкарството, и наредните три месеци пракса, и тоа пракса која не вклучува само копирање на документи (се разбира дека некогаш и тоа ќе го правите). Банкарите се на 8-часовни предавања секој работен ден. Првиот ден е ориентационен, запознавање на учесниците меѓусебно и со неколку вработени од врвниот и среден менаџмент. Во наредните две-три недели има обука за основна и бизнис математика и полагање на истите. И двата теста се елиминаторни доколку не ги положиш со 60%. Потоа има предавање за сметководство за кредитни аналитичари и сметководство од аспект на банката, па уште еден тест кој исто така беше елиминаторен. Со оглед на тоа што и тестовите за влез се прилично ригорозни немаше паднати после тестовите по математика и сметководство. После тоа имаше еднонеделни предавања општо за банката, запознавање со секој сектор, за нас тие беа на англиски, ама мислам дека тоа го променија во наредните групи. После тоа имавме обука за платен промет од две недели и пракса за овој дел, на крај завшрувајќи со тестирање за овој дел. Исто така и двонеделна обука за кредитни аналитичари, практична работа во некој од одделите за кредитирање и тестирање за таа тематика. При практичниот дел постојано имаш ментор и морам да признаам дека имав прилично добри ментори, иако имаше колеги на кои не им се погодуваа. Дали било вистина или тие биле субјективни во одлуката не можам да знам, сепак станува збор за различни карактери. После периодот практикантот врши еваулација на менторите, исто така и менторите за практикантот. После тоа имавме и една недела со професорка по англиски, на која истиот и беше мајчин јазик и имаше интересни методи за учење/совладување на истиот. Откако ќе помине периодот на првите три месеци, се прави пресек, се утврдува профилот на практикантот, за која позиција најдобро одговараат. Со оглед на тоа што со колегите бевме по 8 часови заедно, лично сметам дека имаше промашоци кај некои профли, иако мене ме поставија за пракса на позицијата на која јас и самиот се пронаоѓав, а искрено можев и најмногу да научам. Мислам дека тие три месеци ми беа едни од подобрите во банката... Секојдневно се судруваш со финансиски и бизнис анализи, ти даваат да работиш на финансиски извештаи, од ден на ден ги запознаваш се подобро „цаките“ на анализата, развиваш некој аналитички начин на размислување, почнуваш да ги поврзуваш бројките во билансите, да ги толкуваш показателите, итн, итн... чат пат и некој документ ќе ископираш, фала богу. Па и кога работиш ќе има денови кога ќе копираш биланси, лични карти и слични ствари. Секоја втора недела праќаш еваулација на сработеното како и за тоа како те обучува менторот и останатите од филијалата. Истото го прави и менторот (доколку не му е мака
)... Последниот месец и половина веќе и посериозно почнував да подработувам, имаше и две-три анализи кои ги сработив самиот. По поминатите шест месеци ти ја сопштуваат /не/среќната вест за тоа дали имаат потреба од тебе. Јас ја имав среќата да бидам вработен на позицијата која лично најмногу ми одговараше и на која потоа работев речиси цела година. После тоа патишата ми се разидоа. Исто така позитивно беше и искуството од новите луѓе со кои се запознаваш во текот на програмата, стварно ми останаа доста добри другари од мојата програма, од останатите програми како и од претходно вработените. Дека имаше негативни искуства фала богу дека имаше... лично прилично заглавив со факултетот во периодот додека бев таму. Дека се е сјајно како што напишав, не е... ама сум тип на човек кој не сака многу да мисли на негативностите. По филијали не шетав, ја имав таа среќа да бидам постојано во филијата каде што се вршеа сите теоретски обуки. Сметам дека програмата е одлична прилика за штотуку дипломираните студенти без заостанати испити, затоа што за време од околу година и половина само во банката полагав околу 10 испити кои се универзални за ПЦБ секаде низ светот, така да стварно станува напорно да се турка и факсот, посебно кога ќе се вработиш. Заборавив да кажам дека за младите банкари кои не се од Скопје банката обезбедува сместување кое е на прилично атрактивна локација и блиску до центарот на градот. Некои колеги имаат полоши искуства од мене, некои имаат па одлични, да не кажам перфектни. Понатака, банката праќа свои вработени на обука во Регионалната академија за ПКБ Југоисточна Европа и Африка која се наоѓа во Велес... дел од практикантите ја имаа таа среќа да бидат испратени, а пред еден месец првата практикантка која беше пратена на Академијата по година дена обуки и дипломираше. Како што кажав, оваа Програма е добра прилика, посебно ако се земе во предвид тоа што многу тешко се наоѓа работа во земјава без големо искуство или врски. Стварно многу научив и би му препорачал на секој да си ја проба среќата. Испадна подолг пост, али јбг... пауза од учење