DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Викаат дека сликата вреди 1000 зборови. Тогаш, еден испланиран ден поминат во фирма вреди еден месец предавања на факултет.
Фирмите кои се отворени за студенти-практиканти придонесуваат кон заедницата на повеќе нивоа. Тие се непроценливо школо за практикантите. Тие се мрестилиште на контакти. Перспектива за вработување и огледало на теориите кои се слушаат по предавалните.
Се поголем број фирми се интересираат за развој на програми за стажанти и практиканти. Покрај „ќарот“ кој го имаат оние во потрага по искуство, корист од праксата имаат и самите фирми кои одделуваат дел од скапоценото време на своите вработени - менторите кои ги закрилуваат практикантите. Овие фирми добиваат можност да запознаат и проверат млади, ентузијастични идни професионалци без ризикот кој е секогаш присутен при новите вработувања. Добиваат единствена можност за кревање на свесноста за својот бренд овозможувајќи директни искуства во реална деловна средина кои понатаму ќе бидат споделувани со кругот на пријатели на студентот-практикант.
Праксата е win-win ситуација за сите во кругот - бизниси, идни професионалци и образовни институции.
Еве неколку прашања за муабет:
Што мислите, што е добра пракса?
Дали би оделе на пракса?
Дали, ако сте вработени, би биле ментор на студент-практикант?
Во кои и какви фирми во земјава сметате дека вреди да се оди на пракса?